- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.593
- Поени од реакции
- 11.831
Видете, и "лажењето и манипулирањето" дека си психички малтретиран, само за да победиш на суд и да ги добиеш децата е уште една форма на злоупотреба.
Сфаќам што сакате да кажете. Сопружниците лажат за многу работи пред судот, па ете некои од нив вклучително и за злоупотреба. Во суштина, луѓето постојано лажат. Мислам дека секој што треба да помине низ битка за старателство, треба да запомни дека децата секогаш треба да бидат на прво место, а не инаетот кон бившиот/бившата. Децата никогаш не треба да се користат како средство за казнување на другиот родител.
Ова секако дека не треба да биде генерализација, затоа што колку што постојат мажи и жени што лажат, исто толку постојат и мажи и жени што ја кажуваат вистината и што навистина се жртви на некаква форма на злоупотреба. Е сега можеби не секогаш постојат цврсти докази и практично во вакви ситуации сè се сведува на субјективна пресуда на судот.
Секогаш ќе има такви кои непрофесионално си ја работат работата и даваат лажни потврди или несоодветни пресуди, или не се доволно способни да препознаат било каква форма на насилство, но тоа не смее да биде причина за негирање на постоењето на истото. Ако се сомневате на такво нешто постојат надлежни каде може да го пријавите тоа.