Здраво ме интересира каде да се обратам, папагалот (александар) лета 3 мали круга и почнува да диши многу гласно и тешко дури и како да му свири дишењето. На вет бевме пред две недели зошто му течеше носот и класика 2те инекции едната витамини другата лекот. И по примената терапија уште кива. Уште го чепка носот, вика и цивка тажно, не сака да го да го земе никој ( а обично од 9 до 21-22 е надвор не сака да седи во кафез), а активен е горе - доле цел ден си игра со и со игралките, но кафезот е со пердуви (го имаме 10 месеци и не сум мн запознаема со тоа дали е нормално повторно да ги менува пердувите). Див беше кога го земавме сега е питом само со нас домашните. Помош не знам каде да го носам каде што се разбираат од папагали и ми е страв да го вадам од дома зошто е ладно, плашлив е и премногу размазен. Фала ви. Среќна Нова Година.