Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Фала многу скопјанци, шо не најпрајвте луѓе... ако не дојте летово Охрид ќе банкротират пред грција.


Ние во Охрид ко ќе слушниме слична ваква изрека, вака викаме -сега се кажа, и жив остана.
da ne bea skopjanite neznam vie sto ke pravevte
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
што аир барате кога келнер ти носи уз кафе кисела вода а не си ја нарачал за да на крај ти ја наплати 50 денари..

Во Охрид кремот на општеството го сочинуваат 2 типа на индивидуалци, едни од локалната власт, образовани ама глупи а други од таа страна на законот, необразовани ама насилни.

Ако гледате локална охридска телевизија секој ден мора да излезе на вести директорот на комуналец кој по се е многу влијателна личност. Директор на јавно претпријатие а не на приватна фирма...неговите прилози за посадени цвеќиња и отпревртени грниња се продаваат како револуционерна акција. Не сум видел никаде таков случај каде локалните телевизии се бават со приказки на кои не треба да им се дава ни 1% внимание. Па ако има некој нов контењер во градот па не го нашле дибекот за интервју објавуваат како бил на службен пат директорот.

Низ чаршијата има само бутици со турска или кинеска роба. Летно време ако ги отвориле вратите од дуќаните (да се луфтираТ) ве мава реа на хемикалиите користени за конзервација на фалсификуваната роба, хемикалии кои во европа се на листата на канцерогени супстанции...

Овај мирис се меша со мирис на лесковачка и чат пат некоја пица на парче. На времето Охрид, во 80тите имаше од чинарот до плоштадот 3 добри книжари и исто толку 3 добри спортски продавници. Сега има минимум 3 кладилници на тој потег...Понудата низ чаршијата е само еден детал от тоа каква е побраувачката и понудата во Охрид и во кој правец се движи локалното население.

Правецот не го дава некој од скопје или што знам јас туку градскиот татко...кој впрочем е добар станд уп комедијант:

„Не шетам ко пусто гојдо низ градот, јас сум градончалник“

За охридскиот градончалник Александар Петрески, власта делувала како машина, но вели дека погрешиле што го нападнале него исто како грешката која ја направиле Германците кога ги нападнале Русите

има многу да се пишува за развојниот стадиум на охридското „општество„ кое на крај резултира и во самосвеста на луѓето и разбирањето на туризмот, гостопримливоста итн..охриѓани мислат дека се нешто посебно во македонија. таква поделба има и во самиот охрид, помеѓу „граждани„ и селани од велгошти итн...

тоа е само израз на необразованоста на генерациите кои се сега на сцена. по се изгледа генерациите што ќе ги заменат се еден степен пониско од нив..
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Абе еве ти викам дома кај мене не издаваме стан, па не сме на планина, чудна работа.Можам уште многу примери да ти набројам, појди прошетај со некој локален ќе видиш дека не се сите келнери и шанкери во Охрид.
исто ...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
"Охрид ги губи туристите од кои преживува"
Прво од Охрид сум.
Второ не преживувам од туризам, пошо никој во семејството не се занимават со него.
Трето,исто испадвит јас да се жаљам дека скопјани преживувале од студенти кираџии ,како ми би скап смештајот и животот(ноќниот, храната и останато)во Скопје а никој со сила не ме тераше да се запишам Скопје на факултет. Крај краева туристиве седет од прилика 10 дена во Охрид а студентиве 10 месеци во Скопје.

Се извинувам за офтопиков(до некој степен) со кој што го изразив мојот револт,ваљда не сум наспан ко шо требит и се надевам никој не се увреди од него:icon_lol: .
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.196
На одмор се знае каде се оди- на море! Нема да те чини многу поскапо од Охрид а ке уживаш неколкукратно повеке одколку во Охрид. Во Охрид може да отидам на неколку дена и тоа во станот на шура ми али и добро ке го наполнам гепекот така да не планирам ниту денар да им дадам на Охриѓани, дури и цигари ке си купам од кај нас. Ке си се шеткам ваму таму, ке се шлапкам во езерото и динар нема да видат од мене. Така ми е планот за да им вратам за сите години пљачкосување...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
da ne bea skopjanite neznam vie sto ke pravevte
Исто и јас им викам. Да не беа Скопјани и многу други градови во Македонија незнам што ќе правеа до сега охриѓани. Треба да ни се поклонуваат на нас а не да плукаат. Јас да сум министер ќе видиш како ќе ги стројам. Ќе има убаво да се однесуваат со туристи. Добро со исклучок на некои.

И во Дојран има езеро, па не се прават Монте Карло. И цените се прифатливи за секого.

Прво што треба да направи охрид, е да ги намали цените.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Охриѓани се сами криви за ситуацијава .... јас разбирам дека сакаат профит на лето ама она во охрид никаде го нема ...... све е превара почни од келнери заврши со таксисти, со кој и да имаш контакт на лето си заебан .... или финансиски или нервно :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
На овој сиромашен народ да му лупнеш цени високи, треба да си луд. И затоа ги губите туристите. Само заради цените и однесувањето. Јас за 200 евра што ќе ги дадам во охрид, во Грција во Олимпик Бич х100 пати поубаво ќе си поминам за истите пари, ем на море сум.

Намалете ги цените и сменето го однесувањето и охрид можеби ќе стане меѓу најдобрите т. десинации на Балканот.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 10:07 ---
Охриѓани се сами криви за ситуацијава .... јас разбирам дека сакаат профит на лето ама она во охрид никаде го нема ...... све е превара почни од келнери заврши со таксисти, со кој и да имаш контакт на лето си заебан .... или финансиски или нервно :D
Точно. Да викнеш такси да дојде да те земе, ти наплаќа. Па смешно е :pos::pos::pos:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
На одмор се знае каде се оди- на море! Нема да те чини многу поскапо од Охрид а ке уживаш неколкукратно повеке одколку во Охрид. Во Охрид може да отидам на неколку дена и тоа во станот на шура ми али и добро ке го наполнам гепекот така да не планирам ниту денар да им дадам на Охриѓани, дури и цигари ке си купам од кај нас. Ке си се шеткам ваму таму, ке се шлапкам во езерото и динар нема да видат од мене. Така ми е планот за да им вратам за сите години пљачкосување...
Дечко немој да си пукаш у нога океј те разбрав не сакаш да одиш во Охрид прав си ама немој случајно да си отишол во Грција така правиш дупла штета и додека јас напишав тој замина кај Гејците на одмор ете тоа е македонец.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Охрид ги губи туристите затоа што:
1. Немат љубезност а имат голема лакомштина.
Договараш смештај од Скопје, по цена како да си на море, ама коа веќе го јадеш - го јадеш цел нели ;) Прашуваш културно што има и ти објаснува дека се имат. Одиш у Охрид и те пречекува газдата охриѓанец и ти вика: Решо имат, да си свариш супа, а ако ти е за готвење нешо појќе моеш да се симнеш до сендвичара да си купиш, зш ќе мирисат цел стан :eek: Одиш у wc и глеаш од туш кабината тече вода, светлото не работи треба да си го напраиш сам или да се бањаш на свеќа и на крај ја забележуеш четката за вц школка со цели три влакна на неа.

А може да се купи и посебно без делот за држење и чини цели 30 денари.
Па мајку му стара, коа веќе некој ти го изнајмува станот по цена за на море, треба да го пречекаш во вакви услови? Ако веќе си решил да заработуваш од туризам, остај го чоек да се одмори. Сите тие горе набројани недостатоци сијалица или поправка на фасонка, решавање на проблем со туш кабина и вц четка нема да го чинат поише од 300 денари :tapp: А за готвењето уопште не треба да отвара уста.
2.Катастрофа плажи.
Од лакомост и желба за поголема заработувачка, лежалки се ставаат на несоодветно растојание и место. На 5 метра плажа имаш 3 реда лежалки. Значи ко ќе легнеш треба да мислиш дали тој позади тебе ќе ти ги стаи нозете на ушка:tapp: Чадори наставани од сите фирми: пепси, кока кола, златен даб....Па добро бре, до толку ли не можат да се организираат па барем сите чадори да им се иста боја или од иста фирма?
За што им се издаваат плажите под концесија? За само да го полнат џебот? Каде се канти за отпадоци на плажа? Нема ли некој да води сметка колку се стварно средени плажите и според тоа да им даде/одземе концесија. Што подразбираат концесионерите под поим плажа? Па чоек не може да влезе у вода од тоа карпите и огромните камења. 20 години секој ден по еден огромен камен од водата да вадеа, сеа ќе беше милина за бањање, а не да се мислиш дали ќе излезеш со сите прсти на нозете. 20 години по 2 вреќи песок месечно да носеа на плажа, ќе беше Охрид како Сен Тропе.
Ама уствари ко ќе размислам не е до песокот/камењата. Проблемот е во луѓето кои гледаат само да е полн џебот. Шо дека св.Наум е песочна плажата има врвулица од туристи, а нема кој да ја среди.
Најбољи момент е ко ќе видиш како се злоупотребуваат понтонските пристаништа. Концесионерите си стаиле и таму лежалки :icon_lol:Зар да бидат у загуба за 150 денари од лежалка? И најјако е ко ќе дојде самец на плажа или тројца на плажа. Не може да изнајмиш една или три лежалки, туку мора у пар да изнајмуеш :pos:
3.Апашлук
Охрид, град со 366 цркви - македонски Ерусалим. Се ова убаво звучи. Ама да се наплаќа влез за во црква?:mad:
Не ли е тоа апашлук невиден?
Цените по хотелите се пренапумпани. Ѕвездичките на хотелите немаат врска со реалноста. Цените по хотели се еднакви, па дури и поскапи во споредба со цени од хотели покрај море:tapp:
Не ли е апашлук коа некој шо стаил шанк на плажа ти продава лименка пиво/сок по ненормална цена? Како може Дојран/Струга/Преспа да продаваат пијачки по нормални цени, а у Охрид да имаш чувство дека некој сака да те је*е у здрав мозок? Како може у горенаведените места да им се исплати да даваат лежалка 50 денари и чадор 50, а на овие и 150 денари од лежалка да им се малце?
Зашо ми вреѓа интелигенција? Зш му се можит?
Епа и мене ми се можит да не идам у Охрид, зш не ми чинит.
Господ ги казнил со езерото, не ги наградил. Зш требат да имаш чувство и мозок за водење туризам, а не и на тие малце гости шо ти идат да им кажеш: Ак не ви чинит не идајте :tapp:
 
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Епа Владата им ги презема туристите на Охриѓани со спомениците, со “златните врби“, со сплавовите во Скопје. И сега место на капење во Охрид ќе одат во Вардар. И место Плаошник , Самоиловата Тврдина, Охридксите манастири и другите историски места да ги посетуваат, тие ќе ги гледаат спомениците во Центар.
Скопје ќе биде новиот туристички град во Макеоднија
:pos:
 
P

PewDiePie

Гостин
Епа ај да не ги губи,20 години со ништо не е подобрен и разубавен градот.
Сите се научија како да ги средат плажите,цели комплекси за туристи да направат само во Охрид 20 години НИШТО не се прави. Ќе ти седи некој на камења,со хотели што немаат ни пола од ѕвездите што ги опнале во понудата.

Услужливоста и луѓето да не ги коментирам,за срамота.
А цените како да се наоѓаш на Флорида.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 11:24 ---
Скопје ќе биде новиот туристички град во Макеоднија
:pos:
Скопје е новиот туристички град во Македонија,и минатото лето имаше повеќе туристи а и ова ќе има. Хаха смешно нели. :pos:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Јас па уопште не сум пребирлив за дали има топла вода, дали можело да се готви или не плажите што се камени(таква е природата) и слично ама многу ми смета тоа што луѓето се негостопримливи. 2 3 месеци им е сезоната нека стегнат заби и нека си го смират егото, нека истрпат и после нека си бројат пари а не настрана да те гледаат божем езерото ќе им го испиеме. Бев последен пат пред 3 години и не планирам веќе да одам можеби викенд 2 3 дена максимум колку да се прошетам малце пошо шала на страна стариот град е прекрасен и е духовен и културен центар. (вториот примат ќе го изгуби набрзо на сметка на Скопје).
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Колку дечишта на темава чудо некое. Зошто никој не праша колку се давачките према државата, зошто насекаде за туризам е 5% ддв кај нас е 18% ддв. Зошто скока струјата секоја година по 5 пати, зошто почнуваат да ни наплаќаат 1000 нови давачки секоја годдина?


Мислам дај ве молам. Охрид Е НАШ. Наш на Македонците а не на Охриѓани. Вие сте тие што го мразите, а не ние вас.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 12:31 ---
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=43263

Од денеска.

Ве молам немој да пукните од мака.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
So leskovacka skara, turbofolk vo stilot sto poglasno toa podobro, raskopani ulici i gradezni raboti vo sred sezona, tezgi na sekoj metar kako vo Sutka, luge sto bukvalno te maltretirat so razno razni ponudi i da ne nabrojuvam, turizam ne se razviva.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom