ПЕКОЛОТ

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ах, погрешно разбрав, имав впечаток дека ги отфрлаш доказите на геологијата дека земјата е стара 4,5 милијарди години,
Никогаш не сум ја отфрлил можноста дека Земјата може да е стара 4.5 милијарди години, но не сум ја ни тврдел таа старост на Земјата. Долго време ја проучувам оваа област и се уште немам став за староста на Земјата, бидејќи сум се изначитал еден куп докази за помлада и постара Земја, за недостатоците на старосните методи што се користат и сл. А искрено и не ме засега оваа проблематика до толку, бидејќи не ја тангира мојата вера, ни во теорија, ни во пракса.

дека историја и археологија докажуваат дека Назарет не постоел во време на Исус
Сме го праеле муабетот и порано за Назарет и самиот знаеш дека има докази дека Назарет постоел во времето на Исус, не ме терај да копи-пејстирам што сум пишувал.

и дека Исус е распнат на 40 годишна возраст,
Никогаш не сум негирал дека Исус би можел да биде распнат на 40 годишна возраст, ниту пак сум тврдел дека бил распнат на таа возраст. Во твојот „доказ“ дека Исус бил распнат на таа возраст еднаш ти поставив прашање од каде ти се тие аргументи, а ти ми кажа дека си ги прочитал од некоај книга, ама не ти текнува од каде. Тоа не е солидна аргументација.

дека не веруваш во сродноста на човекот и мајмуните, свињата и глушецот
Не знам што подразбираш под „сродност“, но сигурно не верувам дека тие имаат заеднички предок, дека се братучеди и сл. Науката не го вели тоа. Тоа го велат еволуционистите.

и дека не ги прифаќаш учењта на православаа и(ли) католичката црква...

Се разбира дека не ги прифаќам тие учења. Јас сум библиски христијанин и како авторитативни ги прифаќам само учењата на Исус и апостолите, запишани во Светото Писмо.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Никогаш не сум ја отфрлил можноста дека Земјата може да е стара 4.5 милијарди години, но не сум ја ни тврдел таа старост на Земјата. Долго време ја проучувам оваа област и се уште немам став за староста на Земјата, бидејќи сум се изначитал еден куп докази за помлада и постара Земја, за недостатоците на старосните методи што се користат и сл. А искрено и не ме засега оваа проблематика до толку, бидејќи не ја тангира мојата вера, ни во теорија, ни во пракса.

Сме го праеле муабетот и порано за Назарет и самиот знаеш дека има докази дека Назарет постоел во времето на Исус, не ме терај да копи-пејстирам што сум пишувал.

Никогаш не сум негирал дека Исус би можел да биде распнат на 40 годишна возраст, ниту пак сум тврдел дека бил распнат на таа возраст. Во твојот „доказ“ дека Исус бил распнат на таа возраст еднаш ти поставив прашање од каде ти се тие аргументи, а ти ми кажа дека си ги прочитал од некоај книга, ама не ти текнува од каде. Тоа не е солидна аргументација.

Не знам што подразбираш под „сродност“, но сигурно не верувам дека тие имаат заеднички предок, дека се братучеди и сл. Науката не го вели тоа. Тоа го велат еволуционистите.

Се разбира дека не ги прифаќам тие учења. Јас сум библиски христијанин и како авторитативни ги прифаќам само учењата на Исус и апостолите, запишани во Светото Писмо.
ооо полека чекор по чекор се доближуваш до нормалниот разумен и реален свет, ееее гледаш дека се исплати што дискутираше со мене, кога викаше “Историја не постои се се тоа лажни записи и фалсификувани податоци“ па за геологијата, дека некои елементи во гранитот докажувале дека земјата не е постара од 6000 години, па дека нема апсолутно никаква сличност меѓу човек и било кое суштество... па ко ме праша ои денес во зоолошките градини не настануваат луѓе од мајмуни како шѕо тврдеше дарвин (па полека ти објаснив дека теорија на еволуција не тврди дека човек настанал од мајмун туку дека се сродни...)
голем пат изоди и сум горд на тебе!
 
Полека, полека, лесно е да се клевети, потешко е да се аргументира. Она што најмногу ми се допаѓа на овој форум е што мислењата, еден час откако се напишани не можат да се избришат. Значи сè што сме збореле е тука на форумов, пребарливо во опцијата за пребарување, а исто така и на Google. Повели пребарај ги моите постови и цитирај ме каде јас тоа сум тврдел:

- дека историја не постои и се се тоа лажни записи и фалсификувани податоци?
- дека нема апсолутни сличности меѓу човек и било кое суштество
- дека сум те прашал „оти во зоолошките градини не настанувале луѓе од мајмуни ко што тврдел Дарвин“ или цитирај ме дека воопшто сум тврдел дека ја разбирам еволуцијата во смисла дека луѓе настанувале од мајмуни.

А тоа дека има старосни методи што тврдат дека Земјата не е постара од 6000 (или 10.000) години сум го тврдел и се уште го тврдам како што пишав во горниот пост, цитирам:
Долго време ја проучувам оваа област и се уште немам став за староста на Земјата, бидејќи сум се изначитал еден куп докази за помлада и постара Земја, за недостатоците на старосните методи што се користат и сл

Ако не ме цитираш за она што ме клеветиш, доблесно и етички би било од тебе да се извиниш за клеветите.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183

bmrhgj

Neumoren
Член од
1 мај 2009
Мислења
198
Поени од реакции
35
Uceni, VE MOLAM, objasnete mi ja Reverzibilnosta na pekolot?!

Ako ne znaete - rasprasajte se...

Mnogu vi blagodaram!
 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Црквата учи дека има пекол и дека тој постои вечно. Веднаш по смртта, душите на оние што умираат во смртен грев се симнуваат во пеколот, каде што се казнети со мачење во ‚вечен оган‘. Најголемата мака во пеколот е вечната одвоеност од Бог“ (КатехизамнаКатоличкатацрква, издание од 1994, страница 270).[DOUBLEPOST=1397558512][/DOUBLEPOST]Што вели Библијата? „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат... зашто во гробот [на хебрејски шеол], каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“[DOUBLEPOST=1397558802][/DOUBLEPOST]Верувањето дека пеколот е место каде што луѓето се мачат не се темели на Библијата. Напротив, тоа е паганско верување скриено зад христијанска маска. А Бог воопшто не ги мачи луѓето вечно во пекол.Бог е лјубов.
 
Последно уредено:

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
.

Точно дека Вистинскиот БОГ е Љубов, но кој Ја оддбива БОЖЈАТА Љубов, тој самиот се упатува се’ подалеку и подалеку од БОГА (Рајот)!

Единствениот излез од таа негативна тенденција и спирала е да се прифати БОЖЈАТА Вечна и Милостива Рака, Која е безкрајно повеќе дури и од секој Ангел!

Знаете Кој е Таа БОЖЈА Љубов, Таа Милостива БОЖЈА десница Рака и Нога?

Поздрав ...(y)

Извини али биди појасен со своите мислинја поздрав.
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
365
Поени од реакции
152
Пеколот е место на демони, оган, радијација, и вечно страдање. Излегувањето од пеколот е речиси невозможно. Круговите во пеколот всушност се сегменти од спирала, големи како нашата галаксија.

Чистилиштето е место на искушенија. Место за медитација. Место поблиску до пеколот, отколку до рајот. Тоа е место каде човек треба да се бори со демонот во себе, за спас од вечиот оган:).

Ако знаете да ги препознаете овие места навреме, има надеж за вас. Игнорантноста и незнаењето се привремен благослов, но клетва на долг рок.:gjavol:

:чда:
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Можно ли е рајот и пеколот да бидат едно исто - духовно постоење, кое ќе се разликува само по перцепцијата на поединецот, рај за продуховените, пекол за егоистите и материјалистите... А чистилиште, тука некаде и тоа, грешните и неискалените да се исчистат односно искалат, ако имаат волја и потенцијал...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom