Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Никој не вика дека не прават, ама 1500 е НИШТО за 4-ца. Ама ете... Емкаа е презадоволна од тој износ од богатите холанѓани[DOUBLEPOST=1406599775][/DOUBLEPOST]

Нема везе тоа, на Тиесто во Несебар пред 2 години пола литро вода ја наплаќаа по 2 евра (у продавница беше 0.40). И у Скопје на журките набиваат цени јако, така е отсекогаш - така и ќе биде[DOUBLEPOST=1406600070][/DOUBLEPOST]

Да да, затоа скоро цел Штип е празен и преселен у Грција, Бугарија, Албанија, Хрватска... Од немање пари аха[DOUBLEPOST=1406600405][/DOUBLEPOST]

Втор кикс ти е за истото прашање - Ак не ви чинит не идајте.
А што ако ти кажам дека ШЕМСКИТЕ кафичи у Бугарија (Несебар, Сончев Брег) и Грција (Халкидики прв крак) се препуни со македонци? Немој само да кажеш дека Сончев Брег не е добро место за излегување и дека нема шемски кафичи како у Охрид. Има измислено ноќен живот за Охрид...[DOUBLEPOST=1406600585][/DOUBLEPOST]

На тебе ти се познава дефинитивно дека не си била надвор на одмор 5 години, како што си пиша и самата. Излези малку и прошетај надвор од државава на туристички места. Ќе научиш и за тебе како се понашаат (пошто си пиша дека си келнерка).
Турција, Бугарија, Грција... те пикираат уште додека шеташ пред кафичот, буквално те теглат да влезеш и те мамат со разни промоции "само за тебе". За ова посебни мајстори се турците. Таква слаткоречивост нема ни во книги. Еве еден дечко кој што мислам дека е запознат со ова што го зборам (посебно за турците) @macgowan . E oва го НЕМА во Охрид. Но има Ред бул за 250
Хаха абе друже 10% од Штип ако отишле на одмор не е тоа цел град и не ми продавај пувки пошо кафичи и дискотеки се затвараат во Ск а за одмор да не правиме муабет. Голем дел сметките неможат да си ги подмират на одмор ќе оделе[DOUBLEPOST=1406613576][/DOUBLEPOST]Додуша мн одат да работат таму ако ги рачунаш и нив
 
Последно уредено:

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Дојди јас ќе те шетам во Гевгелија ќе те шетам ќе се туриме од јаденње и помалце ќе платиме од Штип, ти текнува? И која е таја винарија што прави подобри вина од Бовин? Имако да не е? Абе оди..
Гевгелија поскапо од Штип. Од кога не си бил у Гевгелија. Не е најевтин град кај ова сега.[DOUBLEPOST=1406616355][/DOUBLEPOST]До Емкаа
Кога иде у Продавница, било која. Колку троши, чисто информативно ја прашувам.
Еве ако сака да си купи Орбит од 25 денари купува 60 пакетчиња за да направи добра сметка од 1500 ден.:rolleyes:
И во двете ситуации се продаваат добра и услуга.
Мислам дека не е тешко прашањето.[DOUBLEPOST=1406617716][/DOUBLEPOST]Една идеја
Пред секоја Кафана на пример на голема табла, идејата може да се искористи и за други локали.
Јас Климе отворив Ресторан и според моите пресметки и желби во мојот ресторан воведувам правила за секој што сака да биде угостен во мојот ресторан.
1. Сметка не помала од 1000 денари. (во случај на помала сметка се наплаќа минималната барана сметка)
2. Седење не повеќе од 30 мин. за минумум сметка од 1000 ден.
45 мин за минумум сметка од 1500 ден.
1 час и 30 мин за минумум сметка од 3000 ден.
3. Десертот секогаш се наплаќа и за сметка над 3000 ден.
4. Маса за четворица минимум сметка од 3000 ден
5. Оставање бакшиш 10% од сметката (за плаќање на струјата) оти не ми стигаат
6. После услужувањето не се прифаќаат поплаки од страна на гостите.
7....
8....
9....
.
.
99. После завршена сезона доколку не се исполнат моите желби и пресметки ви праќам фактура за потмирување на догот.(жиро сметка оставање пред седнување во локалот)
100. АКО НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА ШО ИЈТЕ ИЛИ НЕ ИДЕЈТЕ

Може сами да дополните што ви текне.
Може само така ќе му дајте знаење на Македонскиот народ какви гости сака Охрид. Вреди да се проба.
Наместо да се жалте какви се гости имте еве една добра идеја. Кој има храброст нека ја стави пред локал.
Малку да се насмејме де.
Но за тие што им се допаѓа идејата донација од мене за таблата само да пушти на е-пошта податоци.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
СЕКОЕ ВРАЌАЊЕ ВО ОХРИД Е ВРАЌАЊЕ ВО РАЈОТ



Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид секојдневно, десет дена, некаде околу пладне едно семејство поминуваше повеќе од еден час. И, секогаш, при секое влегување во црквата беа со озарени лица. Очигледно беше дека се среќни што се тука. Секој од нив како да си имаше свое катче во кое се осамуваше, жената со рацете ги милуваше фреските, а мажот и по десетина минути погледот не го спушташе од плафонот. Детето најмногу му се радуваше на подиумот и го прашуваше де едниот де другиот. И добрите познавачи на класичната музика немаше да ги препознаат Нина и Павел Kоган. Тоа веројатно ќе им успее само на тие што одблизу ги виделе на сцените во Лондон, Виена, Рим, Москва.

Да, во „Света Софија“ се славната руска пијанистка Нина Kоган, нејзиниот брат Павел Kоган, светски познат диригент, деца на генијалниот виолинист со светска слава Леонид Kоган, кој беше на светската листа со музичари на 20 век. Истиот тој што во 1964 година настапи на Охридско лето и беше силен поддржувач на фестивалот.

Татко ми ќе имаше 90 години

Нина Kоган на 13 години со својот татко настапи на Охридско лето, Павел настапи неколкупати, а последен пат пред четири години. Славното семејство Kоган се во Охрид, а не се во програмата на Охридско лето, се чини нормално прашањето.

- Носталгија. Оваа година е јубилејна за нас, зашто мојот татко да беше жив годинава ќе наполнеше 90 години. Затоа посакав да дојдам во Охрид, затоа што тука го имав мојот прв концерт со него (1964 год). Јас имав 13 години и веројатно тоа е еден од највпечатливите моменти во мојот живот. Потоа, многупати доаѓав во Охрид со татко ми и со семејството. Летото по смртта на татко ми, повторно дојдов со брат ми Павел. Од последниот пат кога дојдов поминаа 26 години и можам да кажам дека имам многу силни впечатоци. Да, тоа што н` поврзува нас, нашата фамилија со Охрид е детството што го поминавме тука со Павел, кога тој беше млад виолинист и секогаш сакаше да се врати во Охрид. Ние уметниците патуваме на многу места, но она што н` врзува со местата на кои сме биле е односот на локалните луѓе кон нас, извонредниот и топол прием. Се радувам што постојано слушам преубави коментари од уметници што настапуваат овде, пред с`, од уметниците од Русија, но и од другите земји. Тие се воодушевени од самиот фестивал, црквата „Св. Софија“, градот, но најмногу од топлината и ведрината на домаќините. Тоа е навистина за почит - вели Нина Kоган.

Вели дека Охрид сега изгледа сосема поинаку, како сосема друг град, станал посовремен град, со многу туристи.

- Меѓутоа навечер Охрид е градот од моето време, од времето кога бев млада. Раздвиженост, полно гледалиште на концертите, полни кафулиња, таков каков што го паметам – носталгично вели Нина Kоган.

За да го одберат терминот за престој во Охрид важна им била програмата на Охридско лето.

- Уште пред да дојдам, ја видов програмата и ми беше многу јасно дека доаѓам на добри концерти со врвни светски уметници. Што се однесува до „Св. Софија“, таа е прекрасна. Се сеќавам кога прв пат дојдовме овде, таа беше поинаква, со различен распоред. Kонцертите беа до самиот олтар, го немаше иконостасот. Имам многу фотографии од тоа време. Таму се создава прекрасна атмосфера и чувство дека сите звуци остануваат внатре. Моите деца се исто така музичари, ќерка ми е пијанистка, а син ми, кој е тука со мене, е виолинист. Сето тоа за нас е традиција, го продолжуваме како династија. Моите деца од најраното детство знаеја за Охрид, го знаат како град од моето детство. Се надевам дека во иднина и тие ќе продолжат да доаѓаат во Охрид, зашто го чувствуваат градот преку мене - вели Нина Kоган.

Нејзиниот брат Павел Kоган, виолинист и диригент со светска слава, кој е распродаден за следните две години, вели дека е вљубен во Охрид.

- Многу го сакам Охрид. Прв пат дојдов во 1968 година и се враќав многупати. Последниот пат беше на јубилејното 50. издание на Охридско лето, кога настапив со Македонската филхармонија. Секоја година кога одам на одмор задолжително неколку дена минувам во Охрид. Многу ми е драго што Охридско лето не само што ја продолжува традицијата туку во независна Македонија фестивалот е искачен на многу повисок пиедестал и е најдобриот фестивал во регионот и во Европа. И како што веќе кажав, дава една прекрасна слика за самата држава, која очигледно ~ дава огромна важност на културата - вели Павел Kоган.

Фестивалот оди нагоре
И двајцата сметаат дека фестивалот се движи во нагорна линија. Kако да читаат од енциклопедија знаат за секој настап на врвен уметник, ги следат првите настапи на младите музичари.

- Уште од времето на мојот татко, Охрид беше прочуен. Многу луѓе знаеја за градот и

фестивалот веќе имаше изградено реноме. Се знаеше за него во светот. Вистина е дека информациите за Охрид, за фестивалот, се раширени, со оглед на тоа што фестивалот цели 54 години успева да донесе звучни имиња да настапуваат во овој мал град – смета Нина Kоган.

Тие секој ден од рано наутро се на бреговите на Охридското Езеро. Нема црква, нема споменик што не го посетиле. На прсти ги бројат деновите што им остануваат до крајот на престојот. Се враќаат во Москва, а потоа ги чекаат светските сцени.

- Пред 47 години прв пат дојдов овде и имам едно чудно чувство, кое е толку искрено. Се чувствувам безвременски. Сме настапувале многу, меѓутоа Охрид секогаш беше специјален. Во 1966 година, со мајка ми бевме во Дубровник, а во истото време татко ми настапуваше на Охридско лето. Kога дојде во Дубровник ни рече дека се чувствува како да се вратил од рајот и ни донесе пастрмка. Го поканиле да оди на риболов, сам ја уловил и ја донесе. Охрид ми е едно од најубавите места на планетата. Од толку што ми е омилено, дури и се плашам да дојдам тука од премногу емоции. Но, се разбира, повторно ќе дојдам - вели Нина Kоган.

ВИОЛИНАТА НА ЛЕОНИД KОГАН ВРЕДНА 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ



Леонид Kоган е светска класа виолинист (1924-1982), добитник на врвни признанија за уметност во Русија, а настапувал низ целиот свет. Kористел две виолини, кои денес вредат по повеќе од 4 милиони долари. Се смета дека делата на Kоган се најбарани на интернет. На пример, цената на неговата изведба на концертот за виолина од Бетовен достигнува цена од 10.000 долари на аукции на „Ибеј“. Се шпекулира дека тој свирел на челични жици. Сопруга му била Елизабета Гилелс, сестра на славниот пијанист Емил Гилелс. Kоган почина од срцев удар додека патувал со воз кон Москва, пред 26 години. Два дена претходно, тој го извел Бетовеновиот концерт во Виена.

Павел Kоган (1952) е виолинист и диригент, кој управува со Московскиот државен симфониски оркестар. Маестро Павел Kоган со 40 години работа на пет континенти е еден од најпочитуваните и надалеку познатите руски диригенти на нашето време. Името на Kоган во 2011-та влезе на листата со десетте најдобри диригенти на 20. век според авторитетен британски телевизиски канал за класична музика.

Пијанистката Нина Kоган (1954) настапувала со Оркестарот на театарот „Бољшој“, Московската филхармонија, Филхармонијата на Дрезден, Националниот оркестар на Париз и други.

ЛилJана ГрЏо Дамовска
http://dnevnik.mk/?ItemID=40C52D306C66EE4D93F52DC252394068
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Во 1966 година, со мајка ми бевме во Дубровник, а во истото време татко ми настапуваше на Охридско лето. Kога дојде во Дубровник ни рече дека се чувствува како да се вратил од рајот и ни донесе пастрмка. Го поканиле да оди на риболов, сам ја уловил и ја донесе. Охрид ми е едно од најубавите места на планетата. Од толку што ми е омилено, дури и се плашам да дојдам тука од премногу емоции. Но, се разбира, повторно ќе дојдам - вели Нина Kоган.
Ме трогна прикаската.
Решив следното дете да ми се вика Леонид (или нина ако е женско) ради ова сторија која ми ј арастрепери душата.
Единствено ме интересира како во 1966 година ја однел пастрмката од Охрид до Дубровник?
Мислам онака да остане толку свежа и убава за да и се вреже во сеќавање.
Ај сега ќе седне на авион, или по модерни автопатишта со современи коли... Во 80 десети, кога беше направен автопатот, од БТ до дубровник со просечна кола (преку косово и црна гора - значи по најкраток пат) стигнував за некои 16 сати. Во 66 година, со тогашни патишта и тогашни возила, и тогашни рути.. би рекол најмалце дупло... ден ипол, и уште од ОХ до Битола 2 сати со тогашни возила и патишта, (башка сигурно директ од риболов не скокнал во колата) така да некои 2 дена патуваше таа пастрмка до Дубровник во возило без клима... Во време кога (барем овде) не беа познати преносни фрижидерчиња.
Да беше некоја друга пастрмка - од друго место фатена - сигурно ќе се смрдеше до тогаш.. но не и Охридската.[DOUBLEPOST=1406623593][/DOUBLEPOST]
Оставете го Охрид да има гости какви што заслужува.
Оставивме, и ете пропадна туризмот во Охрид...
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ова се е во ред, но од друга страна пак лани бевме во Градиште. Приколката беше Ок, плажата не беше лоша, но езерото катастрофа. На 100-тина метри од плажата се исфрлаа сите одпадни води од кампот. Водата беше жолта, па дури и неколку лица ,од нас, беа нафрлани. А не беа единствени на плажата.

За волја на вистината сакавме да купиме приколка во Градиште. Но после таа слика, се предомисливме.

Пред 2 г. бевме во Елешец. Таму е многу поубаво, само плажата е во камен и 10-15 м. од обалата езерото е во камен. Барем тоа може да се среди за целата слика да биде поубава.(трската да не ја спомнувам)

А ако одам во Охрид сигурно нема да ги посетам тие 365 цркви. Баш ми е гајле и за плоштадот и за црквите и за УНЕСКО.... Ме интересира плажата, езерото, дали има топла вода (тука немам забелешка) и гостопримливоста, и тука имам забелешка, но таа авантура друг пат.

Редно време е чат-пат да прошета некој инспектор. Неколку казни и сликата ќе се промеми, верувај.

Или ќе чекаме СубВата Вој да прави острови, казина и да гради хотели кога народот бега од Охрид? Тражилисте, гледајте. Што да ви кажам?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687
:facepalm:
Не е за помалце бе друже, ИСТО ќе платиме. Муабетот ми е - девојката вика и оставале холанѓаните по 1500 секоја вечер и она е ептен задоволна. Па 1500 за 4-ца се праат како од шала и во Штип и во Гевгелија и во Кочани... Ништо посебно не трошат холанѓаните ако ги праат тие сметки, а она е презадоволна.
Ти пρам муабет за маса од двајца бе....:facepalm:
И паκ ниκој не го сфаќа муабетот.Не е моментот минимална сметκа или не, пρавиме муабет за ΚУПОВНАТА МОЌ на стρансκиот туρист и на нашиот туρист.И κултуρата.Немој сеа со пρиκасκите за тоа κога одите во супеρмаρκет блабла.Не е исто вечеρа во ρестоρан и одење во супеρмаρκет.Мене κултуρата не ми дозволува да седнам неκаде κаде што не можам да си дозволам и да се понашам господин сосила.Ρеκов и паκ ќе ρечам,чаламот е голем κај нас,нишо дρуго.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
^Да не ти кршам филм ама ако зборуваш за пензионерите од Холандија што ги носат со авиони тие истите не трошат денар повеќе од што треба.
Идат со авион, хотел платен, појадок платен, ручек платен, водич платен, по ресторани, кафичи не одат освен ако не е организирано.
Пола шише вода да им остани од ручекот и ќе ти речат да им ја чуваш за другиот ден, ова од прва рака информации.

А за младите незнам.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
^Да не ти кршам филм ама ако зборуваш за пензионерите од Холандија што ги носат со авиони тие истите не трошат денар повеќе од што треба.
Идат со авион, хотел платен, појадок платен, ручек платен, водич платен, по ресторани, кафичи не одат освен ако не е организирано.
Пола шише вода да им остани од ручекот и ќе ти речат да им ја чуваш за другиот ден, ова од прва рака информации.

А за младите незнам.
не, други се овие, аристократија и бизнис елитата на Холандија шо по 25 евра за вечера оставаат !!
 
A

Avenger99

Гостин
Гевгелија поскапо од Штип. Од кога не си бил у Гевгелија. Не е најевтин град кај ова сега.[DOUBLEPOST=1406616355][/DOUBLEPOST]До Емкаа
Кога иде у Продавница, било која. Колку троши, чисто информативно ја прашувам.
Еве ако сака да си купи Орбит од 25 денари купува 60 пакетчиња за да направи добра сметка од 1500 ден.:rolleyes:
И во двете ситуации се продаваат добра и услуга.
Мислам дека не е тешко прашањето.[DOUBLEPOST=1406617716][/DOUBLEPOST]Една идеја
Пред секоја Кафана на пример на голема табла, идејата може да се искористи и за други локали.
Јас Климе отворив Ресторан и според моите пресметки и желби во мојот ресторан воведувам правила за секој што сака да биде угостен во мојот ресторан.
1. Сметка не помала од 1000 денари. (во случај на помала сметка се наплаќа минималната барана сметка)
2. Седење не повеќе од 30 мин. за минумум сметка од 1000 ден.
45 мин за минумум сметка од 1500 ден.
1 час и 30 мин за минумум сметка од 3000 ден.
3. Десертот секогаш се наплаќа и за сметка над 3000 ден.
4. Маса за четворица минимум сметка од 3000 ден
5. Оставање бакшиш 10% од сметката (за плаќање на струјата) оти не ми стигаат
6. После услужувањето не се прифаќаат поплаки од страна на гостите.
7....
8....
9....
.
.
99. После завршена сезона доколку не се исполнат моите желби и пресметки ви праќам фактура за потмирување на догот.(жиро сметка оставање пред седнување во локалот)
100. АКО НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА ШО ИЈТЕ ИЛИ НЕ ИДЕЈТЕ

Може сами да дополните што ви текне.
Може само така ќе му дајте знаење на Македонскиот народ какви гости сака Охрид. Вреди да се проба.
Наместо да се жалте какви се гости имте еве една добра идеја. Кој има храброст нека ја стави пред локал.
Малку да се насмејме де.
Но за тие што им се допаѓа идејата донација од мене за таблата само да пушти на е-пошта податоци.
Аммм, од јуни месец?!
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687
Па добро, ако го лупате виното по 600-700 од тие "елитните" Бовин...
Набавна цена на Бовинот е 400 денаρи,и тоа обично Меρло.Таκа да know your facts.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Дечки она што мене ме нервира во Охрид е кога ќе се разработи некој бизнис другата година се затвара локалот.

Мислам имаше еден локал со супер цена и гиро правеја ама оваа година заврши прикаската.

Дали на Охрид и Струга им фали долгорочна стратегија или тешко може да се живее од туризам .

Кој кого заебава или Охриѓаните не сакаат пари од туризам имаат пари од печалба.
 
A

Avenger99

Гостин
Дечки она што мене ме нервира во Охрид е кога ќе разработи некој бизнис другата година го затвара локалот.

Мислам имаше еден локал со супер цена и гиро правеја ама оваа година заврши прикаската.

Дали на Охрид и Струга им фали долгорочна стратегија или тешко може да се живее од туризам .
Мислиш на тој до киното? До кафичите План Б и Конект?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom