Охрид

Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Не си разбрал убо, гласаш во место на живеење.
За второво ништо чудно, попрво Струга да добиет нова болница отколку Охрид.Тие ако можат и амбулантине ќе ги затворат во Воска и Маларична и ќе напрат само Здравствен дом ко во место од 10.000 жители, чисто од инат.А какви природни услови постојат за медицински објекти, особено овие со белодробни и срцеви болест...потребно е Клинички центар во Охрид!
Која среќа сме па и ние, секогаш градоначалникот е различен од централната и заебани сме :)

А за раѓањето деца од страна, ништо ново, стара тактика, па после по некој си документи изводи од раѓање да речат еее ние од секогаш сме биле тука бла, бла....
Добро можеби, не бев и јас сигурен дали ќе треба да гласаат Струга или Охрид, без разлика, доволно му е само што не се пораѓаат од страна во Охрид на пример од Стурга од селата, од Дебар итн. Ќе ја одолговлекувет колку што можат, но сакале неќеле ќе се наприви болница једонг дана.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Да не е политичка цел, финансиски проблем е- ти објасна другарот.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Пет нови лебедчиња го красат Охридското Езеро

Пар лебеди и нивниот подлмадок се нова атракција во Охридското Езеро. Штотуку испилените пет мали лебеди во друштво на своите родители можат да се забележат покрај самиот кеј.

Возрасниот пар лебеди се покажаа како добри родители, постојано нуркајќи по храна за своите малечки.

Лебедите се гнездат во периодот април - мај, а овој пар успеа на свет да донесе пет млади, со што ќе се зголеми популацијата на црвеноклуниот лебед во Охридското Езеро, кој уште е познат и како нем лебед.

Охриѓани паметат дека пред десетина години популацијата на лебеди во Охридското Езеро беше многу побројна, но поради се поголемото влијание на човекот врз животната средина и загрозување на нивните природни живеалишта, овие птици мигрираат кон помирни места.
 
toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
6 беа, не 5, слабо математика нашиве новинари.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Интересно...
Несекојдневен настап на “BACKDOOR BAND“
Охридскиот бенд “BACKDOOR BAND“ по повод празникот 1-ви мај ќе настапат во живо од камион низ охридските улици. Сите љубители на рокенролот можат да им се придружат и да го поддржат овој несекојдневен настан. Журката ќе започне во 14 часот и 30 минути од кружниот тек на охридскиот плоштад.

01.05.2012 00:10​

Прочитана е : 184 пати​

© 2012 Ohridnews.com​
 
S

Shellshock nam67

Гостин
(ФОТО) Уште едно ЧУДО ! Овој пат во црквата СВ "Никола и Богородица Болнички" во Охрид !?

На необјаснив начин пред дестина дена истовремено се исушиле дрвјата во дворот на црквите. Владиката Тимотеј и експертите едногласно одлучиле да ги пресечат за да ги заштитат околните објекти од паѓање на дрвјата врз нив. Чудото ги затекна и охриските еколошки друштва на кои, повторно пред очи им се сечат исушени дрвја. Веднаш потоа на необјаснив начин почна да се расчистува теренот? Повторно ниту од Заводот за Заштита на Културно Историските Споменици ниту пак од градежната од инспекција не можат да откријат што тоа се случува во црковниот двор?
Мистеријата продолжи кога на новинарите кои бараа информација за чудото, Владката Тимотеј ги посоветува да молчат додека се изгради чудото а после од (земските институции) ќе побарал уцртување на маркица и дозвола за градба !? За на крај да додаде дека цели градови се граделе без дозвола и зошто би било проблем ако црквата без дозвола изгради комерцијален објект? Е тука заврши чудото и одпочна македонската реалност. Урбаната мафија е насекаде. Се поставува прашањето како ќе изреагираат надлежните институции кога според Законот, дивоградбата е Кривично дело!
Но аргументот на Владиката Тимотеј за изградба на комерцијален објект не држи затоа што непосредно до црквите (на ул. Цар Самоил- Долна Порта) има веќе изградено два комерцијални објекти кои се изнајмени а горниот спрат е наменет за изнајмување како апартман. На само дваесетина метри, веслачкиот клуб е веќе во сопственост на МПЦ и дел се изнајмува на турскиот конзулат во Охрид.
Од тука се поставува прашањето, кој му го дал тоа право на Владиката да ги пресече дрвјата кои ги посадиле мештаните пред повеќе од триеесет години за да им заличи црковниот двор, да имаат дебела сенка под посадениот орев каде ќе се дружат и муабетат во топлите летни денови? Дотолку повеќе што околните мештани, без никава помош од МПЦ, го одржуваат црковниот двор и САМИ го организираат, финасираат и прославуваат црковниот празник кога секоја година избира и кум.
Сеуште не е јасно колкав објект планира да изгради владиката и дали овој случај е отворен повик за сите да се огледаат на МПЦ и да си градат кој како што сака и милува ? Едно е јасно, ова самоволие на Владиката Тимотеј ќе навлече голем гнев кај охриѓани кои години на назад мака мачат да обезбедат одобренија за мали доградби а камо ли за изградба на комерцијални објекти како единствена шанса за егзистенција.
Што бидна и со Законот за Охрид кој требаше да ги регулура сите градби во централното градско подрачје а кој на големо беше промовиран од ВМРО-ДПМНЕ ? Неговата селективна примена е врвот на корумпираноста во локалните и државните институции а како резултат на тоа секојдневно се градат дивоградби иако повеќето од нив можат да се вклопат во урбанистичките планови.
За крај, не е никој против градбите туку против ДИВОГРАДБИТЕ со амин на институциите.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ебате ветрот, ебате. Во Аквариус им летна чадорот горе на тендана:pos::pos:
Овде само го спуштет, летањето го немат. Гледајте го без звук, другаров тропат глупости:icon_lol:
 
B

Beck's

Гостин

Dali mestovo e vo Ohrid, ako e, kaj se naoga mestovo... Sum bil ko mal na slicno mesto u Ohrid, ama sum zaborail kaj bese, ubav park, mala reka pominuvase onaka bas ko vo slikata, kamomili na golemo...
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
^^ Мислам дека не е Охрид, а слично на то шо опиша е Св.Наум кај ресторанон незнам како се викат, нека ме дополнит некој од Охриѓаниве. :D
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
^^ Мислам дека не е Охрид, а слично на то шо опиша е Св.Наум кај ресторанон незнам како се викат, нека ме дополнит некој од Охриѓаниве. :D
Острово се викат, и мене ми личит дека е таму ама не сум многу сигурен.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Кајчето во Охрид како гондолата во Венеција

Ако не се качиш на кајче и го прошеташ стариот град до Канео, џабе си бил во Охрид, велат охридските кајчари, со што ја потенцираат важноста на кајчето во туристичката понуда на градот. Тие сметаат дека прошетката со кајче е своевидна атракција во Охридското Езеро и затоа треба да прерасне во негов заштитен знак.

- Кајчето за Охрид треба да биде исто што и гондолата за Венеција. Во секоја туристичка понуда за посета на овој италјански град, како посебна туристичка атракција се наведува прошетка со гондола низ градот. На сличен начин во туристичките понуди за Охрид треба да влезе и туристичко разгледување на стариот дел на градот од кајче, сметаат дел од кајчарите, со кои успеавме да поразговараме.

Тие нагласуваат дека за да се понуди кајчето како туристичка атракција во Охрид мора да се подобрат условите во кои егзистира оваа дејност.

- Ние кајчарите сами се грижиме за сите услови што им ги обезбедуваме на туристите при прошетката со нас. Сами ги рекламираме кајчињата и нудиме прошетка по езерото. Интересен е фактот што голем дел од гостите што ќе појдат на прошетка по вода, низ стариот дел на градот, се изненадени од убавината на таа глетка и признаваат дека иако многупати биле во Охрид, не знаеле дека постои можност да ја видат таа слика, раскажуваат кајчарите.

Тие сметаат дека надлежните треба да го помогнат кајчарството како дејност, за истото влезе во туристичка понуда на Охрид.

Кајчето во Охрид како гондолата во Венеција​

- Оваа дејност има потенцијал, но нема развој и затоа не е интересна за помладите охриѓани, кои речиси и воопшто не се интересираат за кајчарстото. Која било дејност што нема подмладок полека ќе изумре. Тоа за жал се случува и со кајчарството. Порано во Охрид имаше повеќе од 40 кајчиња, кои нудеа прошетки по езеро, а сега има само 15-ина, констатираат кајчарите, но напоменуваат дека доколку се подобрат условите, оваа професија би можела да биде примамлива и за младите.

- Потребно е да се утврди една постојана цена на картата за прошетка со кајче по езерото, со што би се избегнало пазарењето со туристите, како да сме на пазар. Тоа изгледа многу глупаво за туристички центар каков што е Охрид. Неединствените цени прават и проблеми со конкуренцијата, затоа што одредени кајчари нудат прошетки за многу малку пари со што дополнително ги деградираат професијата и дејноста, велат кајчарите.

Тие предлагаат кајчињата да ги земе под закрила институција или приватна компанија со што ќе може да се обезбеди посовремен развој на кајчарството и опстанување на оваа туристичка дејност.

- Уште од многу одамна постои идеја сите кајчиња да бидат унифицирани во иста боја, исто така кајчарите би можеле да бидат облечени во иста облека односно униформа. Во кајчињата при прошетката по езерото би можела да се слуша староградска или македонска изворна музика и да се дели рекламен материјал за Охрид, како и да се продаваат сувенири, кои се карактеристични за Охридско, предлагаат кајчарите.

Тие сметаат дека ова е еднинствениот начин со кој ќе може да се спаси оваа дејност од изумирање и да се понуди уште една интересна содржина во туристичките понуди за посета на Охрид.

Е.М​
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

Oтвори за ова тема мислам јас.. што ке ни објаснуваш нас од охрид што сме.. нека видат другиве .. башка како се тепаат овие кајчариве секое лето за тоа кој бил на ред :D:pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom