- Член од
- 11 август 2013
- Мислења
- 22
- Поени од реакции
- 21
Охрид е прекрасен град, после моја Битола ми е најомилен
. Сегде е убав, а најубо место за капење, каде што има најчиста вода е Трпејца. Рај! Единствена замерка ми е што многу е тесна плажата - некој 1.5м, па буквално се прескокавме едни со други со плажариве 

. Чув и дека плажата кај хотел Парк ја направиле топ, нели, по примерот на сите монденски места низ светот, ете и Охрид си доби своја Голден Бич
. Планирам да појдам да ја ѕирнам, ама потчув дека само овие селебритиве можеле да влезат. Вистина е или не?




