Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
Многу добар муабет бато и тема на која може да се дискутира до утре!
Btw го заборави и манијачењето на слики по ФБ, аднување на секси чики со јаки слики на профил, и оставање опасни коментари на сликите...поради фактот што истите тие секси чики ги напрчиле тангите и гзовите пуни целулит, а било што женско ги пали магарињава...Не е муабетот правење паметен, или пак глумење сеир, не е нешто на кое би требало многумина да вратат со глуп хејт напад, бидејќи автоматски би се покажал сељакот(карактерот) во нив...
Е сега, мислам дека редно време е народов да почне да си ги гледа своите проблеми, а не да ја врти главата кога некој ќе помине за да собере доволно материјал за јадење гомна и слично, а во истиот момент, запоставувајќи се себе и проблемите, запаѓа уште подлабоко во сељак сферата...
Од ова тргнувам бидејќи денес, сите јаки фуфи прво ќе се навлажнат на твоето ферари, или лакосте патиче, отколку на шмекот и муабетот И секако вниманието што ќе и го посветиш, без разлика што намерата е мување, секс, вагини итн...
Но не се само женските тие кои замеруваат...машките се поголеми сваќи, баби, свекрви и алапачи од нив...замисли има миљарда примери каде ти е одбивна цура заради тртката на носот, бемка колку топче на десно рамо (ќе ти се смеат на плажа кога ќе ја шеташ), изгорена и е косата и личи на цура од ефтин унгарски порнич итн итн....
Предрасудите го прават своето, а меѓу нашата младина и општо меѓу народот е секојдневие...Вие сите живеете за другите, па после за себе, од тука се губи и самодовербата, па после ти е срам да излезеш со постара маичка, да не те серат или слично...Кога ќе научиш да се носиш со себе самиот, и најаката пичка ќе ја фатиш и се...ама мал е бројот на таквите, очигледно дека им се видела ко тешка таа задача, па удри на гомното...
Инаку, и интермецот само додава масло на оганот...па така нашиот сељак, си наоѓа алиби, да глуми тарзан пред монитор, зошто очигледно би се укочил со 2 реда муабет пред женска...
Па како бе утре ќе му кажеш на син ти/ ќерка ти кога ќе те праша кај ја упозна мама? НА кеј дури возев ролери, или у парк дури барав ризла па се најде мајка ти?....На МСН :nesvest:
И сите детални работи од врската би ги решавале преку нет, а во живо би се гледале за секс и за онака шетња....патетики!
Сето тоа води кон разделба за кратко време...и бла бла патење, лигавање и слично...
Што се однесува до бештиите (имаш пиво за зборов, најак е!), многу е лесно кога не го користиш мозокот, не зошто нејќеш, туку зошто едноставно психомоториката нема масло и не функционира за ништо друго, освен за тртење пред канон со 12 мегапиксели.
А тоа за браковите, не сум компетентен да го коментирам, но ќе бидам краток и ќе пишам дека повеќето и незрели влегуваат во брак, па може затоа срања се случуваат и децата патат највеќе...
Јас се сметам за крајно незрел околу тоа прашање и сигурно во следните 5-6 години не би се одлучил за тој чекор, без разлика што најпрво во ова ебено време мораш да обезбедиш капитал за иднината, но мораш и малку да размислуваш на поголема дистанца...а не да си правиш ќеиф на ку*от.
Поздрав.