Охрид е дефинитивно прекрасен град, со ненормална магија во воздухот,едноставно не можам кога сум таму да не си поминам најубаво, секогаш гледам барем 30 дена годишно да поминам таму ( среќа што не плаќам сместување, во последните неколку години овој сегмент од економијата на градот ако може така да се нарече е во фаза на инфлација).
The duck секогаш ми го праи меракот или Cuba Libre ( горе) , а понекогаш и обичните пијанки на пристаниште или на Плаошник. Прекрасно, едвај чекам да дојде 1 мај и да се ставам 10 дена на relax таму ( и на по некоја скара на Љубаниште).
За време на летниот период е преполно со луѓе и тоа ми смета малку, најубаво ми е во мај и рана есен...Најнормално е и најмагично...