Очајот на македонската љубовна сцена

А

Антоние

Гостин
Како прво, да споменам дека ваквите феномени немаат никаква врска со моменталните општествени системи во кои се наоѓа општеството. Ова нема никаква врска ниту со капитализам ниту со комунизам. Истиве ефекти ќе ги најдете и во двата системи.

Ова е предизвикано од моралот. Тој суперфицијален (површен) систем од вредности кој ги тера луѓето да идат наспроти нивната природа за да задоволуваат глупи општествени стандарди.

Општеството еволуирало на многу начини за да го зачува општествениот ред. За таа цел општеството го создало срамот. Неприродниот сексуален срам е производ на нашето цивилизирано општество. На телевизија можеме да видиме како на некого му го разнесуваат мозокот по ѕидовите, но еден обичен женски газ е секогаш цензуриран. Не е ни чудо што владее ваков очај. Ние сме производ на пореметено општество полно со перверзни сексуални верувања.

Како се манифестира?

Живееме во Македонија, меѓутоа сегде е исто. Кога децата ќе доживеат пубертет, нивните родители ќе направат се што е во нивна сила за да ги спречат од имање на сексуални односи. Ги учат на срам. Одеднаш женските развиваат шмизла/кучка карактер (кој што е повеќе како одбрана). Одеднаш машките развиваат клошарски/дебилски карактер и незнаат како да се понашаат околу женски. Ова е неприродно. Сексуалната динамика не е нешто што се учи. Таа е нешто со кое што се раѓаш, но ти е одземено во текот на твојот развиток.

Добрата вест е што можеме да се ослободиме од овој срам ...
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
циклус е не се тревожете..ке помине и пак ке дојде како модата

на секоја деценија имаме периоди на разврат..па кога тоа ке земе библиски пропорции и ке преплави системот земјата или селото го имаме обратното
од згаденот вракање кон традиционалните семејни вредности...тие пак кога ке прекурчат, кога ке достигнат космички димензии на досада се стремиме кон првите, како куче кое долго време било на ланец ржеме кон развратот..се додека не се истрчаме...
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Тончи то е ок, ама што е срам?

Денес е срам жена да излезе забулена, а да пуши куреви пред влез не е срам туку е европска вистинска вредност! Гледајте по самиот форум, што се случува. После фејсбук (кој го откажав до неодамна, од прагматични причини, значи поради едно пиче, пак го активирав, и пак ќе го деактивирам - слаба личност сум значи), кафичи итн...

Европските вредности немаат врска со ова!
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Кој разврат бе? Развратот помеѓу сингл единките не постои. Умре тоа време. Развратот се дешава само меѓу партнерите кои веќе се стокмени за цел живот. А дали тој разврат е нешто укажува на отапеноста - не верувам. Едноставно нова мода некоја се дешава. Кругот се врти. Ке видиме после што ке следува.
Мислам дека проблемот за отапеноста на оваа сцена се круговите на запознавање на луѓето. Едноставно станавме општество каде што запознавање на нови луѓе доаѓа од кругот на луѓето во професијата во која се наоѓаат (работа/факултет/средно/други активности) Старомодното запознавање во бар/дискотека/кафана или слично станува ендемска работа. И кога веќе луѓето ке ги исцрпат изворите за нови познанства, се затвара кругот за потенцијални љубовни партнери и станува тотална огорченост.Плус ако таа огорченост е проследена со т.н. roll model за идниот партнер (нешто што постои на сон само) А ако се најде таков како што барале, честа појава е синдромот "досаден/дна си ми ајде да си најдам некој друг/а". И после дур се сингл цмиздрат за нов партнер. Затоа сум рекол дека мразам цури кои плачат за дечко а се пребирливи. (за машки не коментирам зашто всушност незнам со сигурност што им се дешава во нивниот љубовен живот (мачо синдромот каде што сите се ебачи пред другарите)) Развратеноста е минлива али оваа затапеност со апдејтирањето на листата на нови познанства не верувам дека ке се реши во брзо време. Дур сите си фантазираат за нови љубовни романси а одбиваат нови познанства - нема ни успеат во својот план. Мајко му стара, па не се умира ако пробаш (едино некоја венерична болест може да фатиш али тоа е друг муабет) Општествово гледано глобално отупавува. Ново познанство = Add friend, флерт = like, потенцијален партнер = location: REM period...Ахх имам и други работи али веќе ми се смачи со оваа дискусија со самиот себеси што ја имав пред некое време кога удрив во крајот на потенцијалните познанства т.е. потенцијалните партнери....
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Љубовта не постои, еве како што гледате самите... затоа план Б во животот ми е да станам порно глумец.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Иначе без страв, ова не е лошо, ако претендираме да сме антички (од онаа фела на освојувачи Александристи), ова е само една состојба.

Вака било и тогаш, и било интересно, без фејсбук и кафичи. :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ова не е ексклузивно македонска ситуација, туку глобален тренд кој кај нас каснеше поради претходното општествено уредување во кое поминавме 4 децении.

Капитализмот, драг Сусаро, капитализмот го прави тоа.
Од меѓучовечкото оттуѓувње, до моралниот релативизам и “индивидуална слобода“ кои се параван за морална ерозија и кои се неопходни за да капитализмот опстои.
Бездушен општествен систем, порано или подоцна креира и луѓе со угушени емотивни одговори.

И би пишувала сега повеќе, односно конкретно би образложила како и зошто го тврдам ова, но како вработена го немам тој луксуз. Се надевам дека подоцна ќе може да елаборирам.
Убаво. Кратко и јасно.



Но, ако постоеше љубовта немаше да исчезне, да прима влијание поради глобализацијата.
Нели како универзално, најсилно, нескротливо чуство не би требало да биде потиснато?

--- надополнето ---

Иначе без страв, ова не е лошо, ако претендираме да сме антички (од онаа фела на освојувачи Александристи), ова е само една состојба.

Вака било и тогаш, и било интересно, без фејсбук и кафичи. :)
Абе не Александар, комуњарите се криви.

Е сега, за тоа дека во странство се прават петарди (жените) вистина е.
Тргнувајќи од миграција провинција поголем град (најчесто Скопје, по факултет) забележувам разлика во однесувањето на женските индивидуи.
Веројатно тоа е поради делумната слобода која ја имале во родното место или местото каде живееле (од малограѓанските муабети - маалски оговарања за која со кој бил, како се сексала итн итн кои најчесто даваат искривена, невистинска слика за карактерот на потенцијалните љубовници), а потоа во нва средина, непознати лица, непознати за другите има тотална слобода, но се разбира се наоѓаат во многу "поопасна" ситуација.

Сум имал прилики да шетам со поголема група на луѓе и забележав дека нашите жени некако повеќе ги вреднуваат (се палат) на мажите од странство.
Веројатно мажите (овдешните мажишта) имаат огромно влијание за таквите ставови на нашите жени, но мислам дека на нашите жени им е поинтересно да бидат со странец или ако потекнува/припаѓа од некоја поразвиена држава/општество од нашето/та автоматски тој е подобар од овдешните мада има многу културни и фини момци и девојки кои неможе да дојдат до израз.

--- надополнето ---

Е сега, за кругот на познанство (кој секако отвара повеќе можности за нови потенцијални љубовни партнери) е многу широка и општа тема.
Има премногу селективност (треба да има но не во овие размери денес) при создавањето на кругот на познанството.
Таа селективност (дури и за пријателство) ја подели младината на многу групи (од социјален статус, суб - културен, идеолошки итн) кои почнаа да се затвораат и повлечуваат не дозволувајќи да се приклучат други кои не се припадници на нивниот архитип за познаник/пријател, а да не зборувам за потенцијален љубовен партнер.

Осеќам дека ваквата селективност ќе не донесе до дериџе каде младите тотално ќе се повлечат во себе и ќе се изгуби нашиот темперамент и дружељубивост (кои се одлика на нашиот менталитет).

Абе Глупам тропости, треба да станам порно глумец.. упс.. актер во филмови за возрасни, не ме слушајте мене!
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
И комунизмот не е проблем. Овакви нивоа на морал, имало пред појавата на Христијанството и пред Христијанизацијата на Европа.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како прво, да споменам дека ваквите феномени немаат никаква врска со моменталните општествени системи во кои се наоѓа општеството. Ова нема никаква врска ниту со капитализам ниту со комунизам. Истиве ефекти ќе ги најдете и во двата системи.

Ова е предизвикано од моралот. Тој суперфицијален (површен) систем од вредности кој ги тера луѓето да идат наспроти нивната природа за да задоволуваат глупи општествени стандарди.

Општеството еволуирало на многу начини за да го зачува општествениот ред. За таа цел општеството го создало срамот. Неприродниот сексуален срам е производ на нашето цивилизирано општество. На телевизија можеме да видиме како на некого му го разнесуваат мозокот по ѕидовите, но еден обичен женски газ е секогаш цензуриран. Не е ни чудо што владее ваков очај. Ние сме производ на пореметено општество полно со перверзни сексуални верувања.

Како се манифестира?

Живееме во Македонија, меѓутоа сегде е исто. Кога децата ќе доживеат пубертет, нивните родители ќе направат се што е во нивна сила за да ги спречат од имање на сексуални односи. Ги учат на срам. Одеднаш женските развиваат шмизла/кучка карактер (кој што е повеќе како одбрана). Одеднаш машките развиваат клошарски/дебилски карактер и незнаат како да се понашаат околу женски. Ова е неприродно. Сексуалната динамика не е нешто што се учи. Таа е нешто со кое што се раѓаш, но ти е одземено во текот на твојот развиток.

Добрата вест е што можеме да се ослободиме од овој срам ...
Болдираното...ЛОЛ...
Многу работи зависат од економскиот и општествен систем под кој се живее.Ако мислиш дека е исто во Амстердам,Техеран,Кабул,Лондон,Скопје...Зајас...:tapp:

циклус е не се тревожете..ке помине и пак ке дојде како модата

на секоја деценија имаме периоди на разврат..па кога тоа ке земе библиски пропорции и ке преплави системот земјата или селото го имаме обратното
од згаденот вракање кон традиционалните семејни вредности...тие пак кога ке прекурчат, кога ке достигнат космички димензии на досада се стремиме кон првите, како куче кое долго време било на ланец ржеме кон развратот..се додека не се истрчаме...
Мода? Разврат? Во Македонија нема никаков разврат а главниот проблем е акутен и вековен...неебитис...:pos2:
Разврат има по медиумите кои прават национална вест од скоро секој сексуален однос :pos2: кој се случува тука...и така се добива искривена слика за она што е во реалноста...лоботомија

Тончи то е ок, ама што е срам?

Денес е срам жена да излезе забулена, а да пуши куреви пред влез не е срам туку е европска вистинска вредност! Гледајте по самиот форум, што се случува. После фејсбук (кој го откажав до неодамна, од прагматични причини, значи поради едно пиче, пак го активирав, и пак ќе го деактивирам - слаба личност сум значи), кафичи итн...

Европските вредности немаат врска со ова!
Колку пушења курој си видел до сега пред влез? Или некој кажал нешто за некоја или некој или слушнал од некого...
i mean...come on...

Не бе, не е срам. Но под услов да има испод бурката најнов моден детаљ: 15 кила ТNТ.
Темата не е за Ал Ахса и Хезболах...туку за (не)функционирањето и квалитетот на љубовниот и сексуалниот живот на овие 25.713 км2...




Ја прекинуваме програмата да соопштиме нова вест која тукушто пристигна во нашава редакција.Во Неготино на улица таа и таа број тој и тој билое забележани сексуални активности.Се претпоставува дека сексот бил орален,како што јавуваат олевидци,а припадниците на локалната единица на министерството на воајеризмот ги потврдија најцрните сомнежи...имало пушење во Неготино...:vozbud::pos2:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Maл чекор во нашата "кон-подобро-inc" еволуција. Додавање некоја повисока замислена вредност на парите и капиталот отколку што навистина се, тивката асимилација врз таканаречената сингл лоботомирана нација од страна на фејсбук квизовите, помешани морални вредности и поставени нови стаклени приоритети. Сето тоа процент по процент придонесе до општествениот статус во кој сме заглавени, and guess what, looks like a dead end. Без интернетот ќе го немаше порното и сајберсексот, па ќе мораше да се врати вистинскиот секс. Без колите на бугарски таблички ќе го немаше синдромот мачо-мен-его и можеби лесно ќе се доаѓаше до секс. Без коментарчињата и лајковите на фб, без татините купени прада ташнички ќе го немаше синдромот недопирлива~*biAtcH*~ и пак ќе беше полесно. Нема зошто да ја кривиме ситуацијата кога самите ја креираме на прво место.

И за крај цитат од култниот филм кој ја опишува моментална насока, Idiocracy: Evolution does not necessarily reward intelligence. :wink:
 
A

ateist

Гостин
Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
епа следната фаза е да ги достигнеме Џапанезите
луѓето се запознаваат на интернет оти НЕ САКАЛЕ ДА УМРАТ САМИ .................НА 20 - 25 ГОДИНИ оти веќе знаат се од животот
.
.
..
Девет жртви на групни самоубиства во Јапонија
Договорите преку Интернет им се допаѓаат на оние што се плашат да умрат сами

Полицијата испитува дали шестте лица од Чичибу се запознале преку Интернет.
Јапонија има една од највисоките стапки на самоубиства во светот, и се смета дека договорите преку Интернет им се допаѓаат на оние што се плашат да умрат сами.
Полицијата, наводно, вчера била предупредена за инцидентот во Чичибу од случаен минувач. Кога полицајците пристигнале на локацијата во шума, ги пронашле телата на шест лица - на околу 20 години - во транспортно возило. Портпаролот на полицијата од Чичибу, Ичиро Фукумото, изјави за новинската агенција Асошиетед прес дека во возилото биле пронајдени најмалку три печки на дрвен јаглен, а прозорците биле залепени со трака. Печките - кои создаваат отровен гас јаглероден моноксид - наводно сў уште чаделе кога биле пронајдени телата.
Полицијата сў уште испитува како се запознале шестте лица, но нивниот очигледен метод на самоубиство е многу сличен на неколку други групни самоубиства договорени преку Интернет.
Друга група - едно младо момче и две жени - беа пронајдени во почетокот на неделата во близина на Хиросаки, во префектурата Аомори. Нивните тела беа пронајдени во средата, во затворен автомобил на подножјето на една планина, иако смртните случаи беа пријавени вчера. Во овој случај, трите лица се запознале во болница, и неодамна се изјасниле дека сакаат да умрат, јави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на полицијата.
Бројот на Јапонци што извршуваат самоубиство постепено се зголемува последниве години - повеќе од 34.000 Јапонци си ги одзедоа животите во 2003 година, покажуваат податоците на Националната полициска агенција. Бројот на лицата што се убија со договори за самоубиство, постигнати преку Интернет - иако сў уште е мал - значително се зголемува. Минатиот месец полицијата соопшти дека 91 лице загинале со договори во 2005 година, во споредба со 55 во 2004 година и 34 во 2003 година, од кога се водат податоци. Вознемиреноста поради зголемениот број самоубиства доведе до зголемена будност кај провајдерите на Интернет-услуги, кои сега ги пријавуваат сомнителните договори за самоубиство кај властите.

http://217.16.70.245/?pBroj=2027&stID=64083&pR=4.
.
.
.
луѓето разбираат

животот во капитализмот кој е животинско општество создадено од примитивци криминалци и одговара само за такви дегенерици НЕМА НЕКОЈА ПОГОЛЕМА СМИСЛА .

па самото сознание дека сакале неќеле се припадници на такви општества и дека непостои друг излез посегниваат дури и по својот живот .
Луѓето се повеќе ќе се отуѓуваат А бидејќи се плука по високите моралнио вредности на самоуправувањето кој не е можно да бидат заменети со посовршени туку со кримал и примитивизам тоа во иднина луѓето се повеќе ќе здивуваат и меѓунив како меѓучовечки односи ќе владеат крволочни животински односи (тоа сега веќе и е стасано де ама сеуште нема кулминација )
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Не бе, не е срам. Но под услов да има испод бурката најнов моден детаљ: 15 кила ТNТ.
Сега, шо е поарно, според тебе? Да бидиш модерна и да шмукаш кај ќе стигниш, или малце по немодерна (не мора да си забуљена) и малце по конзервативно да гледаш на тие работи.

(онака си праиме муабет, као да се наоѓаме на Вардарска плажа)

--- надополнето ---

Колку пушења курој си видел до сега пред влез? Или некој кажал нешто за некоја или некој или слушнал од некого...
i mean...come on...
На телевизија гледав пред некоја вечер. Да не имаш против тоа ти нешо?

--- надополнето ---

Maл чекор во нашата "кон-подобро-inc" еволуција. Додавање некоја повисока замислена вредност на парите и капиталот отколку што навистина се, тивката асимилација врз таканаречената сингл лоботомирана нација од страна на фејсбук квизовите, помешани морални вредности и поставени нови стаклени приоритети. Сето тоа процент по процент придонесе до општествениот статус во кој сме заглавени, and guess what, looks like a dead end. Без интернетот ќе го немаше порното и сајберсексот, па ќе мораше да се врати вистинскиот секс. Без колите на бугарски таблички ќе го немаше синдромот мачо-мен-его и можеби лесно ќе се доаѓаше до секс. Без коментарчињата и лајковите на фб, без татините купени прада ташнички ќе го немаше синдромот недопирлива~*biAtcH*~ и пак ќе беше полесно. Нема зошто да ја кривиме ситуацијата кога самите ја креираме на прво место.

И за крај цитат од култниот филм кој ја опишува моментална насока, Idiocracy: Evolution does not necessarily reward intelligence. :wink:
Еве шо убо си кажа чоекот, иако и авторот убаво си кажа, а и сите си кажаа убаво.

Не е проблемот во дијагнозата (овој пат), туку во лекот. Кој и што е лекот?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
циклус е не се тревожете..ке помине и пак ке дојде како модата

на секоја деценија имаме периоди на разврат..па кога тоа ке земе библиски пропорции и ке преплави системот земјата или селото го имаме обратното
од згаденот вракање кон традиционалните семејни вредности...тие пак кога ке прекурчат, кога ке достигнат космички димензии на досада се стремиме кон првите, како куче кое долго време било на ланец ржеме кон развратот..се додека не се истрчаме...
Има вистина во ова, само пак тоа ми изгледа некако многу условено. ОК, поаѓам од себе. :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Се одамна отишло вон контрола и нема враќање назад. И ич не ми е гајле кој што прави, нека си праат што сакаат, не мислам никому да солам памет, само нека не ми стапнат на жуљ или да не ме дирнат у нерв, друго нек се гонат кај сакаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom