Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ама, лекот?
Немојте и форумот да го претворите во хејтерско место каде само се жалиме. Не е нешто ново потценувањето на она што се има во моментот, промискуитетот, мувањето со поише у иста вечер, one night stands etc. Можеби ново е луѓето не се срамат за да признаат. Се ова е работа на личен избор, практично секој може да прави што сака. Тука нема материјал за смртно осудување, туку за жалење зошто личноста нема изграден здрав разум. Околу плукањето на нетот како место за пронаоѓање партнери сметам дека може да биде фејк, исто како што фејк можат да бидат и разни другарства сведени на нет. Освен ако не договорите кафе после 2 нет муабети, јасно е дека по некое време ќе почнете да се вљубувате во идеализирана личност која не постои реално, која во реалниот живот може нема ни да биде добар слушател и сл. Муабетот дека во кафичи/дискотеки не можат да се упознаат луѓе не држи вода, доколку искрено се пристапи на девојка/дечко и се биде спонтан/а и ненаметлив/а, не гледам зошто не би имало интерес од другата страна, ако тој/таа е сингл. Битно е дека не може да се праи judgement имајќи пример, два. Јас баш мислам напредуваме, луѓето се послободоумни, секс муабетот не е толку табу, девојки(кои обично поише сакаат врски, бар така се смета) прифаќаат да имаат fuck buddies, врските не се сфаќаат во смисла да мораат да се одржат по секоја цена... Ама добрите работи нормално не ги гледаме и мора да се жалиме, колку да испаднеме "паметни критичари".
Надминување на егото.
Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
Дојдовме до точка каде потешко е да задржиш врска,од колку да најдеш работа.Ти треба целосна посветеност од 24 часа на човекот кој го сакаш и за тоа да бидеш пријавен во завод,да ти тече стаж.Многу е полесно да си сингл на ова време,веројатно тоа многумина го сфатиле и го практикуваат.Без обврска,главна окупација е влетување во врска,секс за една вечер,без љубовни испади и непотребно трошење на енергија.
Без разлика колку е љубовта голема,секојдневните калаштури влијаат таа да се распадне на ситни парчиња.Секој месец по еден комарец во врската,тоа заморува,се губи и желбата за живот,а не за врска.Со самата информација дека некој се задева,се создава тензија која ја уништува врската без разлика дали има согласност од партнерот кој е на мета или нема.А да им забраниш да ти сметаат неможеш,ова е демократија.Секој си ја бара среќата.
Лек има.Ама се лежи доживотно.
Или се гине бегајќи од полиција.
)) Давањето значи откажување од своите ситници себични, за да се направи другиот среќен.Или се гине бегајќи од полиција.
Новиот век. Новата револуција. Ако преминавме од договорени бракови во слободно бирање кој да ни биде партнер на подолги патеки, сега мораме брзо да се прилагодиме на имање врска во која немаме никакво право да се чувствуваме единствени во таа врска. Не дека ми се допаѓа, но тоа е реалноста. Општо познато е дека емоциите во љубовните врски се сведени на минимум а оние кои не успеваат да ја потиснат својата желба да кажат “Те сакам“ се и оние кои го минуваат времето со дланките врз своето лице ронејќи ситни солзи и повторувајќи ја истата реченица “Зошто јас Господе?“.
