Се појави сведок: Украинскиот пилот Владислав Волошин го урнал Боингот - МХ17!
Среда, 24.12.2014 23:58
Свет
-Тој ден авионите летаа уште од утрото. Во втората половина на денот, околу еден час пред соборувањето на Боингот, се кренаа три “ловци”. Само еден од нив носеше ракети воздух - воздух ...
- Капетан Волошин има 30 години, а неговата воздушна единица беше прекомандувана во Днепропетровск. Тој ден, два наши авиони беа соборени. Постои голема веројатност, особено ако двата авиони биле соборени пред негови очи, тој да реагирал од страв и несоодветно. Можеби во паника, или за освета, да го ракетирал Боингот. Можеби и помислил дека е борбен авион ...
- Кога излезе од својот авион, Волошин рече: "Тоа не беше тој авион!" Еден пилот тогаш го праша: "А што е со оној авион?" Тој одговори: "Тој се најде во погрешно време на погрешно место"...
Ова е е сведочењето на тајниот сведок од Украина кое го објави најпродаваниот московски дневен весник "Komsomolskaya Pravda". Тој тврди дека малезискиот "Боинг 777" на летот MH17, над Донбас во Украина, го урнал украинскиот воен пилот - капетанот Волошин!
Претходно, во редакцијата на рускиот весник пристигнал таен сведок од Украина, кој условно (од безбедносни причини), во статијата е именуван со името Александар. Тој ја открива вистината за она што се случило на 17 јули. Неговото сведочење целосно ги отстранува сите сомнеж од борците на самопрогласената Донецка Независна Република и од Русија.
Еве како тече разговорот помеѓу тајниот сведок и новинарот на "Komsomolskaya Pravda":
Каде се наоѓавте дента кога беше соборен Малезискиот Боинг?
Бев во Днепропетровск, во селото Авјаторскоје. Таму има цивилен аеродром. Но, во тоа време таму имаше армиски ловци и хеликоптери. Авионите полетаа. Ловците Су-25 ги бомбардираа бомбардираа Донецк и Лугањск. Тоа траеше подолго.
Дали овие авиони летаа секој ден ?
Да, секој ден.
По која основа претпоставувате дека овие авиони имаат врска со трагедијата на Боингот?
Од неколку причини. Од осумте авиони кои беа на аеродромот, само две носеа ракети воздух-воздух. Тие им беа прикачени и спремни...
Зошто? Дали се спремале за воздушна битка?
Ракетите ги носеа за да можат да се одбранат во воздухот. За секој случај. Инаку, тие најчесто носеа бомби за цели на копно.
Добро, тогаш што точно се случи на 17 јули?
Тој ден авионите летаа уште од утрото. Во втората половина на денот, околу еден час пред рушењето на Боингот, полетаа три ловци. На точното време не се сеќавам. Само еден од нив носеше ракети воздух-воздух.
Занчи вие сето тоа лично го видовте?
Да.
Каде точно се наоѓавте?
На територијата на аеродромот. Нема да ви откријам попрецизно од тоа.
Значи сте имале можност да видите што се монтира на Су-25 авионите? Зарем неможевте да ги измешате ракетите воздух-воздух со оние воздух-земја и да имате погрешен впечаток за тоа кои се испалени, а кои не се?
Не можев да ги измешам. Тие се различни по големина, по крилата и по боите. Многу е лесно да се направи разлика. Во секој случај, по кратко време, се врати еден од трите авиони.
Две биле соборени. Како што ми кажа, некаде во источниот дел на Украина. Се врати оној кој ги носеше ракетите воздух - воздух.
Се врати без ракти?
Без ракети. Неговиот пилот беше многу уплашен.
Дали го знаете тој пилот, дали тогаш лично го видовте?
Да.
Дали тој бил само во авионот?
Да, тоа е авион едносед.
Го знаете ли неговото име?
Се вика Владислав, капетан е. Капетанот Волошин се врати.
И што се случи следно?
Тој се врати без ракети.
Зошто ве изненадило тоа што нема ракети, имајќи предвид дека авионот се враќа од воена задача? Зошто овие ракети не ги вбројувате во основниот "борбен комплет"?
Овие ракети се монтираат по специјална команда. По правило, командата имаше став тие ракети да не се дигаат во воздухот за џабе, затоа што и така се тешки за летање ... Тие ракети никогаш до тогаш не биле закачени... Тие беа “отпишани”, но нивниот рок на траење, една недела пред случајот со Боингот, беше продолжен и покрај тоа што многу години не се користеле.
Значи ги закачивте тој ден?
Не, едниот авион цело време стоеше со ракетите прикачени на него.
До тоа време тој не леташе?
Не, но тој ден се пушти ... Значи, се врати без ракети ... Да. Јас не го познавам многу тој пилот, а можно е, особено ако другите два авиони биле соборени пред негови очи, тој да реагирал во паника и да направил грешка. Можеби и од страв или за да се одмазди за загубата... па тука некаде се појавил Боингот и настрадал. Можеби помислил дека се работи за борбен авион...
Дали тие ракети кога ќе се лансираат сами бараат цел?
Не. Пилотот прво утврдува цел, па ја лансира ракетата...
На што уште се сеќавате? Што тогаш велеше тој пилот?
Кога излезе од авионот рече: "Тоа не беше тој авион!" Еден друг пилот тогаш го праша: "А што е со оној авион?". Тој одговори: "Тој се најде во погрешно време на погрешно место" .
Колку е искусен тој пилот? Колку години има?
Волошин има околу 30 години. Неговата единица се пресели од Николаев, во Днепропетровск каде што беа прекомандувани...
Дали за инцидентот со Боингот се разговараше меѓу пилотите?
Сите такви обиди за разјаснување беа запрени и пригушени.
Кога се дозна за Боингот, што се случи со тој пилот, капетанот Волошин?
Летовите продолжија. Пилотите не се променија...Продолжи да лета.
Тој тип на ракети воздух-воздух на колкава растојание од метата експлодираат? Можеле ли да го погодат трупот и внатре да експлодираат?
Сè зависи од модификацијата. Може да биде директен погодок, а може и да експлодира на 500 метри од целта.
http://grid.mk/read/news/509342180/9426215/izleze-svedok-raketi-vo-maleziskiot-boing-ispali-ukrainski-pilot-vladislav-voloshin