Не сум во тек кај се деси фркава со сметката ? Во Вили ? Ако е така тогаш имам слушано само лошо зборови за газдата нивни, имав и другар кој работеше таму, тежок коштаплер бил.
Инаку секаде прават така бе со сметките, кој работел со угостителство ова му е добро познато.
Пештани имам пријатели и местенцето си е топ, кога да одам Охрид го посетвам ама Пештанци се терс луѓе, не ме чуди.
Само што се вратив од таму и оваа година си јадам во гостилница Дац, пристапни цени а храната е топ.
Инаку да си кажам и некој збор два за Охрид, изгледа цела раја од балканот е моментално во Охрид, ама рој народија, колони од коли имаше по патот од Охрид со Градиште, за толкава народија Охриѓани не се спремни да угостат толкава гужва наеднаш, цело место беше во колапс, паркинг ? каков паркинг не се врвеше од коли а не паркинг да се најди, ни наплатија 150 ден а колата ја оставивме во приватен имот, до камп приколка. Нејсе ја прибравме некако колата одиме накај плажа и шо да ви кажам плева од луѓе, со стапче да врвиш низ лежалките, застануваме да купиме нешто пд трафика да се разладиме, цените како во кафич да си, вода мала 50, пиво лименка скопско 100, хајнекен 120 мислам арни се ???
Ај то нема врска, одиме да бараме место кај нема толку народ и застанати две батиња ни викаат 300 ден од чоек хахахахаха, имало нешто диџеј на џангл бич не знам ти шо. Пошто бевме со деца мали рикверц назад, си се сместивме на крај десарет милина беше таму.
Јас сваќам дека е гужва сваќам дека е лето шпиц на сезона ама онака не се работи со туризам, она е хаос, за да угостиш толку народ треба организација, а онде не се знај ни кој јади ни кој пие.