- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 46
- Поени од реакции
- 3
ПЕКОЛОТ
(АДОТ, СВЕТОТ НА МРТВИТЕ, ОГНЕНОТО ЕЗЕРО)
(на хебрејски: шеол; на грчки: гехена; хадес)
"Кога почина сиромавиот, ангелите го одведоа на небото, каде што е Авраам. Почина и богатиот и беше погребан. Тој заврши во адот, во страшни маки, откаде што во далечините го забележа Авраама, а до него и Лазара." (Лука 16: 22-23)
"Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно
жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот." (Исус, во Откровение 1:18)
"Потоа го видов големиот бел престол и Оној што седи на него. Земјата и небото бегаа од Неговото присуство, но не најдоа место каде би се скриле од Него. Ги видов и починатите луѓе, мали и големи - сите до еден стоеја пред Божјиот престол. Прво беа отворени некои книги, а потоа и Книгата на животот. На починатите им беше судено според она што за нивните дела го пишуваше во книгите. Морето ги предаде луѓето загинати во него, а и Смртта и Адот ги предадоа умрените луѓе што тие ги држеа. На сите луѓе им беше судено според нивните дела. А потоа, Смртта и Адот беа фрлени во Огненото Езеро. Огненото Езеро е втората смрт. Секој човек чие име не се најде запишано во Книгата на животот беше фрлен во Огненото Езеро." (Откровение 20:11-15)
*******
Афоризми за Пеколот
Секој човек, што го порекнува постоењето на пеколот, го прави тоа од лични причини!
Има начин да не влезеш во пеколот, но нема начин да излезеш оттаму!
Јован 3:16 испраќа илјадници во небото; Откровение 3:16 испраќа милиони во пеколот!
Моралноста може да те спаси од затвор, но само Бог може да те спаси од пеколот!
Пеколот е вистина, но доцна се дознава!