Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата templar55
  • Време на започнување

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.646
Поени од реакции
35.510
Хахаха... офлеле, класичен Спароу.

- Не негира дека САД имаат официјални воени планови за фолс флаг операции каде ќе се соборуваат цивилни авиони.
- Не негира дека тие планови се одобрени од нивниот врховен генералштаб, со сите печати и потписи.
- Не негира ништо од постоењето на сето тоа (а и како би негирал, кога документите се официјално објавени).

- СЕ ФАЌА ЗА РАЗНИ ТЕХНИЧКИ МОМЕНТИ!!! :D
...во надеж да го пренасочи муабетот во заглупувачки детали кои ќе ја убијат секоја желба на читателите за следење на дискусијата (и ситуацијата). Класична стара и испробана тактика на западната меинстрим медиа. ;)
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Документите денес имаш можност да ги читаш благодарение на америчката влада која сама ги декласифицира.

Секоја држава користи методи на deception, не се американците ни први ни последни. Но ти сакаш да не убедиш дека сакале да срушат авион полн со невини цивили, што не е точно.

Претходно ти постирав линк од случај кога русите сами си гранатирале свој пограничен град, како претекст да почнат војна. И?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.436
Поени од реакции
43.276
Документите денес имаш можност да ги читаш благодарение на америчката влада која сама ги декласифицира.

Секоја држава користи методи на deception, не се американците ни први ни последни. Но ти сакаш да не убедиш дека сакале да срушат авион полн со невини цивили, што не е точно.

Претходно ти постирав линк од случај кога русите сами си гранатирале свој пограничен град, како претекст да почнат војна. И?
немало да им биде прв авион
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.646
Поени од реакции
35.510
Хмм... се деградирала дискусија затоа што некој не сака луѓето конечно да ја видат шумата, ами да се буљат во неколку од најблиските од дрвата.
Врабец Подробниот... Кога иде втора смена, што не одмориш малку а?

Во меѓувреме, во на друго место во светот:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.319
Поени од реакции
15.489
ПА НЕЛИ БЕА СИГУРНИ КОЈ ГО УРНА АВИОНОТ:tapp:

Кој го урна MH17? За одговорот на ова прашање нудиме 30 милиони долари!

17.09.2014 | 17:29
Извор: Точка
Прочитано: 2181 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


Покрај пари, Wifka на личноста со "вистинските одговори" и' нуди и нов идентитет.


Германската компанија "Wifka", за истражување на измамите во осигурувањето понудила 30 милиони долари награда за оној кој ги има информациите за уривањето на авионот на Malaysia Airlines кој кон средината на јули се урна во Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипаж. Wifkaја ангажирал анонимен клиент.


"По ужасната катастрофа, сите политички партии во земјата и во странство им се извинувале на жртвите, нивните семејства и јавноста бидејќи им го должат разрешувањето на околностите за падот, но разрешување нема", објавила Wifka на својата страница.

Да се потсетиме, авионот од Амстердам летал кон Куала Лумпур, а урнат е на 17-ти јули додека летал над источна Украина, областа каде што моментално траат конфликтите помеѓу украинската регуларна војска и проруските сепаратистички сили. Утврдено е дека е погоден со проектил, но не и кој го испалил, украинската или проруската страна.


Wifka ги бара следните информации и докази: Кој го урна MH17, кој ја издал наредбата, кој ги прикрива доказите, кој е директно одговорен, што се случило со војниците кои пукале на авионот и имињата на луѓето кои биле одгворни за прикривање на целиот случај.

Покрај пари, Wifka на личноста со "вистински одговори" и' нуди и нов идентитет. Агенцијата препорачува заинтересираните да бидат крајно внимателни и да ги контактираат преку адвокат за да договорат состанок.

Комуникацијата преку телефон или електронска пошта не се препорачува.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.646
Поени од реакции
35.510
Член од
13 септември 2007
Мислења
13
Поени од реакции
7
Секоја држава користи методи на deception, не се американците ни први ни последни. Но ти сакаш да не убедиш дека сакале да срушат авион полн со невини цивили, што не е точно.
Спароу, не биди смешен, на Американците не им беше никаков проблем да исценираат фалс флег од размерот на 11-ти септември, Малезискиот лет е пис оф кејк за нив.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
УКРАИНСКАТА СЛУЖБА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На шефот на СБУ му се „испуштило“ дека на местото на несреќата на МХ17 има проектил што го има само Киев
Советот за безбедност на Украина денеска соопштил дека на местото на остатоците на малезискиот авион што беше соборен над Украина можно е да се најдат делчиња од проектил Бук-М. Сепак, конкретниот проектил што бил споменат го има само Украина, велат претставници на руската армија

Истрагата на несреќата на боингот 777-200 што се случи во јули ќе биде завршена кога ќе се најдат остатоците од проектилот Бук-М, рекол Валентин Наливајченко, шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ), за една украинска телевизија.

Украина ќе ги исполни своите обврски и ќе ги идентификува сторителите, кои ќе ја сносат одговорноста и ќе ја надоместат штетата за соборувањето на авионот со 298 патници и членови на екипажот, рекол Наливајченко.

„Тоа ќе бидат руски војници што употребиле проектил Бук-М“ за да го соборат патничкиот авион, рекол тој.

Извор од рускиот Генералштаб за новинската агенција РИА новости рекол дека ова веројатно случајно му се „испуштило“ на Наливајченко и открива дека Украина поседува модернизирана верзија на овој советски систем за воздушна одбрана.

Во почетокот на 1980-тите одбранбената индустрија на Советскиот Сојуз почнала да произведува Бук-М1, исклучително ефикасен ракетен одбранбен систем со среден дострел.

Голем број од системите Бук-M1 биле стационирани на западните граници на земјата, на територијата на три региони во Советската Социјалистичка Република Украина.

По падот на Советскиот Сојуз сите тие системи останале во Украина и Киев денес поседува не помалку од 70 вакви системи, рекол изворот на РИА новости.

Руската армија има над 350 Бук-M1-2 и Бук-М2 ракетни системи, а најновите модифицирани верзии настанале дури откако Украина во 1991 година стана независна, со падот на СССР. Руските модифицирани верзии влегле во употреба кон крајот на 1990-тите години и сега целосно ги имаат заменето постарите, советски ракетни системи.

Рускиот воен експерт истакнал дека Русија нема „модернизирани“ Бук системи за воздушна одбрана.

Русија поседува над 350 Бук ракетни системи, од кои сите се најнови верзии на Бук M1-2 и Бук М2, рекол тој.

„Кога господинот Наливајченко вели ‘модернизирани Бук’ системи, тој веројатно мисли на системите за воздушна одбрана што беа надградени во украинската одбранбена индустрија. Знаеме дека Украина работи во оваа насока“, изјавил изворот и додал дека информациите за модернизацијата на украинските Бук-системи биле потврдени во јуни на веб-страницата на украинското Министерство за одбрана, на која било објавено дека почнуваат да се употребуваат реновираните ракетни системи.

Ова се случило само неколку недели пред боингот 777-200 на Малезија ерлајнс да биде соборен во украинскиот воздушен простор на 17 јули.

Според извор во рускиот Генералштаб, секоја неовластена модификација на електрониката само би ѝ наштетила на комплицираната воена опрема, зашто би ја намалила прецизноста на оружјето.

Првично, сите Бук-системи за воздушна одбрана што ги има Украина беа произведени во високобезбедносниот Истражувачки инструментациски институт во московскиот регион.

Конфузијата и недоследноста во одговорите на Наливајченко не оставаат никаков сомнеж дека тој споменал план што дефинитивно не бил развиен од СБУ, туку бил донесен од нивните странски ментори“, рекол изворот од Генералштабот. „Ова е големо ‘избрборување’ на Наливајченко.“

На денот кога беше соборен малезискиот авион, 156-тиот САМ-полк на Украина изврши неовластено лансирање проектил, вонредна состојба што е под истрага во СБУ, а очигледно властите во Киев ја премолчуваат“, изјавил претставникот.

„Не треба да бидете гениј за да ги склопите коцките на оваа загатка и да сфатите каква слика се обидува да ни продаде господинот Наливајченко“, рекол изворот од рускиот Генералштаб.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
„СајберБеркут“ на Интернет објави таен извештај за паднатиот Боинг
15:19 12 октомври 2014
Украинските воени лица тајно добиваат материјали од истрагата за соборувањето на Боингот, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на информациите објавени на интернет-страницата на организацијата „СајберБеркут“.

Хакерите на Интернет објавиле извештај од началникот на ПВО единиците на Украина, полковник Игор Зорин за истрагата за падот на малезискиот Боинг, чија содржина укажува на постоење „посебни односи“ меѓу комисијата за истрага на падот на авионот и украинската војска.

Меѓу другото, во документот кој хакерите го објавиле се наведуваат карактеристики на воената техника со која е соборен малезискиот патнички авион.

http://mk.rbth.com/news/2014/10/12/sajberberkut_na_internet_objavi_taen_izvestaj_za_padnatiot_boing_37871.html
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.646
Поени од реакции
35.510
BND утврдил фалсификати во истрагата и вина на бунтовниците за падот на MH17

http://vesti.mk/read/news/3500989/1250450/bnd-utvrdil-falsifikati-vo-istragata-i-vina-na-buntovnicite-za-padot-na-mh17
Всушност, точниот превод од статијата во Шпигел не е „утврдил„, туку ете „заклучил дека има индиции„ за одговорност на бунтовниците. Во превод, ништо ново од аспект на докази (истите фингирани ЦИА фотошопирани фотографии).
И не најмалку важно „откритиево„ искача во јавност веднаш после бламажата со посетата на Путин. ;)

Еве конкретно која терминологија е употребена во написот, необврзувачки изјави кои во суд може да се бранат дека истите можат да значат повеќе работи:
BND President Gerhard Schindler provided ample evidence to back up his case, including satellite images and diverse photo evidence. The BND has intelligence indicating that pro-Russian separatists captured a BUK air defense missile system at a Ukrainian military base and fired a missile on July 17 that exploded in direct proximity to the Malaysian aircraft
...
Evidence obtained shortly after the accident suggested the aircraft had been shot down by pro-Russian militants.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.131
Поени од реакции
12.719
Всушност, точниот превод од статијата во Шпигел не е „утврдил„, туку ете „заклучил дека има индиции„ за одговорност на бунтовниците. Во превод, ништо ново од аспект на докази (истите фингирани ЦИА фотошопирани фотографии).
И не најмалку важно „откритиево„ искача во јавност веднаш после бламажата со посетата на Путин. ;)

Еве конкретно која терминологија е употребена во написот, необврзувачки изјави кои во суд може да се бранат дека истите можат да значат повеќе работи:

BND President Gerhard Schindler provided ample evidence to back up his case, including satellite images and diverse photo evidence. The BND has intelligence indicating that pro-Russian separatists captured a BUK air defense missile system at a Ukrainian military base and fired a missile on July 17 that exploded in direct proximity to the Malaysian aircraft
...
Evidence obtained shortly after the accident suggested the aircraft had been shot down by pro-Russian militants.
Па да, како тргнале работиве, малезискиов авион е новиот Киро Глигоров, со разликата што, за разлика од Глигоров, кој го преживеа атентатот, од малезискиот авион нема преживеани.

Во 2008 година кога излезе податок дека биле осуетени дури 3 обиди за атентат на Никола Груевски во текот на годината, од никаде се појави Љубомир Фрчкоски со неговиот "таен сведок" за атентатот на Глигоров, па целата јавност одеднаш го тргна вниманието од осуетените атентати врз Груевски и се фокусираше на тајниот сведок на Фрчкоски, кој на крајот на откри ништо ново во корист на истрагата.

Па така и сега, секој пат кога Русија и Владимир Путин ќе покажат заби, одма нови извештаи за малезискиот авион, посинхронизирани настани од временски гледна точка, здравје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom