Очајот на македонската љубовна сцена

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Долги текстови, мачни,сурови. Генерално точни не навлагам.

Сепак, еден збор како збирна целина на сите мислења, погодувате?

Комплекси!
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Луѓево се плашат да сакаат.
Љубов на прв поглед? Па како да постои кога за да бидеш љубен треба да поминеш низ сито и решето, кога проаѓаш невидливи тестови како спротивната би те спознала, би намирисала доверба па би си дозволила да љуби.
Добро, колку е тешко да сакаш? Сериозно?
Владее страв. Како и за многу работи, така и за нај битната. За да љубиш треба душа да отвориш, треба ранлив да станеш.. А несака, ил, хм.. неможе секој да си го дозволи тоа... Зошто.. Како... Одговори има..
Ама, лекот?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ме нејќат жените што да правам.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Немојте и форумот да го претворите во хејтерско место каде само се жалиме. Не е нешто ново потценувањето на она што се има во моментот, промискуитетот, мувањето со поише у иста вечер, one night stands etc. Можеби ново е луѓето не се срамат за да признаат. Се ова е работа на личен избор, практично секој може да прави што сака. Тука нема материјал за смртно осудување, туку за жалење зошто личноста нема изграден здрав разум. Околу плукањето на нетот како место за пронаоѓање партнери сметам дека може да биде фејк, исто како што фејк можат да бидат и разни другарства сведени на нет. Освен ако не договорите кафе после 2 нет муабети, јасно е дека по некое време ќе почнете да се вљубувате во идеализирана личност која не постои реално, која во реалниот живот може нема ни да биде добар слушател и сл. Муабетот дека во кафичи/дискотеки не можат да се упознаат луѓе не држи вода, доколку искрено се пристапи на девојка/дечко и се биде спонтан/а и ненаметлив/а, не гледам зошто не би имало интерес од другата страна, ако тој/таа е сингл. Битно е дека не може да се праи judgement имајќи пример, два. Јас баш мислам напредуваме, луѓето се послободоумни, секс муабетот не е толку табу, девојки(кои обично поише сакаат врски, бар така се смета) прифаќаат да имаат fuck buddies, врските не се сфаќаат во смисла да мораат да се одржат по секоја цена... Ама добрите работи нормално не ги гледаме и мора да се жалиме, колку да испаднеме "паметни критичари".
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.130

Абе се утепаа од муабет правење, не можат да се доназборат. Да ги прашам луѓето кога последен пат се изнаправиле муабет, уствари чекај бе ги прашав затоа и ја поставив темата.

Или "паметни контраши" што е секогаш кул и ин да се биде. Не знам како до сега ни еден не кажа дека е така.

Едино за нетот можам да кажам дека е меч со две острици, оти има многу ситуации кога го подигнал социјалниот живот ама и многу каде го отупел. Зависи како ќе го искористиш и како размислуваш.

Ситуацијата не е воопшто сјајна.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Цела пелагонија треба да се насади...
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
Многу добар муабет бато и тема на која може да се дискутира до утре!
Btw го заборави и манијачењето на слики по ФБ, аднување на секси чики со јаки слики на профил, и оставање опасни коментари на сликите...поради фактот што истите тие секси чики ги напрчиле тангите и гзовите пуни целулит, а било што женско ги пали магарињава...Не е муабетот правење паметен, или пак глумење сеир, не е нешто на кое би требало многумина да вратат со глуп хејт напад, бидејќи автоматски би се покажал сељакот(карактерот) во нив...

Е сега, мислам дека редно време е народов да почне да си ги гледа своите проблеми, а не да ја врти главата кога некој ќе помине за да собере доволно материјал за јадење гомна и слично, а во истиот момент, запоставувајќи се себе и проблемите, запаѓа уште подлабоко во сељак сферата...
Од ова тргнувам бидејќи денес, сите јаки фуфи прво ќе се навлажнат на твоето ферари, или лакосте патиче, отколку на шмекот и муабетот И секако вниманието што ќе и го посветиш, без разлика што намерата е мување, секс, вагини итн...
Но не се само женските тие кои замеруваат...машките се поголеми сваќи, баби, свекрви и алапачи од нив...замисли има миљарда примери каде ти е одбивна цура заради тртката на носот, бемка колку топче на десно рамо (ќе ти се смеат на плажа кога ќе ја шеташ), изгорена и е косата и личи на цура од ефтин унгарски порнич итн итн....

Предрасудите го прават своето, а меѓу нашата младина и општо меѓу народот е секојдневие...Вие сите живеете за другите, па после за себе, од тука се губи и самодовербата, па после ти е срам да излезеш со постара маичка, да не те серат или слично...Кога ќе научиш да се носиш со себе самиот, и најаката пичка ќе ја фатиш и се...ама мал е бројот на таквите, очигледно дека им се видела ко тешка таа задача, па удри на гомното...

Инаку, и интермецот само додава масло на оганот...па така нашиот сељак, си наоѓа алиби, да глуми тарзан пред монитор, зошто очигледно би се укочил со 2 реда муабет пред женска...
Па како бе утре ќе му кажеш на син ти/ ќерка ти кога ќе те праша кај ја упозна мама? НА кеј дури возев ролери, или у парк дури барав ризла па се најде мајка ти?....На МСН :nesvest:
И сите детални работи од врската би ги решавале преку нет, а во живо би се гледале за секс и за онака шетња....патетики!
Сето тоа води кон разделба за кратко време...и бла бла патење, лигавање и слично...

Што се однесува до бештиите (имаш пиво за зборов, најак е!), многу е лесно кога не го користиш мозокот, не зошто нејќеш, туку зошто едноставно психомоториката нема масло и не функционира за ништо друго, освен за тртење пред канон со 12 мегапиксели.

А тоа за браковите, не сум компетентен да го коментирам, но ќе бидам краток и ќе пишам дека повеќето и незрели влегуваат во брак, па може затоа срања се случуваат и децата патат највеќе...
Јас се сметам за крајно незрел околу тоа прашање и сигурно во следните 5-6 години не би се одлучил за тој чекор, без разлика што најпрво во ова ебено време мораш да обезбедиш капитал за иднината, но мораш и малку да размислуваш на поголема дистанца...а не да си правиш ќеиф на ку*от.

Поздрав.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дојдовме до точка каде потешко е да задржиш врска,од колку да најдеш работа.Ти треба целосна посветеност од 24 часа на човекот кој го сакаш и за тоа да бидеш пријавен во завод,да ти тече стаж.Многу е полесно да си сингл на ова време,веројатно тоа многумина го сфатиле и го практикуваат.Без обврска,главна окупација е влетување во врска,секс за една вечер,без љубовни испади и непотребно трошење на енергија.
Без разлика колку е љубовта голема,секојдневните калаштури влијаат таа да се распадне на ситни парчиња.Секој месец по еден комарец во врската,тоа заморува,се губи и желбата за живот,а не за врска.Со самата информација дека некој се задева,се создава тензија која ја уништува врската без разлика дали има согласност од партнерот кој е на мета или нема.А да им забраниш да ти сметаат неможеш,ова е демократија.Секој си ја бара среќата.
Лек има.Ама се лежи доживотно.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

:) Или се гине бегајќи од полиција.

Новиот век. Новата револуција. Ако преминавме од договорени бракови во слободно бирање кој да ни биде партнер на подолги патеки, сега мораме брзо да се прилагодиме на имање врска во која немаме никакво право да се чувствуваме единствени во таа врска. Не дека ми се допаѓа, но тоа е реалноста. Општо познато е дека емоциите во љубовните врски се сведени на минимум а оние кои не успеваат да ја потиснат својата желба да кажат “Те сакам“ се и оние кои го минуваат времето со дланките врз своето лице ронејќи ситни солзи и повторувајќи ја истата реченица “Зошто јас Господе?“.

Секоја затворена врата отвора нова нели, сакавме либералност, сакавме девојките да бидат лесно достапни а момците да бидат шармантни и дојдовме до точка каде конечно ја сфаќаме англиската “Be careful what you wish for, it just might get true“. Сега девојките се достапни за сите, а момците доаѓаат до секс по едноставен и проверен рецепт кој им гарантира вонбрачна авантура за миг. Веќе никој не се грижи за смислата на врската, на обврската, на правилата, никој не ја разбира смислата на моногамијата.

Во таа ситуација, секако, мораме да бидеме мудри и да се прилагодиме на сиот тој разврат кој е секаде околу нас. Некои форумџии добро знаат колку го одбивав ваквиот начин на функционирање на општеството но никогаш и не реков дека не го разбирам и дека не сум свесен за неговото постоење. Сега, сум само убеден дека од тоа нема бегање и единствено кое можам да го сторам е да се прилагодам. Ќе мораме, сите заедно да прифатиме дека формата на бракот, врската веќе не е ист и да живееме по новите правила кои генерално не постојат. Прави секој што сака, ако можеш да се вклопиш повели, ако не, помини го животот сам.
Што искрено, познавајќи ја гнасотијата на луѓето, не ми делува како толку лоша идеја.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Се додека постојат филмови како „Сексот и градот“, жените ќе преферираат развратнички живот. :wink:
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Главна причина секогаш е нетолеранцијата, себичноста, немањето разбирање. И не само во Македонија, туку општо насекаде. Луѓето мислат дека се незаменливи, дека се само си доаѓа, без да се трудат. Љубовта за сфаќаат for granted. Мислат дека е лесно да се најде нов партнер, дека идниот исто или повеќе ќе ги сака, ама нив ќе им биде поубаво. А поима немаат дека среќата е во смите нив. Дека ако сами не ги подбутнат работите, никогаш нема да им тргнат. Ако им е досадно, се жалат дека им е досадно, наместо да направат нешто поинакво. Кога се караат за глупости, забораваат да се смират онака брзо како што почнала кагата. Имаат фрази дека секогаш и континуирано партнерот не им посветува внимание или не им дава доволно љубов, а и самите го прават тоа. Уште полошо, кога се чувствуваат лошо во врската, не разговараат со партнерот за тоа, или пак не знааат како па пак се прераснува во кавга.
После многу години во врска, можам да кажам дека единствено треба да бидеш сигурен дека сакаш и дека си сакан, другото се е ситница, која со малку енергија може да биде прекрасна. АКо се водите од тоа дека во љубовта треба да се дава, тогаш давањето не е само секс:))) Давањето значи откажување од своите ситници себични, за да се направи другиот среќен.
Инатите кои мислат дека бранат свои фиктивни принципи, или дека се повеќе свои ако држат до ставот без да попуштат, немаат никакви шанси за среќа. За инатте не вреди ни да се коментира.
Свој можеш да бидеш и кога со способен за компромис.Тоа е позитивна одлика. Можноста за компромис и попуштање. Инатот е нискоинтелегентна работа која не води никаде.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
:) Или се гине бегајќи од полиција.

Новиот век. Новата револуција. Ако преминавме од договорени бракови во слободно бирање кој да ни биде партнер на подолги патеки, сега мораме брзо да се прилагодиме на имање врска во која немаме никакво право да се чувствуваме единствени во таа врска. Не дека ми се допаѓа, но тоа е реалноста. Општо познато е дека емоциите во љубовните врски се сведени на минимум а оние кои не успеваат да ја потиснат својата желба да кажат “Те сакам“ се и оние кои го минуваат времето со дланките врз своето лице ронејќи ситни солзи и повторувајќи ја истата реченица “Зошто јас Господе?“.
Посесивноста сеуште се смета за рак на врската.Од таа причина,плашејќи се да не станеш гњаватор во сопствената врска,на сите оние од страна почнуваш да се насмевнуваш што се обиделе да ти го земат она што е твое.И така со насмевка и разговор,доаѓаш до заклучок дека најголемиот морон во светот си всушност ти,бидејќи на никој не му е гајле дали ти си спиел навечер или си плачел до утро.Да биде уште потрагично,ја потиснуваш љубомората и посесивноста зошто сметаш дека немаш право некој да го нарекуваш „свое“.
Како резултат на тоа,полека почнуваш да ги отвараш вратите,кај и да е некој ќе влезе.А кога ќе влезе,веќе е касно.
Убаво е ова што го зборам да го разбираат двајцата партнери,но денес тешко оди тоа.Затоа палката во рака и чекај на вратата :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom