Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Лајбица, салата, помфрит, кечап и мајонез :D Ко ќе ми текнит дек то сум го јадел кај Темелко, сеа ми се повраќат.

Ехее, си го јадел, и си каснел на часот после голем одмор од толку гужва шо имаше :D
За 10 денари можеше да купиш само векна со кечап и мајонез. И то сум го јадела со сласт :D
 
Темелко почина, иначе Палма дефинитивно ги имат едни од највкусните хамбургери, ама од ко доби тровање мој другар уште пред 10 години, не одам веќе таму, иначе многу се валкани и хигиената не им е на завидно ниво.
Уште еден локал за хамбургери е Горичан :D Спроти маркет миса, на улица 7 ноември 100тина метри после автобуската. Мала трафика, меѓу охриѓани доста позната, уште кога беше сред чаршија, многу добри хамбургери- 90 денари е еден.
Иначе многу работи не чинат од туристички аспект во градов, тоа е и во целава држава наша никаква, то е тема шо ние овде на форумов не мојме да ја решиме никако.
И да, само за јадење и за пиење идате Охрид? :D
Дали е внукот на стариот Горичан, шо продаваше сладолед спроти Кладилницана до П Пантер? Највкусниот и најубав сладолед во светот го праеше.
Автоматски споено мислење:

Добро да ве прашам нешто можит?

Како треба да сте послужени за да се биде добро?

Услуга солидна ко демек се трпит ама ништо во споредба со тоа како сум послужен во.....? Кој си ти? Дан требит да ти се обраќаме со честити Царе? Дан сакаш да ти постелат црвен килим за да поминиш? Каде во Македонија или Грција те послужиле подобро од Два Бисера и во што е разликата? Баш ме интересират?

Стварно не ми сте јасни како сакате да сте третирани во ресторан или кафана?

Услуга е услуга, ама ако бараме замерки на келнер што ќе не послужи кафе или чорба со вкупен цех не поголем од 250 денари по особа стално ќе најме, ама ќе повторам ако ги бараме. Ме интересира на поголема сметка како тоа имале солидна услуга?

Многу мразам да докажувам нешто, поготово овде на темава, ама стварно сте смешни.

п.с. Не сум вработен таму.

И да, ако бевте барем малце достоинствени, наместо да се жалите од услугата на било кој келнер во Македонија што работи за ќарот на некој приватњак ќе се жалевте на услугите и односот на вработените во државно, како пример општина, болница, полиција и слично, но наместо тоа кога ќе ви треба било каква услуга од овие сектори истите ги носите во кафана прво да ги најадете убаво, па од тука и почнува се.
Како требат да се понашат?Оди во Десарет таму е е еден од последните Охридски кенлери Саше-Сале Пештанецот долги години работеше во Рибниот ресторан нека те послужит па ќе сам ќе видиш.Старата охридска школа на кенлери беа на високо ниво,сите кај Заро десетка шо работеа Сречко,Муња ....беа прави професионалци СЕКОГАШ МУШТЕРИЈАТА Е ВО ПРАВО.
 
Последно уредено:
Дали е внукот на стариот Горичан, шо продаваше сладолед спроти Кладилницана до П Пантер? Највкусниот и најубав сладолед во светот го праеше.
Автоматски споено мислење:

Како требат да се понашат?Оди во Десарет таму е е еден од последните Охридски кенлери Саше-Сале Пештанецот долги години работеше во Рибниот ресторан нека те послужит па ќе сам ќе видиш.
Уф не ги знам лугето стварно, ама сум слушал и за нив за сладоледот дека бил најубав.
 
Последно уредено од модератор:
Уф не ги знам лугето стварно, ама сум слушал и за нов за сладоледот дека бил најубав.
Капу скидам шо не потсети за тие времиња од 19,00-24,00 редици, колони невидени се чекаа за сладоледот.СИТЕ ПАТИШТА ВОДЕА КАЈ НЕГОВИОТ КИОСК.
Мислам се викаше Тодор Горичан?
 
Лајбица, салата, помфрит, кечап и мајонез :D Ко ќе ми текнит дек то сум го јадел кај Темелко, сеа ми се повраќат.
Себе си се смеам. Ме потсети што се не сум јадел насекаде
 
Себе си се смеам. Ме потсети што се не сум јадел насекаде
Ова беше популарен сендвич меѓу средношколците.. Хамбургерот беше 80 ко бев јас средношколец, тогаш ни беше скап, само побогатите си дозвољвеа хамбургер :D
Иначе Охрид во последно време е попурен ради мекиците, 200 души присутни на прослава во време на пандемемија е недопустливо. Знам некои од гостите што присуствувале, познавам некои и позитивни, тотално разочаран од некои луге во градов за кои имав повисоко мислење.
 
И француски ко праеја Палма беше перверзија од сендвич/тост. 50че беше, многу се јадеше во средно, ама трета ко стигнав јас прекинаја да го прает и се свртивме на хамбургери. Тост класичен 1/2 имам јадено не ми се свиѓаше, ама зато Шефон и тостојте негови се антологија, штета тој шо мораше да затворит.
 
Ту бе ептен ми е кејф пак да пробам од францускиот од кај Темелко. Таков класично мрсен, гнасен, со пеесиљади калории и пак убав.

Инаку многу го фалеја другари, и овде читам убај коментари за хамбургерот од вила јанкуловски ама два пати имам јадено и не ми е ништо особено... вакви хамбургери во братство ко учев порано јадев кај Зоки пумпалон, 30 денари беа и ако ја помафташ плескавицата мојш да прогледаш низ нејзе од шо беше тенка.
 
Едно прашање.
Зошто газдиве на плажите на кои им се завршени договорите за концесија се жалат што требало да ги вратат во првобитна состојба?
Нели така пишува во договорот?

Знам дека многу пари се фрлени но никој од нив не работи од љубов, сите наклапаа тешки пари од тие исти објекти.

И зошто ако на Мујо му завршил договорот не ја отстапи плажата на Хасо за тој пет години има право да ја работи, плашата не им е доделена од господа па само тие да смеат да работат, ево јас можеби сакам да инвестирам а не можам затоа што некој не сака да се држи до договорот.

Јас како мал со моите одев на дивата плажа после Метропол, сега Акапулко која е уништена со парапетчиња, лежалки и грди платформи, се префрлив Потпеш затоа што ми е најблиску се до лани кога буквално ставија лежалки на секоја педа, едино место без е пред кајацине од каде што не избркаа лани затоа што тоа било место за кајаците. :pos:

Сега ми останаа Лабино и Парк, едната дива која не е нешто посебо затоа што кога одам после ручек сонцето мава директно и не се гледа ништо другата има место што е без лежали но загрижениве газди не го ни косат тоа место па се осеќаш како во ливада да си застанал. :pos:
 
Во Антико не сум била долго време, пред некоја година беше многу паднат. Мене најпреценето место ми е Далга. Тотален просек со високи цени. Момир е пристоен и има убава храна и услуга и таму најчесто одам. До пред две години убаво ми беше јадењето и во Тино ама со тоа живата музика почнав да се давам кога јадам.
Два Бисери сеуште имаат убава чорба, локацијата е сон ама некој мора да им каже тоа столчињата и масите дека е време да ги сменат. Последно мислам дека се земени по повод официјална посета на Лазар Колишевски.
 
Едно прашање.
Зошто газдиве на плажите на кои им се завршени договорите за концесија се жалат што требало да ги вратат во првобитна состојба?
Нели така пишува во договорот?

Знам дека многу пари се фрлени но никој од нив не работи од љубов, сите наклапаа тешки пари од тие исти објекти.

И зошто ако на Мујо му завршил договорот не ја отстапи плажата на Хасо за тој пет години има право да ја работи, плашата не им е доделена од господа па само тие да смеат да работат, ево јас можеби сакам да инвестирам а не можам затоа што некој не сака да се држи до договорот.

Јас како мал со моите одев на дивата плажа после Метропол, сега Акапулко која е уништена со парапетчиња, лежалки и грди платформи, се префрлив Потпеш затоа што ми е најблиску се до лани кога буквално ставија лежалки на секоја педа, едино место без е пред кајацине од каде што не избркаа лани затоа што тоа било место за кајаците. :pos:

Сега ми останаа Лабино и Парк, едната дива која не е нешто посебо затоа што кога одам после ручек сонцето мава директно и не се гледа ништо другата има место што е без лежали но загрижениве газди не го ни косат тоа место па се осеќаш како во ливада да си застанал. :pos:
Ја немаш таа ѕвезда за да стопанисуваш со плажа, само неколкумина одбрани ја имаат таа привилегија. :D
Јас не знам ниедна од плаживе да го почитуват то 30-70 правилото за лежалки, Канео и Потпеш посебно.
Куба излезе и со официјално соопштение, како негативно ќе се одразело ако требит да ја рушет платформата, како редовно плаќале даноци, придонеси бла бла. Мачкање очи, од сезонските работници апсолутно никој не им беше осигуран, се работеше во смени од 12 саати, имет заспивано келнери надвор по лежалкине дур чекет да се раздолжет. До пред 2 години работеше 24/7. Ем си работиш како плажа до 5,после 5 си продолжвиш ко кабаре и си тераш до сабајле. Најубо.
 
Ова беше популарен сендвич меѓу средношколците.. Хамбургерот беше 80 ко бев јас средношколец, тогаш ни беше скап, само побогатите си дозвољвеа хамбургер :D
Иначе Охрид во последно време е попурен ради мекиците, 200 души присутни на прослава во време на пандемемија е недопустливо. Знам некои од гостите што присуствувале, познавам некои и позитивни, тотално разочаран од некои луге во градов за кои имав повисоко мислење.
Да 200 Дпмнеовци,лажни патриоти со секоја власт,на мекици викнале да се покажат предизборно, на свадбата немале 200 па сега викнале.......интересно е кој ќе ги знајш кој се шо се а се курчат...ај да не ги спомвам....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom