Падот на империјата

Член од
17 август 2011
Мислења
9.894
Поени од реакции
17.720
Ајде сега ниту историјата не ги поистоветува византиското царство со Римската империја... Еве ај да речеме Византија... Византија после Василиј втори престанала да е империја и државата само подсетувала на некогашната слава...
Византија е модерен термин, луѓето таму си се сметале за римјани.. Нејсе, која држава била нивен конкурент и кога? Василиј е 10ти век, ете од 2000 години постоење, 1000 и кусур биле неприкосновена суперсила.
Муабетот ми е дека наративот за распад на Рим што го учиме е наметнат од британски историчари кој сакале да го објаснат нивниот пад. Нема правило како империите се распаѓаат, сите се уникатни случаи. Исто ќе биде и со САД. Може утре да пукне граѓанска војна и да се распаднат, може ќе тераат уште илјада години во различна форма.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.724
Поени од реакции
26.265

Да во секој случај, неизвесно е како ќе се распадне... Но и да има граѓанска војна тоа не значи дека државата САД ќе се распадне, можеби евентуално да изгубат некоја територија да се намалат... Но како и да е влијанието во дадениов момент им слабее и тоа неверојатно многу брзо.

Но и све тоа не значи дека на крајот нема да успеат да се консолидираат и да продолжи све да е по старо.. Еве ти ја пример Руската империја... Прво поминала една ептен крвава граѓанска војна и продолжила да биде светска сила во Советската ера.. а Еве ја постсоветска Русија застанува на нозе и станува светска сила.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.905
Поени од реакции
7.297

Така пукале граѓански војни, од нигде никаде. Нема претходно причини и процеси кои доведуваат до такво нешто. Народ едноставно се буди и вика од денес ќе се убиваме....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.724
Поени од реакции
26.265
Така пукале граѓански војни, од нигде никаде. Нема претходно причини и процеси кои доведуваат до такво нешто. Народ едноставно се буди и вика од денес ќе се убиваме....
Граѓанските војни секогаш, ама баш секогаш се случуваат од интерес на тесна група, желна за моќ. Таа група ги користи и потенцира незадоволставата на критична група луѓе и ги злоупотребува во таа војна.... Граѓанските војни освен патња не донеле никаков просперитет.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.894
Поени од реакции
17.720
Така пукале граѓански војни, од нигде никаде. Нема претходно причини и процеси кои доведуваат до такво нешто. Народ едноставно се буди и вика од денес ќе се убиваме....
Зборам хипотетички. Влечеш паралела врз сосема различни случаи.
Да во секој случај, неизвесно е како ќе се распадне... Но и да има граѓанска војна тоа не значи дека државата САД ќе се распадне, можеби евентуално да изгубат некоја територија да се намалат... Но како и да е влијанието во дадениов момент им слабее и тоа неверојатно многу брзо.

Но и све тоа не значи дека на крајот нема да успеат да се консолидираат и да продолжи све да е по старо.. Еве ти ја пример Руската империја... Прво поминала една ептен крвава граѓанска војна и продолжила да биде светска сила во Советската ера.. а Еве ја постсоветска Русија застанува на нозе и станува светска сила.
Не глеате објективно. По сите параметри на САД им иде бојље него на Русија. Државата има подобра демографија, економија, немаат нестабилни региони како русите и сите соседи им се пријателски расположени. Путин може да е способен лидер, да изигра 10 пати добро наспроти нив ама џабе коа картите се тие. Дури мислам дека ги оставија слободно да дишат за да се фокусираат на други поголеми закани како Кина.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.724
Поени од реакции
26.265
Не глеате објективно. По сите параметри на САД им иде бојље него на Русија. Државата има подобра демографија, економија, немаат нестабилни региони како русите и сите соседи им се пријателски расположени. Путин може да е способен лидер, да изигра 10 пати добро наспроти нив ама џабе коа картите се тие. Дури мислам дека ги оставија слободно да дишат за да се фокусираат на други поголеми закани како Кина.
Чекај сега, јас не реков дека Русија го презеде приматот. Русија ја кажав чисто како пример, дека на два пати империјата била пред распад, па не се распаднала... И како паралела ја повлеков и САД, дека кризава не значи по автоматизам пад на империјата.

Моментално е таква проекцијата, силата на САД опаѓа последните години, силата на Русија(воена) и Кина(економска) од друга страна расте. Во најдобар случај на САД тоа значи баланс... При таков баланс, дури е многу полесно за нив да ги менаџираат стварите внатрешно, кои дефакто последните 10тина години им излегоа од контрола. Но од друга страна тоа веќе значи крај на светската доминација.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.026
Поени од реакции
4.825
Чудни времиња се ова - не стигна клетвата, да живееш во интересно време.

Се отвара тема со наслов за можен распад (според мене се повеќе изгледи има распадот да биде успешен, сеуште е рано ама кон тоа се движат работите) на империјата, а при тоа се внесува Балканот како нестабилно подрачје, како земјите на Балканот самите да избрале да бидат предмет во нечии игри?

За жал од од цели 3 страни не прочитав ништо ново или нечие лично видување што особено се цени, ама тоа е.
Во главно се поделија улогите едните се за зачувување на империјата и заради тоа не се свесни за настаните кои го доведуваат во прашање опстојот на империјата, склони се да измислуваат секакви приказни само за да им опстане империјата.
Така неоправдано се напдана членот @stratUs, му се импутира дека тој говори дека моралната декаденција во империјата ќе ја распадне, што е неточно затоа што тој само укажа дека декадентноста на имеријата дополнително ќе го забрза тој процес... (му се држат лекции како да тој не знае како настанала денешната корпорација со име САД, дека САД е плод и почива врз еден од најголемите историски познати геноциди)

Процесот на распаѓање на империјата е предизвикан пред се од судирот со Кина (пред се во економската сфера) и Руската Федерација(судирот на енергетските правци но и влијанието на Блиски исток) но и од други процеси (идејата на УК да создаде сопствена импреија која ќе се темели на клубот 5 очи, затоа и се напушти четвртиот рајх) кои веќе подолго го тресат светот...
кризата со коронава само дополнително придонесе и го забрза процесот и падот на империјата,...
над 40 милиони ново невработени сигурно не придонесуваат кон стабилизација и зачувување на имеријата туку напротив кон нејзино понатамошно распаѓање,...
пукањето на полицијата сигурно не е стабилизација на имеријата, впрочем ниту во една земја пукање во полиција и војска не се смета за протест туку за загрозување-тероризам или објава на војна на опстојот на таа држава,...
потикнувањето на граѓанската војна нема врска со никакви избори (Трамп и Бјаден се во улога нешто слично како Груки и Црпе што беа кај нас) ама ако вие сакате така да верувате верувајте ваш проблем,...
граѓанската војна се сака да се искористи за постигнување на нова рамнотежа во светот и таа граѓанска војна треба старата имерија да ја донесе во позиција да не “таласа многу“ и да не прави проблеми во постигнувањето на новата рамнотежа, а ако прави може да и се случи “раздружување“.
Така што, ако се случи-дојде до граѓанска војна во САД, слободно може да речеме дека таа држава повеќе нема да постои - да се помолиме за неа!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.894
Поени од реакции
17.720
Чекај сега, јас не реков дека Русија го презеде приматот. Русија ја кажав чисто како пример, дека на два пати империјата била пред распад, па не се распаднала... И како паралела ја повлеков и САД, дека кризава не значи по автоматизам пад на империјата.

Моментално е таква проекцијата, силата на САД опаѓа последните години, силата на Русија(воена) и Кина(економска) од друга страна расте. Во најдобар случај на САД тоа значи баланс... При таков баланс, дури е многу полесно за нив да ги менаџираат стварите внатрешно, кои дефакто последните 10тина години им излегоа од контрола. Но од друга страна тоа веќе значи крај на светската доминација.
Според мене Сад не го губи влијанието према Русија и Кина, туку према регионалните сили кој немаат веќе потреба да бидат во суперблокови, бидејки немаат друг суперблок како СССР да им биде закана. Ќе ги земам за пример Турција, па и европјаните на чело со Германија кој сега креваат галама за се што прави Америка, а ќутеа 50 години претходно. Немаат интерес државите да и бидат потчинети на САД бидејки немаат заедничка закана. Земјите што осеќаат закана и понатака се крстат на САД, азијските земји, балтикот, полска, и тн.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.724
Поени од реакции
26.265
Според мене Сад не го губи влијанието према Русија и Кина, туку према регионалните сили кој немаат веќе потреба да бидат во суперблокови, бидејки немаат друг суперблок како СССР да им биде закана. Ќе ги земам за пример Турција, па и европјаните на чело со Германија кој сега креваат галама за се што прави Америка, а ќутеа 50 години претходно. Немаат интерес државите да и бидат потчинети на САД бидејки немаат заедничка закана. Земјите што осеќаат закана и понатака се крстат на САД, азијските земји, балтикот, полска, и тн.
Токму така, растот на Русија и Кина се должи на сосема други процеси, но не се сосема неповрзани. Како што кажа непостоењето на баланс, ги прави земјите независни од влијанието на САД... Па така во зависнот од растот на апетите на Русија и Кина, ќе се враќа и влијанието на САД во овие држави. Но ова све под услов да се стабилизира внатрешната состојба во САД.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.099
Поени од реакции
4.746
Далеку е Америка од било каков пад. Се дури имаат воена доминација низ цел свет, се додека ги контролираат битните рути за ресурси и дел од тие ресурси, а со тоа и огромно влијание врз голем број земји, немаат гајле. Немаат никаков непријател во нивна близина, армијата им е распределена на границите на најголемите потенцијални непријатели. САД ги имаат за сојузници нивните соседи кои постојано добро ги вооружуваат.

Фактори што придонесувале за пад на некоја империја се секогаш надворешни. Долготрајни и/или тотални војни пред се.

Реално не постои опција која може да ги замени САД како суперсила со доминација низ цел свет. Најблиску до тоа би била ЕУ (или некоја реформирана ЕУ, или здружена Европа).
Европа е најблиску до капацитетите што ги поседува САД, воено, политички и во ресурси. Најголемиот проблем им е разединетоста внатре во Европа, делумно заради влијанието на САД.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466

Хмм... Се предвидува дека Кина ќе ја надмине Америка во БДП до 2030. Веќе се повлекуваат од Германија, и доста реално е да ја изгубат континетална Европа како сојузник ако ЕУ стане воена сила а можеби ќе стане и непријател... Тоа уште повеќе ќе ги притисне американците за уште поголем воен буџет ако сакат да си ја одржат хегемонијата... а не треба да се занемарат и внатрешните проблеми, политичката разединетост и губењето волја да се понашат како полицаец во светот.
Моќта на САД е во проектирањето моќ низ цел свет и одржувањето сојузници... а полека веќе ги губат тие способности... Мислам оптимизмот можеби ти е малку наивен...
 
Оттука и ставот на Трамп дека Европа треба повеќе да вложува во својата одбрана.
Американците пивотираат накај далечниот Исток, се поверојатно е дека ќе ја остават Европа полабава. Можеби калкулираат дека посамостојна Европа ќе биде противтежа на Русија за да можат тие повеќе да се фокусираат кон Кина.
Руското влијание во Европа влегува преку енергенсите, нафтата и гасот. Оттука, иронично ако САД успееше да го турни Асад, ќе се намалеше енергетската зависност на Европа од Русија со изградба на гасоводи Катар, С.А. кон Европа. Со тоа и повеќе ресурси ќе насочеа кон Исток. Друг удар е излегувањето на Британија од ЕУ, земја која имаше големо влијание врз односите ЕУ-Русија во корист на САД. И без тоа најверојатно ќе одат со истата стратегија.

САД немаат внатрешни проблеми. Имаат само внатрешна распределба на моќта. Надворешната политика не им се менува многу.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.268
Поени од реакции
18.093

Ако не дојди до некоја форма на граѓанска војна, а шансите за тоа се минимални, САД сепак ќе бидат најмоќна држава уште многу време.

Ова што се случува ќе заврши со прераспределба на силите во САД, можеби нов начин на функционирање на држават, но да не заборавиме дека можноста за успех на било кој од било кое малцинство, е далеку поголема, од било која друга држава во светот, па и од Европа.

Како таква држава САД уште долго ќе привлекува паметни и талентирани луѓе од цел свет. А луѓето се најбитниот капитал.

Вакви протести во Кина, Русија, и на многу други места знаеме како завршуваат. Во САД гледаме дека протестите потикнуваат реални промени, можеби се смешни, можеби се глупави, но се случуваат промени...
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Оттука и ставот на Трамп дека Европа треба повеќе да вложува во својата одбрана.
Американците пивотираат накај далечниот Исток, се поверојатно е дека ќе ја остават Европа полабава. Можеби калкулираат дека посамостојна Европа ќе биде противтежа на Русија за да можат тие повеќе да се фокусираат кон Кина.
Руското влијание во Европа влегува преку енергенсите, нафтата и гасот. Оттука, иронично ако САД успееше да го турни Асад, ќе се намалеше енергетската зависност на Европа од Русија со изградба на гасоводи Катар, С.А. кон Европа. Со тоа и повеќе ресурси ќе насочеа кон Исток. Друг удар е излегувањето на Британија од ЕУ, земја која имаше големо влијание врз односите ЕУ-Русија во корист на САД. И без тоа најверојатно ќе одат со истата стратегија.

САД немаат внатрешни проблеми. Имаат само внатрешна распределба на моќта. Надворешната политика не им се менува многу.
Да, ама најверојатно како одделни држави не како ЕУ армија. Инаку да пивотот е на исток но ми се чини дека европјаните не се во толку добри односи со америте во последно време...
ЕУ е доста повеќе од противтежа, економски се 12 пати поголеми од Русија, енергетски ми се чини Русија е позависна од Европа него обратно (им треба пазар), оваа година ќе си земаат гас од Азербајџан, а пак тоа опасното руско влијание некако не може ни низ Украина да продре...
Британија излезе највеќе поради опасностите од понатамошна ЕУ интеграција и губење независност...
Последново беше точно можеби до пред неколку години, но веќе не е така. И те како имаат длабоки внатрешни проблеми а и светот денес е доста поразличен од оној од крајот на ВСВ. Допрва ќе се менуваат многу работи...
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Незнам дали империјава ќе падни или не,ама дефинитивно се претвори во една мегалудница каде најлудите се најпочитувани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom