Ок е, дури и да имаш сето тоа заедно не е споредливо со тоа што го правеле само Монголците. Убивање на цивилно население град по град, комплетно убивајќи ги сите жители на одредени градови, жени, деца, биолошки напади со трупови лансирани кон тврдини, гладови.
Германците изгледаат како ангели во споредба со Монголците.
Монголците збришале 5% од тогашното население во светот. Тогашна Персија била збришана и останала само со 10% од населението. На доста тогашни земји популацијата им била преполовена, вклучително и Кина.
Тоа е само еден релативно краток период. Ако ги ставиме и цифрите од Кинези, Јапонци, Европејците можат уште 3 000 години да убиваат и нема да ги стигнат.
Добро де, еве нека биде така како што велиш, азиските империи му нанеле поголеми загуби на човештвото наспроти европејските - иако статистиките не се целосни, но добро, нека биде така како што велиш.
Веројатно ќе се согласиш дека злосторствата на азиските империи сепак биле сконцентрирани на два континента, а не на 4 континента наспроти европските империи. Сепак депортирање на цели народи од една на друга страна на Атлантскиот Океан за да бидат продадени во ропство е голем зафат дури и денешни услови, а не па пред 400 и повеќе години.
И веројатно ќе се согласиш дека и кај американските и австралиските домородци населението било преполовено, кај некои домородци дури и речиси истребено - претежно поради сипаниците и други болести кои европејците ги донеле со себеси, што секако не може да се третира како биохемиски геноцид, но не го менува фактот дека дошле непоканети на континент на кој никој ниту ги барал, ниту ги очекувал, ниту го посакувал нивното присуство.
Ќе ги спомнев и територијалните проширувања на САД низ Северна Америка, како и наградите од 5 долари по глава за секој убиен домородец од Калифорнија во 19-от век и други слични геноцидни кампањи, ама американците не се европејци нели

, па затоа нема да ги земеме во предвид.
Нема врска муабетов

Кој колку убил, не одлучува кој е шеф сега...
Кога збориме за оправданост... услов да се стане шеф не е оправданоста, туку моќта.
Муабетот се однесуваше на тоа дека цивилизираните европејци не се ништо подобри од азијските варвари, геноцид е геноцид без разлика на каков начин бил спроведуван.
Поентата на @
Human му беше дека сепак азиските империи извршиле многу повеќе злосторства врз многу поголеми населенија, а на мене поентата ми беше дека европејците не се ништо подобри со нивните кампањи за колонизацијата на Америка, Африка и Австралија, како и со трговијата со робови.
Како што веќе спомнав, јас не верувам во хумани освојувачи и/или хумани окупатори.
Кога сме кај моќта, истата не е баш секогаш мерило за доминантност.
Ако погледнеме во историјата, Првата Персиска Империја била светска сила во времето на малиот Аце Велики, но како што испаднало, била џин на глинени нозе и ја снемало за помалку од 15 години.
Како што веќе спомнав, ако некој на почетокот на 20-от век кажел дека за 20 години ќе се распаднат Германската Империја, Австро-Унгарската Империја, Отоманската Империја и Руската Империја, најверојатно ќе му кажеле дека не е со сите.
Сигурно и на почетокот на 1980-те години ако некој кажеше дека за 10 години ќе се распаднат Советскиот Сојуз и Варшавскиот Пакт, најверојатно ќе му кажеа дека не е со сите.
Не е работата само до моќта, туку и како истата се применува не само за да се стекне позиција на доминација, туку и за да се задржи позицијата на доминација.
Доминација преку светска трговија со производи добиени од евтина работна сила не е баш рецепт за долгорочна доминација, бидејќи како што кажал своевремено Карл Маркс, во најлош случај работниот ден може да трае максимум 24 часа, а кога капиталистите ќе го достигнат тој врв, можат да продолжат само надолу.
Истото важи и за евтината работна сила. Да - има доволно гладни голтари низ светот кои работат или би работеле за ситна боранија, но со текот на времето и нивниот број ќе се намали, дали поради миграција или поради економски раст, сепак после две до максимум три генерации, и евтината работна сила ќе биде десеткувана, а овие цивилизираниве европејци уште сега почнуваат да се запрашуваат како тоа има се помалку производство во нивната цивилизирана Европа, а со тоа се помалку работа, додека истовремено сепак има трговска размена со која богатите стануваат побогати, а сиромашните стануваат посиромашни.