Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата templar55
  • Време на започнување
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
A be shto se raspravame, neli Obama i ona moroncheto od Avstralija znaat deka Putin go sobori avionot, se udiraa vo gradi so tie obvinuvanja....se rezilat pred normalniot svet... aj da" juzame komon sens" i da ja zatvorime temava po preporaka od onaa guskata shto ja pretstavuvashe Belata Kukja na press conference Psaki , ili taka neshto, koja patem go nemashe videno izveshtajot od Ruskata kontrola na letanje ....guska, a otishla na press konferencija (gospod da chuva i da brani) Putin e vo krv do muda i mngu go boli istata od ovie moroni na zaminuvanje....[DOUBLEPOST=1416287295][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.278
Поени од реакции
15.402
Холандски весник: "Зашто е тајна истрагата за MH17?"

20.11.2014 | 19:03
Извор: Точка
Прочитано: 967 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Холандската влада одбила да објави детали од тајниот пакт на членките на Здружениот истражен тим, кој се занимава со истрага на падот на малезискиот авион MH17.

Според пишувањето на Russia Today, доколку сите земји учеснички, вклучувајќи ја и Украина, не бидат согласни да се објават податоците, истите ќе останат во тајност.

Russia Today до ова сознание дошле откако на холандскиот весник "Elsevier" му бил забранет пристапот до податоците од истрагата за падот на авионот во источна Украина, при што загинале 298 лица.

Во истражниот тим има претставници од четири држави, односно Холандија, Белгија, Австралија и Украина.

"Ова е неверојатно...Како може Украина, една од двете држави осомничени за соборување на авионот, да биде вклучена во тој договор за тајност?", навел Холанѓанецот Јан Флуиткетел за дневникот Malaysia Today.

На истражниот тим бил оневозможен пристап до местото на падот на авионот, па така истрагата ја водел од Холандија, и дошол до податоци дека "MH17" паднал откако бил погоден од поголем број проектили.

Сепак, повеќе од овие информации не се дојдени до јавноста, па така сè уште трае меѓусебното обвинување на Русија и Украина околу одговорноста.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.278
Поени од реакции
15.402
Се појави сведок: Украинскиот пилот Владислав Волошин го урнал Боингот - МХ17!
Среда, 24.12.2014 23:58 Свет
-Тој ден авионите летаа уште од утрото. Во втората половина на денот, околу еден час пред соборувањето на Боингот, се кренаа три “ловци”. Само еден од нив носеше ракети воздух - воздух ...

- Капетан Волошин има 30 години, а неговата воздушна единица беше прекомандувана во Днепропетровск. Тој ден, два наши авиони беа соборени. Постои голема веројатност, особено ако двата авиони биле соборени пред негови очи, тој да реагирал од страв и несоодветно. Можеби во паника, или за освета, да го ракетирал Боингот. Можеби и помислил дека е борбен авион ...

- Кога излезе од својот авион, Волошин рече: "Тоа не беше тој авион!" Еден пилот тогаш го праша: "А што е со оној авион?" Тој одговори: "Тој се најде во погрешно време на погрешно место"...

Ова е е сведочењето на тајниот сведок од Украина кое го објави најпродаваниот московски дневен весник "Komsomolskaya Pravda". Тој тврди дека малезискиот "Боинг 777" на летот MH17, над Донбас во Украина, го урнал украинскиот воен пилот - капетанот Волошин!

Претходно, во редакцијата на рускиот весник пристигнал таен сведок од Украина, кој условно (од безбедносни причини), во статијата е именуван со името Александар. Тој ја открива вистината за она што се случило на 17 јули. Неговото сведочење целосно ги отстранува сите сомнеж од борците на самопрогласената Донецка Независна Република и од Русија.

Еве како тече разговорот помеѓу тајниот сведок и новинарот на "Komsomolskaya Pravda":

Каде се наоѓавте дента кога беше соборен Малезискиот Боинг?

Бев во Днепропетровск, во селото Авјаторскоје. Таму има цивилен аеродром. Но, во тоа време таму имаше армиски ловци и хеликоптери. Авионите полетаа. Ловците Су-25 ги бомбардираа бомбардираа Донецк и Лугањск. Тоа траеше подолго.

Дали овие авиони летаа секој ден ?

Да, секој ден.

По која основа претпоставувате дека овие авиони имаат врска со трагедијата на Боингот?

Од неколку причини. Од осумте авиони кои беа на аеродромот, само две носеа ракети воздух-воздух. Тие им беа прикачени и спремни...

Зошто? Дали се спремале за воздушна битка?

Ракетите ги носеа за да можат да се одбранат во воздухот. За секој случај. Инаку, тие најчесто носеа бомби за цели на копно.

Добро, тогаш што точно се случи на 17 јули?

Тој ден авионите летаа уште од утрото. Во втората половина на денот, околу еден час пред рушењето на Боингот, полетаа три ловци. На точното време не се сеќавам. Само еден од нив носеше ракети воздух-воздух.

Занчи вие сето тоа лично го видовте?

Да.

Каде точно се наоѓавте?

На територијата на аеродромот. Нема да ви откријам попрецизно од тоа.

Значи сте имале можност да видите што се монтира на Су-25 авионите? Зарем неможевте да ги измешате ракетите воздух-воздух со оние воздух-земја и да имате погрешен впечаток за тоа кои се испалени, а кои не се?

Не можев да ги измешам. Тие се различни по големина, по крилата и по боите. Многу е лесно да се направи разлика. Во секој случај, по кратко време, се врати еден од трите авиони.

Две биле соборени. Како што ми кажа, некаде во источниот дел на Украина. Се врати оној кој ги носеше ракетите воздух - воздух.

Се врати без ракти?

Без ракети. Неговиот пилот беше многу уплашен.

Дали го знаете тој пилот, дали тогаш лично го видовте?

Да.

Дали тој бил само во авионот?

Да, тоа е авион едносед.

Го знаете ли неговото име?

Се вика Владислав, капетан е. Капетанот Волошин се врати.

И што се случи следно?

Тој се врати без ракети.

Зошто ве изненадило тоа што нема ракети, имајќи предвид дека авионот се враќа од воена задача? Зошто овие ракети не ги вбројувате во основниот "борбен комплет"?

Овие ракети се монтираат по специјална команда. По правило, командата имаше став тие ракети да не се дигаат во воздухот за џабе, затоа што и така се тешки за летање ... Тие ракети никогаш до тогаш не биле закачени... Тие беа “отпишани”, но нивниот рок на траење, една недела пред случајот со Боингот, беше продолжен и покрај тоа што многу години не се користеле.

Значи ги закачивте тој ден?

Не, едниот авион цело време стоеше со ракетите прикачени на него.

До тоа време тој не леташе?

Не, но тој ден се пушти ... Значи, се врати без ракети ... Да. Јас не го познавам многу тој пилот, а можно е, особено ако другите два авиони биле соборени пред негови очи, тој да реагирал во паника и да направил грешка. Можеби и од страв или за да се одмазди за загубата... па тука некаде се појавил Боингот и настрадал. Можеби помислил дека се работи за борбен авион...

Дали тие ракети кога ќе се лансираат сами бараат цел?

Не. Пилотот прво утврдува цел, па ја лансира ракетата...

На што уште се сеќавате? Што тогаш велеше тој пилот?

Кога излезе од авионот рече: "Тоа не беше тој авион!" Еден друг пилот тогаш го праша: "А што е со оној авион?". Тој одговори: "Тој се најде во погрешно време на погрешно место" .

Колку е искусен тој пилот? Колку години има?

Волошин има околу 30 години. Неговата единица се пресели од Николаев, во Днепропетровск каде што беа прекомандувани...

Дали за инцидентот со Боингот се разговараше меѓу пилотите?

Сите такви обиди за разјаснување беа запрени и пригушени.

Кога се дозна за Боингот, што се случи со тој пилот, капетанот Волошин?

Летовите продолжија. Пилотите не се променија...Продолжи да лета.

Тој тип на ракети воздух-воздух на колкава растојание од метата експлодираат? Можеле ли да го погодат трупот и внатре да експлодираат?

Сè зависи од модификацијата. Може да биде директен погодок, а може и да експлодира на 500 метри од целта.
http://grid.mk/read/news/509342180/9426215/izleze-svedok-raketi-vo-maleziskiot-boing-ispali-ukrainski-pilot-vladislav-voloshin
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Очекувана реакција после тврдењата на холандска телевизија дека имаат фотографии кои докажуваат дека БУК земја-воздух ракета го соборила авионот.
http://www.nltimes.nl/2014/12/23/new-mh17-photos-suggest-surface-air-missile-launch-separatists/
http://www.rferl.org/content/new-competing-claims-on-downing-of-mh17/26760591.html

Интересно како ги наоѓаат ‘сведоциве‘ неколку саати откако во јавност ќе излезат нови информации и докази за уривањето на МХ17.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.799
Поени од реакции
42.418

абе игорче аман со тој бук, кои докази ти нудат холанѓаните, неколку фабрикувани слики?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.294

Очекувано избегнување да коментираш директно за некоја работа, секогаш вниманието мора да се обидеш да го свртиш на нешто друго. Трол лвл9к, еве дури и јас зборувам за твоето тролање наместо за фактот дека се појавил сведок што се нафаќа да сведочи на некој иден судски процес.

Упс... извини, можеби друг пат ќе ти учинам работата да иде во офтопик без да ја вратам назад на колосек. Иначе, не знам дали спомнавме дека после сите фотошопирани фотограции и „неоспорни„ јутјуб видеа, СЕ ПОЈАВИЛ СВЕДОК, ЖИВ КОНКРЕТЕН СВЕДОК? М’хмм??
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
абе игорче аман со тој бук, кои докази ти нудат холанѓаните, неколку фабрикувани слики?
Имаш слики од БУК-от во близина на местото на уривање, имаш изјава од руска телевизија која известува дека е соборен украински АН-26 транспортер во времето кога авионот беше соборен и искористија снимки од падот на МХ17, имаш видео непосредно по уривањето каде што локални жители спомнуваат ракета, имаш првичен извештај кој ги поддржува тврдењата за земја-воздух ракета, имаш прес-конференција пред неколку дена на истражувачкиот тим кои изјавија дека нашле шрапнели кои не припаѓаат на авионот во тела на жртви што покажува дека се работи за голема ракета, да продолжам?

А од друга страна, имаш лаги и манипулации од руската пропаганда.
Ти одлучи во што ќе веруваш.

Се избацува сведок 5 месеци, еееј, 22 недели по уривањето одеднаш се појавува сведок кој тврди дека украинците го собориле авионот, а ти ми збориш за тролање.

Рускава идиотска пропаганда не е само тролање, навреда на интелект е.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Резултатите од истрагата ќе бидат објавени некаде околу август 2015.
200 претставници од најзасегнатите држави се дел од истражниот тим - Холандија, Малезија, Австралија, Украина и Белгија.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
абе игорче аман со тој бук, кои докази ти нудат холанѓаните, неколку фабрикувани слики?
Патем, заборавив да дополнам дека баш русите се тие што докажано и проверено доставија фотошопирани фабрикувани слики од сателитска снимка. И тоа прилично почетничко фабрикување.

Барем сведоков е доволен да ја залажат јавноста дома.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.799
Поени од реакции
42.418
Патем, заборавив да дополнам дека баш русите се тие што докажано и проверено доставија фотошопирани фабрикувани слики од сателитска снимка. И тоа прилично почетничко фабрикување.

Барем сведоков е доволен да ја залажат јавноста дома.
само кога искачаат докази се јавуваш:D
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.991
Поени од реакции
13.182
Се појави сведок: Украинскиот пилот Владислав Волошин го урнал Боингот - МХ17!

http://grid.mk/read/news/509342180/9426215/izleze-svedok-raketi-vo-maleziskiot-boing-ispali-ukrainski-pilot-vladislav-voloshin
Поминал и на детектор за лаги сведоков според денешните вести.
Побарано е и пилотот исто така го помине истиот детектор за лаги.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Очекувана реакција после тврдењата на холандска телевизија дека имаат фотографии кои докажуваат дека БУК земја-воздух ракета го соборила авионот.
http://www.nltimes.nl/2014/12/23/new-mh17-photos-suggest-surface-air-missile-launch-separatists/
http://www.rferl.org/content/new-competing-claims-on-downing-of-mh17/26760591.html

Интересно како ги наоѓаат ‘сведоциве‘ неколку саати откако во јавност ќе излезат нови информации и докази за уривањето на МХ17.
Или обратно, регуларното хранење на јавноста со докази од типот “скоро па ништо“ служи единствено за формирање на јавното мислење во насока која им одговара.
Да беше поинаку немаше да се поиграваат со сензационалистички наслови и слики од сомнително потекло, кога во прашање се човечки загуби.

Очекувано избегнување да коментираш директно за некоја работа, секогаш вниманието мора да се обидеш да го свртиш на нешто друго. Трол лвл9к, еве дури и јас зборувам за твоето тролање наместо за фактот дека се појавил сведок што се нафаќа да сведочи на некој иден судски процес.

Упс... извини, можеби друг пат ќе ти учинам работата да иде во офтопик без да ја вратам назад на колосек. Иначе, не знам дали спомнавме дека после сите фотошопирани фотограции и „неоспорни„ јутјуб видеа, СЕ ПОЈАВИЛ СВЕДОК, ЖИВ КОНКРЕТЕН СВЕДОК? М’хмм??
Ванлок, ако сакаш и понатаму да земаш учество на темава корегирај си го начинот на кој се справуваш со мислењата на спротивставениот табор.
Да, знаеме дека Игорче си лепи тоа што му одговара, но ни ти не помагаш доколку постојано се занимаваш со Игорче наместо со тоа што го постира.

Имаш слики од БУК-от во близина на местото на уривање, имаш изјава од руска телевизија која известува дека е соборен украински АН-26 транспортер во времето кога авионот беше соборен и искористија снимки од падот на МХ17, имаш видео непосредно по уривањето каде што локални жители спомнуваат ракета, имаш првичен извештај кој ги поддржува тврдењата за земја-воздух ракета, имаш прес-конференција пред неколку дена на истражувачкиот тим кои изјавија дека нашле шрапнели кои не припаѓаат на авионот во тела на жртви што покажува дека се работи за голема ракета, да продолжам?

А од друга страна, имаш лаги и манипулации од руската пропаганда.
Ти одлучи во што ќе веруваш.

Се избацува сведок 5 месеци, еееј, 22 недели по уривањето одеднаш се појавува сведок кој тврди дека украинците го собориле авионот, а ти ми збориш за тролање.

Рускава идиотска пропаганда не е само тролање, навреда на интелект е.
Еј чекај, да не мислиш дека заборавивме за кои слики станува збор :)
Интепретирање на информации со цел докажување на замислена вина е исто што и шпекулативно клеветење. Мислам дека несериозно е воопшто да се расправа за ова кога ниту величенствениот Запад не може ефективно да ги докаже своите тврдења.

Она што ти го напиша, можеби и ќе беше земено како најверодостојна верзија, доколку немаше други докази кои не одговараат на целосната слика.
Затоа ајде да разговараме за мислењата и на останатите експерти, за дупките од куршуми, за намерното наведување на авионот од страна на контролорот, за сателитските снимки на руската армија кои досега и понатаму не беа ниту еднаш мериторно оспорени, освен со лакрдија, како и сите досегашни лажни слики, фотошопи, изјави и бомбастични наслови за руска инвазија со тенкови и сл. која никогаш не се оствари?

Заради овие горенаведени примери не може да се верува на сценариото кое го претпочиташ. Селективно нагласување на одредени наводи, а истовремено игнорирање на многу други не води кон решавање на овој случај.
А доколку некој силно притиска тоа да се прифати без критичко мислење, значи дека тој има нешто да сокрие.

Фактите се следни, Русите се многу самоуверени во својата верзија, а Западот досега не приложи вистински докази освен политичко искористување на трагедијата без вистинска волја да се разреши.
Доколку постоеја еднозначни докази за вина на Русија, досега ќе беа изложени и осудата ќе паднеше многу тешко на нив, но доколку вината е на другата страна, тоа ќе ја оконча подршката на европската јавност и Западот ќе мора да отстапи од своите неосновани планови за трупање на војска и непријателска реторика.

Ете, гледаме подолго од пола година сеуште само се води информативна војна и шпекулирање, со цел овозможување на НАТО плановите, се’ додека е сомнежот за руска вина актуелен, тие ќе имаат изговор за своето дејствување.
 
Дупки од куршуми? Да не мислиш на наводните дупки од 20мм противавионски топ? Големо мнозинство на аналитичари кои ги истражиле сликите достапни за јавноста се согласуваат дека дупките од шрапнели се константни со тие од земја-воздух ракета. Доволно е и да се споредат слики од штета која нанесува СУ-25 ловец и да се види дека штетата на МХ17 е далеку поголема и дека многу поголема ракета го урнала авионот.
Намерно наведување, менување на курс и навидно намалување на височина од страна на украинската контрола на летање е докажано како неточно според првичниот извештај на истражувачкиот тим кои ги имаат црните кутии, аудио записи и транскрипти од разговори на украинската и руската контрола на летање. Да го прочиташе извештајот ќе знаеше.
Сателитски снимки на руската армија? Да не мислиш на радарски снимки на руската армија? Сателитски снимки не беа покажани на нивната прес-конференција, освен ако не мислиш на фотошопираните сателитски слики од руската државна телевизија. Многу податоци во таа прес-конференција беа неточни, вклучувајќи го и курсот и висината на летот и многу се сомневам во валидноста на тие тврдења.
Русите самоуверени? Русите уште од старт водат агресивна медиумска кампања со цел да ја ‘заматат водата‘. Уште од старт се избација со шпански твитераши, па со американски сателит неколку саати после објавувањето на видео од руска телевизија LifeNews во која известуваат дека сепаратистите урнале украински АН-26 транспортер, користејќи видеа од уривањето на МХ17 во изјавата, за после да ја избришат.
За Г20 самитот ги извадија фабрикуваните сателитски слики, сега после нови информации од истражувачкиот тим од земја изникнува сведок кој 5 месеца хибернирал.
Тоа ти е самоувереност?
Обична пропаганда за лажење на руската јавност и додавање на теории и сценарија за заматување на водата.

И муабетите за НАТО интервенции се тотално бесмислени, Русија не е под истрага, Русија е дел од истрагата и истражувачкиот тим, дури и да се докаже дека сепаратистите го урнале БУК-от и дека Русите им го доставиле истиот, повторно нема да има основа Русија и руската влада/армија да се држат како одговорни.

А, да, и да додадам, руската контрола за летање од Ростов го има дадено снимките од примарните и секундарните радари и на нив нема никакво летало во близина на боингот, транскриптот од разговор помеѓу украинската контрола за летање и руската непосредно по уривањето го потврдува тоа.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Неколку медиуми меѓу кои германскиот неделник Spiegel и холандскиот дневен весник Algemeen Dagblad објавија своја опширна истрага за рушењето на МХ17.
https://mh17.correctiv.org/english/
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.991
Поени од реакции
13.182
Неколку медиуми меѓу кои германскиот неделник Spiegel и холандскиот дневен весник Algemeen Dagblad објавија своја опширна истрага за рушењето на МХ17.
https://mh17.correctiv.org/english/

За малце ќе се посомневава дека е во ред .
Но откатко го видов "експеротот" Eliot Higgins, човекот кој со своите експеритизи од Лондон за малце не успеа да го изманипулира цело западно општество дека Асад користел хемиско оружје, стана јасно кој курс има фатено целата истрга.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom