Падот на империјата

Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Ај да ги ставиме на кантар:

Кинеската Граѓанска војна, 10 милиони жртви,
Дунган бунтот, Кина, 10-12 милиони жртви,
Освојувањата на Тимур, 17 милиони жртви,
Ан Лусан бунтот, Кина, 30+ милиони жртви,
Втората Кинеско-Јапонска војна (дел од 2СВ), 25 милиони жртви,
Манчу освојувањата, Кина, 25 милиони жртви,
Таипинг бунтот, Кина, 30+ милиони жртви, со највисоката проценка до 100 милиони жртви,
Освојувањата на Монголите, 50 милиони жртви,
Трите Кралства, Кина, 40 милиони жртви,

Слободно ставај на другата страна од кантарот што сакаш.
Конкретно мислев на агресиите извршувани врз други народи, а не и на граѓанските војни.

На примерите за освојувањата кои ги имаш спомнато додај ги и агресијата на Римската Империја врз поробените народи, па потоа колонизацијата на Америка, па колонизацијата на далечниот исток, трговијата со робови од Африка, белгискиот геноцид врз Конго, индискиот глад од 1943-1944 година предизвикан од страна на Велика Британија, геноцидот врз Абориџините и бројни други примери на кои не ми текнува во моментов.

А ако веќе говориме за агресијата врз поробените народи од страна на азиските империи, добар пример сме и ние балканските народи и помошта која братска Европа ни ја има пружено за 5-те века поминати под отоманска окупација.

Наредниот видео запис сепак е само филм, но како убаво ги има прикажано европејциве кои доаѓаат во посета на турскиот затвор, секоја им чест на режисерот и на продуцентот.

Од 31:20 до 36:20

Единствено Полјакот се заинтересира навистина да прошета низ затворот и да види во какви услови живеат затворениците - најверојатно бидејќи и самиот потекнува од држава која на почетокот на 20-от век кога се одвива дејствието во филмот, исто така била окупирана од странска сила - имено Русија, а овие другиве двајца одма си се сместија и му се посветија на овошјето.

Ептен веродостојно е прикажана помошта и грижата која ја имаме примено од братска Европа кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век во филмот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
На примерите за освојувањата кои ги имаш спомнато додај ги и агресијата на Римската Империја врз поробените народи, па потоа колонизацијата на Америка, па колонизацијата на далечниот исток, трговијата со робови од Африка, белгискиот геноцид врз Конго, индискиот глад од 1943-1944 година предизвикан од страна на Велика Британија, геноцидот врз Абориџините и бројни други примери на кои не ми текнува во моментов.
Е добро де, ете стави ги на тој кантарот и види на која страна тежи повеќе.

Или еве прво пробај надмини ги на кантарот Монголците, па после ќе зборуваме за Кинези, Јапонци, освојувања, поробувања... :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.596
Поени од реакции
26.105
Џабе си прајте со умо бајрам, и порај сите проблеми и протести, се гледа дека се царој и ќе си останат империја :)

5 милиони работни места во јуни.

Тоа другар ти Трамп...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.596
Поени од реакции
26.105
Јас искрено се надевам дека ќе победи Трамп.
Знам дека се надеваш, пошто сметаш дека прво, ќе се обрука и второ сметаш дека поарно Трамп да се обрука одколку Бајден... Ти сакаш да победи Трамп заради причина полесно да се инсталира комунизам таму :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Е добро де, ете стави ги на тој кантарот и види на која страна тежи повеќе.

Или еве прво пробај надмини ги на кантарот Монголците, па после ќе зборуваме за Кинези, Јапонци, освојувања, поробувања... :D
Извини бидејќи немам детални статистики за сите злосторства на европејците низ вековите и милениумите.

За задушувањето и подоцнежното прогонување на Евреите во 1-от и 2-от век од страна на Римјаните има измешани статистики, од 300.000 до речиси 1.5 милиони жртви.

За американските домородни народи нема официјални статистики - па кој ли би ги водел во тоа време - но наводно Ацтеките ги имало помеѓу 5 и 6 милиони народ, Маите околу 2 милиони народ, а Инките над 10 милиони народ. Сите биле десеткувани со доаѓањето на европејците на американско тло.

Во периодот од 16-от до втората половина на 19-от век, над 12 милиони африканци биле продадени во ропство, од кои се претпоставува дека над 2 милиони умреле по пат.

Наполеон Бонапарта исто така експериментирал со геноцид при задушувањето на востанијата на Карибите, па дури и со сулфурен гас за време на револуцијата на Хаити. За волја на вистината, на Наполеон му се припишуваат нешто над 100.000 жртви на Хаити од речиси 1 милионското тогашно население на Хаити, но сепак мора да му се признае иновативноста во извршување на биохемиски геноцид повеќе од 130 години пред Адолф Хитлер и Нацистичка Германија да почнат со спроведување на нивното Конечно решение за еврејското прашање.

Од европските Евреи, околу 6 милиони се истребени во Холокаустот, а Русите имаат изгубено околу 27 милиони народ за време на Втората Светска Војна - првичната официјална бројка на Јосиф Висарионович Сталин била 6 милиони, па низ децениите официјалната бројка расте како последица на отворањето на архивите кои биле недостапни за време на Советскиот Сојуз.

Ги има и безброј други за кои не ми текнува во моментов, но тоа не го менува фактот кој веќе го спомнав - европејците можат само да сонуваат дека некој ден ќе бидат светска суперсила се` додека се зависни од увоз од Индија, Кина и други држави со евтина работна сила.

Прво да ги видиме швабите, Французите, Белгијците, Холанѓаните и останатите европски бисери кои блескаат на градниот кош на старата к_рва Европа, да работат во истите услови во кои црнчат Кинезите и за истите плати за кои црнчат Кинезите, па можеби ќе можат еден ден да бидат светска суперсила - со ист животен стандард, да не речам мизерија, во кој живеат и Кинезите, Индијците, Виетнамците, Малезијците и останатите евтини за експлоатација народи од далечниот исток.

Знам дека се надеваш, пошто сметаш дека прво, ќе се обрука и второ сметаш дека поарно Трамп да се обрука одколку Бајден... Ти сакаш да победи Трамп заради причина полесно да се инсталира комунизам таму :)
Ќе те прашав кој црн комунизам, ама кога ќе погледнам одблиску, и тоа како само си во право. :pos:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Извини бидејќи немам детални статистики за сите злосторства на европејците низ вековите и милениумите.
Ок е, дури и да имаш сето тоа заедно не е споредливо со тоа што го правеле само Монголците. Убивање на цивилно население град по град, комплетно убивајќи ги сите жители на одредени градови, жени, деца, биолошки напади со трупови лансирани кон тврдини, гладови.
Германците изгледаат како ангели во споредба со Монголците.
Монголците збришале 5% од тогашното население во светот. Тогашна Персија била збришана и останала само со 10% од населението. На доста тогашни земји популацијата им била преполовена, вклучително и Кина.

Тоа е само еден релативно краток период. Ако ги ставиме и цифрите од Кинези, Јапонци, Европејците можат уште 3 000 години да убиваат и нема да ги стигнат.
 
Нема врска муабетов :) Кој колку убил, не одлучува кој е шеф сега...

Кога збориме за оправданост... услов да се стане шеф не е оправданоста, туку моќта.
 
Добро де, еве нека биде така како што велиш, азиските империи му нанеле поголеми загуби на човештвото наспроти европејските - иако статистиките не се целосни, но добро, нека биде така како што велиш.

Веројатно ќе се согласиш дека злосторствата на азиските империи сепак биле сконцентрирани на два континента, а не на 4 континента наспроти европските империи. Сепак депортирање на цели народи од една на друга страна на Атлантскиот Океан за да бидат продадени во ропство е голем зафат дури и денешни услови, а не па пред 400 и повеќе години.

И веројатно ќе се согласиш дека и кај американските и австралиските домородци населението било преполовено, кај некои домородци дури и речиси истребено - претежно поради сипаниците и други болести кои европејците ги донеле со себеси, што секако не може да се третира како биохемиски геноцид, но не го менува фактот дека дошле непоканети на континент на кој никој ниту ги барал, ниту ги очекувал, ниту го посакувал нивното присуство.

Ќе ги спомнев и територијалните проширувања на САД низ Северна Америка, како и наградите од 5 долари по глава за секој убиен домородец од Калифорнија во 19-от век и други слични геноцидни кампањи, ама американците не се европејци нели :) , па затоа нема да ги земеме во предвид.

Муабетот се однесуваше на тоа дека цивилизираните европејци не се ништо подобри од азијските варвари, геноцид е геноцид без разлика на каков начин бил спроведуван.

Поентата на @Human му беше дека сепак азиските империи извршиле многу повеќе злосторства врз многу поголеми населенија, а на мене поентата ми беше дека европејците не се ништо подобри со нивните кампањи за колонизацијата на Америка, Африка и Австралија, како и со трговијата со робови.

Како што веќе спомнав, јас не верувам во хумани освојувачи и/или хумани окупатори.

Кога сме кај моќта, истата не е баш секогаш мерило за доминантност.

Ако погледнеме во историјата, Првата Персиска Империја била светска сила во времето на малиот Аце Велики, но како што испаднало, била џин на глинени нозе и ја снемало за помалку од 15 години.

Како што веќе спомнав, ако некој на почетокот на 20-от век кажел дека за 20 години ќе се распаднат Германската Империја, Австро-Унгарската Империја, Отоманската Империја и Руската Империја, најверојатно ќе му кажеле дека не е со сите.

Сигурно и на почетокот на 1980-те години ако некој кажеше дека за 10 години ќе се распаднат Советскиот Сојуз и Варшавскиот Пакт, најверојатно ќе му кажеа дека не е со сите.

Не е работата само до моќта, туку и како истата се применува не само за да се стекне позиција на доминација, туку и за да се задржи позицијата на доминација.

Доминација преку светска трговија со производи добиени од евтина работна сила не е баш рецепт за долгорочна доминација, бидејќи како што кажал своевремено Карл Маркс, во најлош случај работниот ден може да трае максимум 24 часа, а кога капиталистите ќе го достигнат тој врв, можат да продолжат само надолу.

Истото важи и за евтината работна сила. Да - има доволно гладни голтари низ светот кои работат или би работеле за ситна боранија, но со текот на времето и нивниот број ќе се намали, дали поради миграција или поради економски раст, сепак после две до максимум три генерации, и евтината работна сила ќе биде десеткувана, а овие цивилизираниве европејци уште сега почнуваат да се запрашуваат како тоа има се помалку производство во нивната цивилизирана Европа, а со тоа се помалку работа, додека истовремено сепак има трговска размена со која богатите стануваат побогати, а сиромашните стануваат посиромашни.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Знам дека се надеваш, пошто сметаш дека прво, ќе се обрука и второ сметаш дека поарно Трамп да се обрука одколку Бајден... Ти сакаш да победи Трамп заради причина полесно да се инсталира комунизам таму :)
Па, искрено не се ни надевам на комунизам таму, туку Трамп прави големи промени, не дека знај што прави, и не дека се на арно повеќето, ама дефинитвно го променува светот. Прво се надевам дека ќе ја присили ЕУ да стани полнолетна. Второ се надевам дека ќе ја присили Кина да превземи по одговорна улога во светот. Трето самата америка се менува, и посебно се надевам дека од несакање ќе ги заеби банкариве.

И најбитното сакам Џонсон да преговара со Трамп за 'договорот' :D

Ако дојдат демократите сега се ќе се врати по старо, САД и Британија ќе продолжат да го ебаваат светот со нивните перфидни игри.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Добро де, еве нека биде така како што велиш, азиските империи му нанеле поголеми загуби на човештвото наспроти европејските - иако статистиките не се целосни, но добро, нека биде така како што велиш.

Веројатно ќе се согласиш дека злосторствата на азиските империи сепак биле сконцентрирани на два континента, а не на 4 континента наспроти европските империи. Сепак депортирање на цели народи од една на друга страна на Атлантскиот Океан за да бидат продадени во ропство е голем зафат дури и денешни услови, а не па пред 400 и повеќе години.

И веројатно ќе се согласиш дека и кај американските и австралиските домородци населението било преполовено, кај некои домородци дури и речиси истребено - претежно поради сипаниците и други болести кои европејците ги донеле со себеси, што секако не може да се третира како биохемиски геноцид, но не го менува фактот дека дошле непоканети на континент на кој никој ниту ги барал, ниту ги очекувал, ниту го посакувал нивното присуство.

Ќе ги спомнев и територијалните проширувања на САД низ Северна Америка, како и наградите од 5 долари по глава за секој убиен домородец од Калифорнија во 19-от век и други слични геноцидни кампањи, ама американците не се европејци нели :) , па затоа нема да ги земеме во предвид.
Поентата е дека сите убивале, освојувале, окупирале кога имало шанси за тоа. Едноставно тоа е природниот тек на заедниците. Од кога постои човекот, од племиња, градови, држави, судирите меѓу нив ќе постојат. Оние посилните, повлијателните секогаш ќе настојуваат да доминираат. Било тоа да е воено, економски, политички...
Европјаните тука не се разликуваат многу од било кои народи на планетава. Само посочив дека на тој кантарот се далеку од некои други.

Но има нешто во што се најдобри, развојот, науката, образованието.
Некаде во Средниот век, скоро сите народи се наоѓаат на некое слично ниво на развој, но само Европјаните почнуваат да напредуваат. (Напредувале и претходно, но религијата замешала прсти). Преку изуми, научни откритија, образование доаѓаат до големи откритија кои водат до нивна експанзија. Каде се во тоа време Индијците, Кинези, Јапонци, Маите, и останати?
Од 15, 16 век започнува експанзијата и доминацијата на Европјаните (денес доминантно се населени на 4 континенти) овозможена од развојот на науката. Од тогаш до денес се лидери во секое поле на човековиот развој.
Тоа е нивниот придонес. За убивање сите се добри. За развој, не баш.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.596
Поени од реакции
26.105
Ако дојдат демократите сега се ќе се врати по старо, САД и Британија ќе продолжат да го ебаваат светот со нивните перфидни игри.
Ептен се сврти ти а?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Бреи како и препишавте пропаст на една нуклеарна сила како тоа да е работа веќе завршена... а една Северна Кореја со 7-10 нуклеарни боеви глави, со никаква економија и тоталитарен режим никако да се распадне плус на сето тоа е оставена сама на себе.
Дај бе не си правете бајрам на мозок, док некоја држава поседува оружје кое што може да загрози и направи огромна штета никој не ја чепка... немирите од внатре ке ги средат за час посла, на овој или оној начин зависи кој добие на избори.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.884
Поени од реакции
7.264
Ептен се сврти ти а?
Откако пиеше тамифлу, друг човек е, а републиканци го произведуваат, па види сеа ти.
Тоа со банкарите сеуште не му е јасно, ама млад е има време. Можда со второ пиење ќе му се разјасни (пу пу скраја да е, не мислам ништо лошо)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom