Не сум бил во Охрид на одмор, таму сум бил само на екскурзија и тоа пред повеќе години. Знам дека не беше лето, туку пролет, а цените пак беа бајаги високи за секакви работи. Дали храна, пијалок, сувенир или не знам што друго. Онаму каде што сум бил на одмор, тоа е Струга. Стварно не знам зошто толку се форсира да се престојува во Охрид, кога Струга е на неколку километри, а е многу поевтино. Можеби затоа што живеат луѓе од албанска националност, но искрено некако тоа ми е премногу оскудно јас лично да го земам за критериум. Две лета бевме таму, во приватен смештај. Спиевме во пристојна соба, луѓето беа повеќе од фини (првото лето бевме на крај сезона и плаќавме по 300 ден. од човек, а наредното лето бевме сред Јули и пак ни наплатија исто). Кога ќе помислам дека на Мај во Дојран плаќаме и по 450 ден...
Не ми беше тоа муабетот. Мене многу ми се допадна Струга. Плажата на која одевме беше одлична, а јадевме мешано. Односно готвено јадење таму каде што престојувавме (кујната ни беше на располагање кога сакавме, а имаше две купатила во куќата од кои едно за газдите, а едно за нас туристите. Во куќата тогаш бевме само ние, тројца луѓе, но имаше уште една соба за издавање што значи дека максимум уште 3-4ца можело да има), а јадевме и надвор. Јадевме и во сендвичари каде што цените беа нормални, но најмногу ми остана во сеќавање еден прекрасен ресторан. Некаде по Дрим беше, малку подолу ама се сеќавам дека беше во класичен македонски стил. Името никако не ми текнува, но се ми се чини дека беше поврзано со Македонија нешто, не ме фаќајте за збор нешто патриотско беше. Она што ми остана во сеќавање беа ќебапите кои ги јадев и услугата. Тогаш нормалната цена на ќепаби беше 7-8 денари. Таму беа 10 но вредеа многу повеќе. Беа поголеми од нормално и со прекрасен вкус. Цената на безалкохолниот пијалок беше нормална, сокови по 60 ден., кафе зависи какво, 40, 50, 60 ден. А, за услугата немам што да кажам

. Всушност фактот што по толку многу години се сеќавам како вчера да беше, зборува сам за себе.
А, да се сеќавам дека патувавме и до Охрид и назад пак до Струга со такси и таксистите ни наплатија цена која знам дека ми се чинеше нормална.
Е, сега некој да ме потсети, точно колку беа оддалечени Охрид и Струга? 8, 10 или 15 км? Такви бројки ми се вртат во главата.