Охрид

Член од
9 јуни 2005
Мислења
211
Поени од реакции
23
a neso onaka so po elektronska muzika ima? da ne e shema so vlado janevski na uvce da mi pee ??
:motor:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
За ОХРИЃАНИ и нивната гостопримливост

„Ејјјјјј. Алооооо. Кај паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги....Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден". „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа насекаде згради сте.......". „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине.

А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме". Вошкар еден. Збеснав. Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид (иначе в центар живеам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици), не нему ќе му се мислам кај да...... „ Еј, батеееее. Битола така фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!"-„Извините, го видов контењеро и.......". „Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, ашлак еден. Волуууу." Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.

„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и.....". „Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з'ш од први август и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шолјана да ти......". „ Добро утро, комшивке. Стигнавте?". „Да комши, стигнавме....". Море да дајт господ до утре патлиџаните да не ти стигнет шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овие нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е од пари, а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан.

Јас не знам шо да се прајт. Ти гледаш да им погодиш и пак охриѓани не чинат. Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега.......Го слушна. Сме кренале згради......А бе да ти пукнит од женати жилана. А за нив то го напрајвме. Едно време се жалеа дека ветар многу дувало во градов. Ам ветар ти го зел умот, ете кренавме десетина згради во центар, сега ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајвме од горештини, и то заради нив, а тој немал кај да паркират. Сега ако немаш кај да паркираш, никош. Абре све шо беше улица, двор, ходник, кенев, дневна, паркинг го напрајвме и то со пари. Е в спална да те пуштам да.....Слушај, бар оваа година никој немат право да се жалит. Ја слушам она Холанѓанкана пред некој ден кај Ацета в кабинет му велит све било убо само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малку грмушки имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е.

После ќе ви сметат навреме, ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат. Денес глеаме, со Дачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат, нормално.

Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал. Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо.....Е дур сме кај тревиштено, знајш з'ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине.

Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне, па да видиш како ќе ти е. И после охриѓани не чинат? Ја слушам една: „Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот". Ам ај со нога да ти го дајт, ебате бела. Друго.

Ај жити леб, нека кажит некој, оваа година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани. Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци.

Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од ровја мавнат? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој тргни, ние шлашкај, ко на Тито во времето, врати го назад. Тој пак тргни, кутриот, да не речам, можда по нужда му се одеше, ние, охриѓани, врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец. Е сега рака на нога, од село е, од Слатино, ама не оти некој за сељак го сметат.

Го третираме ко наш да си е. Аку е де и селанине се луѓе. Не така? А? Убо велам? И сега? Пак охриѓани не чинат? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат".
 

SiM

The Power Of Three
Член од
26 јули 2006
Мислења
115
Поени од реакции
0
Криво им е на скопјанине зш ние имаме езеро а тие пукет од горештина во Скопје и зато идет овде и се понашет ко нивни да е Охрид.
 
Член од
1 февруари 2006
Мислења
380
Поени од реакции
17
SiM напиша:
Криво им е на скопјанине зш ние имаме езеро а тие пукет од горештина во Скопје и зато идет овде и се понашет ко нивни да е Охрид.
eeeeeeeeeeeeeeee.........
site seljacista da si otidat po doma skopje ke bide prekrasen grad
 

DaSiDe

Born Crazy Lived Insaine
Член од
6 март 2006
Мислења
119
Поени од реакции
0
Море јајте гомна вие за охрид јајте. И на факултет сите охрид ваков Охриѓани вакви онакви и после први мај дојде лето дојде кај ке ојш на одмор? Охрид. Зш? Па охрид најубав е. Еми така е.
 
Член од
1 февруари 2006
Мислења
380
Поени од реакции
17
ohrid e ubav grad.
ama seljacista ste bre....nevideni
ednas seljak , sekogas seljak
 

DaSiDe

Born Crazy Lived Insaine
Член од
6 март 2006
Мислења
119
Поени од реакции
0
хахаха какви селјаци бе. Охригјани биле селјаци негостопримливи. Демек скопјанине или било кој друг се и гостопримливи и културни то ти е балкански синдром сите сме за никаде. Не бидвит љуѓе од нас
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
maliOT напиша:
ohrid e ubav grad.
ama seljacista ste bre....nevideni
ednas seljak , sekogas seljak
Свесен си дека ги навредуваш Охриѓаните на форумов? Какво е ова однесување [сељачко (не селско) да не речам]?
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
maliOT напиша:
ohrid e ubav grad.
ama seljacista ste bre....nevideni
ednas seljak , sekogas seljak
не се сељаци, лоши се, катиљ, посебно варошани
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
варошани чашитки опрани :)
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Еее фала многу на "убавите" зборови за Охрѓани,ама стварно нема смисла да се вреѓаме сега.Може не ни чини народот,ама ако има некаде кај што чини кажете па после ќе правиме муабет.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
D~a~R~k A~n~G~e~L напиша:
Еее фала многу на "убавите" зборови за Охрѓани,ама стварно нема смисла да се вреѓаме сега.Може не ни чини народот,ама ако има некаде кај што чини кажете па после ќе правиме муабет.
Не ви чини ама ич, со тоа што немора да се вреѓате сите тука. Има и исклучоци, иако преретки.
Еве случка ... завчера вечерта си одиме со такси за Струга и ни наплаќаат 250 денари. Вчера исто, ама бараа 400 денари. Поарогантни створења немам видено во живот! Ти му кажуваш дека нецели 24 часа пред тоа си се возел за 250 и културно прашуваш кога сменале тарифа, а тој со дерење ти враќа: губи се не прам муабето со тебе појќе и одмавнува со рака. Сељачана тешка и скапана! Може да се покултурни, нека прашаат или одговорат со попристоен тон, ако ништо друго. Цела година прават пари од Охриѓани и Стружани, за да се прават фраери на лето и да наплаќаат скоро дупла цена? Мамето нивно, да ги невида појче!
Иста приказна и кафичите и продавниците и интернет кафињата и се друго. Како бре после да поднесуваш Охриѓани? Па луѓето што го прават тоа не се Скопјани ... тоа се секогаш истите тие арогантни Охриѓани. И после ја бранам Струга? Па ја бранам нормално ... 3 пати поефтино е се тука, уствари никој не ни ги зголемува цените екстра, само затоа што е лето и има милион туристи, па да ги оштетува и своите граќани. Катастрофа.
Со вас од форумов си немам мака и не сакам да ве навредам, ама немој да ми го негира некој муабетов дека и сами сте свесни за тоа. Доаѓа лето и како Господ за јајца да сте го фатиле сте, т.е. се во глобала Охриѓаните.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
...очигледно вие сте го запознајле само гниежот на охрид...белким сте праеле муабет и со други луѓе освен со таксисти мајкему...и јас не сакам да слушнам лош збор за нас...таксисти ко таксисти...па и скопските не се поарни...ко бев тамо...зборвам охридски вкола и овај се гњавит се влечкат по улицине...и втор случај фатив да мешам скопски...ко летна то таксито умот ми се зеде...пу јзк бре ...сите се исти...колку шо се за вас набиени цените на лето толку се и за нас...а сите не живејме од туризам...и јас на лето плаќам 100 денари за кафе...и шо да прам???
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Кажав дека се сите такви на лето, таксистите ги земав како најтазе пример. А за цените, не реков дека се само за нас, нормално ... кажав дека е глупаво сите што преку цела година плаќаме секаде 3 пати поефтино, на лето да плаќаме како да сме на одмор во Грција. Нормално дека ќе те фати инат никогаш пак да не седнеш на кафе таму, а за друго да не зборам. Значи нема што да прави никој, само може да признаете дека не е фер. А инаку имам познати од Охрид и се дружам со луѓе од таму и секој втор ден сум таму, ама како што кажав, тие се ептен ретки исклучоци што се губат во мнозинството алчен народ за пари.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
...признание...али па и ги сфаќам и овие паројадачиве...цела година чмает ко невести..и сега им е времето за берба, тие од живеет...и јас многу се нервирам шо цените скокет ненормално...али во сезона само у природа излагам...за да не си го оптеретам џебот:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom