Го погледав прилогот.
Сторијата иде отприлика овака: талентиран новинар (најверојатно 7мо колено сродство Шерлок Холмс) на бојното поле каде е срушен и Боингот од летот МН17, наоѓа мало парче р’ѓосано железо. Понесен од супериорната инутуиција - го носи тоа р’ѓосано железо кај некој неидентификуван британски „експерт„ кој фрла поглед и вели "
Yes, this looks right".
Пошто Британците се покажаа како многу објективни во кризата во Украина, таа објективност тешко можеше да се надмине - ама на нашиот репортер му успеа со наоѓање на
полски експерт (а сите знаеме дека тие се уште пообјективни). Таму полскиот „стручњак„ (всушност и тој е новинар) кажува за парчињата р’ѓа: „м’хмм да, да... овие може да се од проектил„.
Така во светло на овие „цврсти докази„, нашиот репортер користејќи ја својата супериорна моќ на дедукција (која сигурно ја наследил од славниот предок, како што кажав погоре), нашиов репортер доаѓа до „цврст„ заклучок дека
Русите го урнале цивилниот авион од летот МН17.
Ајде за момент, да претпоставиме дека сето ова не е пародија и пропаганда. Да претпоставиме дека ова е објективно парче на одлично истражувачко новинарство.
Дали бе навистина не сметаш дека сите тие силни екипи од овластени стручњаци од
западните земји, наоружани со милион пати повеќе опрема и искуство и луѓе... не ли сметаш дека во тој случај тие што ја водат истрагата веќе ќе излезеа во јавност со ваков заклучок??!?
Ако авионот е погоден од илјадници шрапнели кои лесно се идентификуваат дека се од руски (а не украински) БУК, зарем навистина сметаш дека типацов ќе направи вакво „откритие„ кое не успеваат да го направат цели екипи од истражувачи и комисии, со секакви опреми за форензичка анализа.
Се работи за очигледна пропаганда, се разбира. Ама изгледа објективноста е во акутен недостаток денес.
Алас излегував од работа за накај дома, и не ја напишав основната работа што првично сакав да ја напишам - дека сите три „извори„ (вклучувајќи го и Игорче) кажуваат различни варијации на изјавата на Бабак:
- „главниот руски пензиониран дизајнер на воени летала рекол дека СУ-25 не може да оперира на таква висина„
- „Главниот руски дизајнер на воени летала рекол дека MH17 не е урнат од ловечки авион„
„Проектил од БУК го урна MH17: вели руски воен експерт„
Поентата беше да укажам дека од авион (мала шала), дека од авион се гледа колку „слободен превод„ е употребен во „толкувањето„ на изјавата на Бабак.