Чудни времиња се ова - не стигна клетвата, да живееш во интересно време.
Се отвара тема со наслов за можен распад (според мене се повеќе изгледи има распадот да биде успешен, сеуште е рано ама кон тоа се движат работите) на империјата, а при тоа се внесува Балканот како нестабилно подрачје, како земјите на Балканот самите да избрале да бидат предмет во нечии игри?
За жал од од цели 3 страни не прочитав ништо ново или нечие лично видување што особено се цени, ама тоа е.
Во главно се поделија улогите едните се за зачувување на империјата и заради тоа не се свесни за настаните кои го доведуваат во прашање опстојот на империјата, склони се да измислуваат секакви приказни само за да им опстане империјата.
Така неоправдано се напдана членот
@stratUs, му се импутира дека тој говори дека моралната декаденција во империјата ќе ја распадне, што е неточно затоа што тој само укажа дека декадентноста на имеријата дополнително ќе го забрза тој процес... (му се држат лекции како да тој не знае како настанала денешната корпорација со име САД, дека САД е плод и почива врз еден од најголемите историски познати геноциди)
Процесот на распаѓање на империјата е предизвикан пред се од судирот со Кина (пред се во економската сфера) и Руската Федерација(судирот на енергетските правци но и влијанието на Блиски исток) но и од други процеси (идејата на УК да создаде сопствена импреија која ќе се темели на клубот 5 очи, затоа и се напушти четвртиот рајх) кои веќе подолго го тресат светот...
кризата со коронава само дополнително придонесе и го забрза процесот и падот на империјата,...
над 40 милиони ново невработени сигурно не придонесуваат кон стабилизација и зачувување на имеријата туку напротив кон нејзино понатамошно распаѓање,...
пукањето на полицијата сигурно не е стабилизација на имеријата, впрочем ниту во една земја пукање во полиција и војска не се смета за протест туку за загрозување-тероризам или објава на војна на опстојот на таа држава,...
потикнувањето на граѓанската војна нема врска со никакви избори (Трамп и Бјаден се во улога нешто слично како Груки и Црпе што беа кај нас) ама ако вие сакате така да верувате верувајте ваш проблем,...
граѓанската војна се сака да се искористи за постигнување на нова рамнотежа во светот и таа граѓанска војна треба старата имерија да ја донесе во позиција да не “таласа многу“ и да не прави проблеми во постигнувањето на новата рамнотежа, а ако прави може да и се случи “раздружување“.
Така што, ако се случи-дојде до граѓанска војна во САД, слободно може да речеме дека таа држава повеќе нема да постои - да се помолиме за неа!