Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.189
Денес се вратив од Охрид и се на се сум задоволен. Со луѓето сум немал проблем иако не седев негде на приватно. Езерото беше супер, еднашка бев Славија каде имаше многу луѓе иначе Градиште каде што немаше баш многу луѓе ама не е страшно можеби и подобро што беше така. Цените за превоз до плажите беа доста прифатливи со Галеб за 30 МКД и буквално немаше многу чекајне ни за одејне ни за враќајне. Значи во таа смисла топ си беше плус шоферите земаа луѓе иако беа полни баш супер.
За јадејне како што кажа Леандра Леонардо си јадев супер пица за добра цена многу сум задоволен од тука, конобарот брз и услужив, одлично. Е сега принуден бев и да јадам скара бев во ресторанот Кај Чичо и не сум задоволен, па во Кичево секоја биртија подобра скара има а овде сред центар но знаев дека во Охрид потешко за таа работа ама немаше бегајне. Иначе морам и да ги пофалам локалите кај и да бев ВЦинјата беа сите доста чисти како што треба да биде памтам до пред некоја година скоро секаде беа катастрофа значи и тука има подобрувајне, мал но доста битен детал.
За ноќниот живот низ град. Не знам што да кажам но Кадмо и Ликвид на пример не знам што се научија од 9 натака цела кафана испоредена со резервации. Посељачки здравје, тоа во Кичево не су го видел а овде се палат на такви работи демек да резервираш маса а чојк немаше вкафана. Затоа си појдов во Де Дак Кафе кое како локал многу ми се допаѓа посебно поради старата градба но 100 МКД за Швепс е доста солидна цена, затоа изгледа и најдовме место дека не секој влага тука поради високите цени. До некаде се јаде можеби но за Македонски услови прескапо е.
Иначе Охрид како град е супер за шетајне посебно стариот дел секојпат има нешто ново да се открие но никако да се реши проблемот со ѓубрето. До душа гледав ноќе имаше луѓе го чистеа градот но кај патчето до Канео од страна имаше ѓубришта кој долго време изгледа стојтат тука па во иднина треба поќе да се грижат за таквите одпади, сепак лош впечаток оставаат посебно на страснките туристи. Ако сум веќе кај ними морам да кажам дека иако немаше некоја посебна гужва ко другите години, мислам дека голема беше бројката на странски туристи и секако дека имаше доста млади. Значи има резултати во овој вид на туризмот и Охрид само нека продолжи така.

Добро поминав, не знам дали вгодина пак ќе појдам пошто често пати сум бил но останува алтернатива. И секако дека невремето не скина значи такво невреме ко фати...досега не сум видел. :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Охрид е многу убаво место, само се уште не можам да се одлучам кој е полош, скопјаните или охриѓаните...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.297
Незнам што го почнавте муабетот Скопје потуристички град од Охрид:icon_lol:
Колку што знам почнате окулу јадењето дека во туристичките градови не ,чинело..во страшна заблуда сте.Да кај и да отидеш може да се поебеш на едно место ама за у охрид да најдеш асално место да јадеш ти треба сурвајвр гајд,а понекогаш ни тоа не помага.Ова вклучува и бурекџилници,сендвичари,ванаби лесковачки,ресторани и тн.Ај што имаат поголеми цени од скопје ама во цел град да не моеш асално јадење и услуга макар и пари да имаш е катастрофа.
Ја изглеа сум едини што не се бунам за пијачките,бидејки се 10+ од скопје и не е нешто ралика.Револтот го ствара услугата,иначе ние што сме од скопје сме навикнати до негде на овие цени.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Скопје е по посетено од странски туристи отколку Охрид. За ова имаш и потврда од завод за статистика.Ме мрзи да барам линкови ако нешто најдеш постирај.

Во Скопје има туристи кои пак воопшто не слушнале за Охрид.

Со Коцекабана и со сплавовите ни го одзедовте приматот, секоја чест. Ако се поевтини лежалките таму одма идам две недели на одмор, само најди ми евтин смештај 200-250 денари максимум да е... :pipi:
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Со Коцекабана и со сплавовите ни го одзедовте приматот, секоја чест. Ако се поевтини лежалките таму одма идам две недели на одмор, само најди ми евтин смештај 200-250 денари максимум да е... :pipi:
Лежалките не се наплаќаат,имаш гратис ситен песок,а смештај,дојди јас ке те сместам за 250 денари кај мене у гаража,пошто кај вас таа цена ја добиваш за таков “апартман“ по човек.
Е сеа за бањање остаам на твој ризик зашто има многу школки у Вардар :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Незнам што го почнавте муабетот Скопје потуристички град од Охрид:icon_lol:
Колку што знам почнате окулу јадењето дека во туристичките градови не ,чинело..во страшна заблуда сте.Да кај и да отидеш може да се поебеш на едно место ама за у охрид да најдеш асално место да јадеш ти треба сурвајвр гајд,а понекогаш ни тоа не помага.Ова вклучува и бурекџилници,сендвичари,ванаби лесковачки,ресторани и тн.Ај што имаат поголеми цени од скопје ама во цел град да не моеш асално јадење и услуга макар и пари да имаш е катастрофа.
Ја изглеа сум едини што не се бунам за пијачките,бидејки се 10+ од скопје и не е нешто ралика.Револтот го ствара услугата,иначе ние што сме од скопје сме навикнати до негде на овие цени.
:pos: :pos: :pos:
А до негде си и во право за јадењето.И јас да дојдам еднаш или два пати годишно во твојот град, големи ми се шансите да не погодам добро место за јадење...не велам дека е екстра квалитетно кај нас, ама дека немало воопшто...не си нашол :)
--- надополнето: 13 август 2012 во 18:04 ---
Ориџи,сликите ти се стари најмалце 2 години.мостот кај сок банки ако не си видел е тотално реновиран,автобуската кај Рекорд е со нов асфалт уште од лани.Секој ден возам низ Скопје,нема ниту една таква дупка како од сликиве.Можно е да има дупки по маалските улици,ама скоро сите се такви поради градежните изведби (нови згради).
Се глеа дека не си бил у Скопје многу одамна.и неможеш да збориш за Скопје кога вашите улици се како бразди спремни за садење компири.
Плус,владините реклами за ендемските видови не се само за Охрид,туку за цела МК вклучувајки го и Скопје.Така да нема пропаганда врз ориџите.
Епа Продиџи, реновирано со парите од цела Македонија.Не од Општина Центар и сл.За разлика од другите многу помали општини со многу помали буџети.

Кога сме веќе кај охридските улици кај нас сами се снаоѓаме...



































^^^^
Без денар помош од државата...

Редовно чисти и во зима

stobeks.jpg
Мај/Јуни 2012
tur2.jpg dimitar_vlahov.jpg
Само не знам кој би садел компири во нов асфалт :cool:

ПС:Метропол и Белви се целосно резервирани до 10 Октомври од овие социјалниве Холанѓани и Белгијци :)
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Ориџи,од кај ти тебе таква идеја дека Скопје е реновирано со пари од цела МК а Охрид се реновира со пари од некој што иде по куќи и собира донации кој колку има според тебе?
Секоја општина си има свој буџет од кој се користат парите за реновации на помали улици и булевари,а за поголеми проекти тогаш помага Град Скопје а не Општина Охрид.
Редно беше после 20 години да асфалтирате и вие по некоја улица,а парите се гарант од некоја странска донација пошто тешко ацо ваш дека го одмотал кесето да потроши нешто за Ориѓани.
Он е тука само да се слика демек он е заслужен.. пффф та нели избори идат
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Во Охрид јадев само во Два Бисера-Лагадин,Буре-Градиште(одлично потпечено сирење) и воглавно тестенини по бурекџилнициве. Во другите сендвичари имаш само гратис тровање. И после се чудат ориџиве зашто луѓето си носат храна од дома. Па да има од кај да се јаде и по нормални цени како и услуга,нема никој да мкне торби јадење од дома.
Избегавајте ги белведере,рибниот ресторан на самиот плоштад,суво пиперче,пинк пантер,дон вито и сите трафики и тезги кај што стаиле натпис ЛЕСКОВАЧКА скара.
овие или се прескапи,или храната нечини или двете заедно.
Ја мислам дека Штипјани и Гостиварци треба да ги подучат ориџиве како се води угостителски објект од аспект на услуга,цена и најбитно квалитет на храна. Мислам дека у Мк нема подобри од нив.
Што е финтата со "ориџиве"? Нов надимак? Зошто сакаш да ги навредиш охриѓани со тоа што измислуваш некое грдо име што никој не го користи? И како што напиша еден член во еден претходен пост, во Охрид не го користат зборот "енѕеро".
На темава, се согласувам со повеќето кои се жалат од охридскиот туризам, но ги сфаќам и охриѓаните кои се обидуваат да ви ја објаснат сопствената гледна точка. Проблемите во Охрид се мешавина на политика, криминал, мала доза на лакомост и мрза (јас лично го поврзувам тоа со the curse of natural resources) и глупава географија.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ориџи,од кај ти тебе таква идеја дека Скопје е реновирано со пари од цела МК а Охрид се реновира со пари од некој што иде по куќи и собира донации кој колку има според тебе?
Секоја општина си има свој буџет од кој се користат парите за реновации на помали улици и булевари,а за поголеми проекти тогаш помага Град Скопје а не Општина Охрид.
Редно беше после 20 години да асфалтирате и вие по некоја улица,а парите се гарант од некоја странска донација пошто тешко ацо ваш дека го одмотал кесето да потроши нешто за Ориѓани.
Он е тука само да се слика демек он е заслужен.. пффф та нели избори идат
Шкупјан, види колку е буџетот на Општина Центар или Град Скопје, па види само колку се потрошени за споменици и примети колку се од почеток веќе во минус за други ставки како реновирање улици и слично.Ако се воопшто од нивни средства издвоени...За поголеми проекти помага Град Скопје...нешто како автобусите за ЈСП (y) Многу е едноставно АКО сакаш да сфатиш.

За улиците низ Охрид.Овие улици не се од вчера, ако тебе патот ти бил од центарот до плажите друга работа.Баш намерно барав слики од попериферни населби, да не речиш центарот само итн..А и нели рече дека години не си бил во Охрид...
Парите за улиците се од буџетот на Општина Охрид, отвори на нивниот веб, едноставно е и ова за сфаќање.Не се потребни странски донации, доволно се странските туристи па освен 100% исполнетост до Октомври на добар дел хотели и работа за туристички водичи, останвит по нешо девизи и за улици и за автобуси, по некој споменик...па и по некој деловен ручек јбг ;)

И така ти викам...летово и Полјаци почнаа со посети.Баш вчера зборував со една особа од нив, чудо на ништо не се пожали, а веќе 11 дена биле тука.
Многу ја испофали Куба Либре и амејзинг вју енд плејс ...
cuba_libre.jpg
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.297
:pos: :pos: :pos:
А до негде си и во право за јадењето.И јас да дојдам еднаш или два пати годишно во твојот град, големи ми се шансите да не погодам добро место за јадење...не велам дека е екстра квалитетно кај нас, ама дека немало воопшто...не си нашол :)
Абе едно е да погодиш едно две места што не чинат,ама у цел град да има 2 места што ги бива.? Ќе се заебеш со бурекот на сабајле,еднаш, 2 пати.Ќе се заебеш со лесковачките,ќе се заебеш со демек порција у белведере..и ќе мачкаш паштета дома.И после патлиџан туристи...Не е работава дали да дојдеш кај мене еднаш или два пати,никој нема да иде на туристичко место секоја година па да ги учи местата кај што моеш да јадеш.Не е ова Сибир па да бираме кој плод од кое дрво се јаде.
Иначе до другиве, доста со глупиве муабети,секад ќе се иде во Охрид..сигорно прв одмор нема у странство да ти биде :)Фората е што сите се опуштаат дека се на одмор,а охриѓани те цепкаат по 20 денари на све,и после скапо било.Малце да има по професионален однос во издавањето соби,најбојле да биде преку агенции со студија,(За да не се расправаш со газдата),така ќе има и вансезонски пониски цени..и пољубезен однос од луѓето кој работат.Ако е ова вака не верувам некој ќе се буни за цените.
 
V

Vollstandig

Гостин
Абе едно е да погодиш едно две места што не чинат,ама у цел град да има 2 места што ги бива.? Ќе се заебеш со бурекот на сабајле,еднаш, 2 пати.Ќе се заебеш со лесковачките,ќе се заебеш со демек порција у белведере..и ќе мачкаш паштета дома.И после патлиџан туристи...Не е работава дали да дојдеш кај мене еднаш или два пати,никој нема да иде на туристичко место секоја година па да ги учи местата кај што моеш да јадеш.Не е ова Сибир па да бираме кој плод од кое дрво се јаде.
Иначе до другиве, доста со глупиве муабети,секад ќе се иде во Охрид..сигорно прв одмор нема у странство да ти биде :)Фората е што сите се опуштаат дека се на одмор,а охриѓани те цепкаат по 20 денари на све,и после скапо било.Малце да има по професионален однос во издавањето соби,најбојле да биде преку агенции со студија,(За да не се расправаш со газдата),така ќе има и вансезонски пониски цени..и пољубезен однос од луѓето кој работат.Ако е ова вака не верувам некој ќе се буни за цените.

Да се заебеш во охрид со бурекот, треба да си навистина голем малер, или не си јадел бурек.
Охрид е познат по добриот бурек, и секогаш бил прсти да си изедеш.Освен ако не си се плеснал во некоја квази-ново-отворена бурекџилница од некој чирак што работел како чистач во екс-оригинална охридска бурекџилница.

Да се надоврзам на темава, иако имам многу пати одговорено, ќе одговорам пак. Секое туриситчко место има свои маани и недостатоци.Без оглед на тоа што ние, како народ македонците сме малце повеќе пребирливи па сакаме повеќе да ни се услужува, секаде во било кое туриситичко место, факт е , и со сигурност твдам дека ќе налетаме на одредени Х особи (гости,домаќини,луѓе што нудат смештај) и ќе ни пукнат филм.Но затоа, да се потполни јинг-јангот, се наоѓаат оние, вистинските домаќини кои знаат да ги “одработат“ парите што ние им ги даваме за смештајот во нивните четириаголни ѕидни покриви над глава.Домаќинот, како човек кој ја дава пред се сликата за градот, како човек кој ви нуди смештај а за истото и ви зема одредена сума пари, би бил добар домаќин ако барем едно 10 % ви објасни нешто околу градот, што не би требало да се прави разлика од тоа дали сме ние од некое населено подрачје од македонија, или пак странски туристи, добро би било ако ви прикажи нешто повеќе за градот, па и ноќен живот,ве упати во локали, и слични информации.На истото тоа, би можеле да направат добар ќар и кафичите во склоп со домаќините-издавачи на соби, со тоа што домаќинот ќе ги упати до локалот со кој имаат направено договор, претставувајќи го како најуслужлив, со најубаво кафе со најефтини цени, итн. Сепак, доаѓа моментот кога се вика дека “Братство и единствено“ е нешто што одамна е потребно на овие простори за да може да се издигниме како нормални човечки суштества, иако од балканот, да можеме да докажиме на светот дека сепак не сме само една пустелија со несфатена култура и земјоделски народ, туку и дека меѓу нас има доста интелектуалци и нешто што навистина вреди.
Али, охрид како охрид, не би бил тој, ако ја нема и смешната страна. Дел од ендемските охриѓани:



 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
После ќе се зборело абееее
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=45442
Охриѓани најмногу летуваат во соседна Грција, пред или по сезоната
Крајот од месец август и почетокот на септември, е периодот кога охриѓани најчесто одлучуваат да одат на летен одмор.
Искуството покажува дека за нашите граѓани најбитна е цената, затоа се летува пред или по туристичката сезона кога седумдневни аранжмани – полу пансион, по човек не се поскапи од 55 односно 100 евра. Како минатите така и оваа година охриѓани се одлучуваат да летуваат претежно во Грција.

- Најбројни се охриѓани кои летуваат во Лептокарија и Неапори а не помал е бројот на оние кои се одмараат на краците. За охриѓани се привлечни промотивните пакети од 55 евра по личност . Тие со цени од 200 евра најчесто се барани од двојки или брачни парови со мали деца а вклучуваат седумдневен аранжман и автобуски превоз, вели туристичкиот работник Елида Битрак, сопственик на Т.А. „Елида турс“.
Годинава охриѓани покрај за Грција се одлучувале и за Турција

-Седумдневен аранжман за Кушадаси со вклучен автобуски превоз и појадок чини 120 евра по човек, понудата е навистина прифатлива - додава Битрак.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DBE314D7F8F33C42852B50C482469AE6
Датум: 16.08.2012, 13:31
Зголемен бројот на патниците на аеродромите во однос на лани



Министерството за транспорт и врски информира дека во месеците јуни и јули на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено истиот период минатата година. Имено, во овие месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 200.516 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 189.019 патници, што претставува пораст од 6.1 проценти.

Во текот на туристичката сезона, најзабележителен е порастот на бројот на патници кои полетале и слетале на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде во текот на јуни и јули оваа година се регистрирани 28.658 патници, што е за 16.5 % повеќе од 24.596 патници кои биле регистрирани во истиот период минатата година.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во јуни и јули се регистрирани вкупно 171.858 патници што во однос на истиот месец минатата година, кога биле регистрирани 164.423 патници, претставува зголемување за 4.5 %.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Сезоната да траеше до септември, комшииве - туристи ќе си направеа и ајвар

Не се сите туристи - туристи, како што и сите охриѓани не се туристички работници. Од овие вторите поголемиот дел се обични граѓани кои ги почитуваат гостите и имаат разбирање и за нив и за туристичките работници, но неретко се приморани да ги трпат последиците од „туризмот“ и немањето елементарно ниво на култура на поединци. Ова особено е изразено во колективните станбени згради, кои никнуваат како печурки, каде становите наменети за домување се рентаат на туристи, најчесто од непознати газди, на уште понепознати лица. Тие пак покрај секојдневното малтретирање на соседите со гласна музика, пијанки и други форми на „забава“ покажуваат и крајно некоректен однос кон инвентарот и заедничките простории, дворовите, паркиралиштата и животната средина. Отпадоците, како и отпушоците ги фрлаат од тераса, па така врз паркираните возила можат да се забележат трошки, лушпи од пиперки и друг отпад.







Тешко може да се најде оправдување за ваквото однесување на поединци, но доколку се направи малку подлабока анализа, веројатно ќе добиеме одговори, кои покрај граѓаните, кои се свесни за тоа што им се случува во сезона, сериозно треба да ги загрижат пред се туристичките работници и надлежните институции. Една поедноставна теза за која не е потребна посебна експертиза е: „какви гости, таков туризам“, а со илјадниците направени и уште толку планирани викенд станови, Охрид не треба да гаи надеж дека може да развива елитен, културен, верски, алтернативен, спортски, венчален или некој друг, посакуван вид туризам. Едноставно едното со друго не оди.

Г. Момироски

20.08.2012 00:05

Прочитана е : 333 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​

Добра статија комши :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom