Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
V

Vollstandig

Гостин
Сезоната да траеше до септември, комшииве - туристи ќе си направеа и ајварОтпадоците, како и отпушоците ги фрлаат од тераса, па така врз паркираните возила можат да се забележат трошки, лушпи од пиперки и друг отпад.

Не е проблемот само во немањето култура, туку и во законот. Зошто ги донесоа казните, за плукање, фрлање отпушок и слично по 50 евра? Иако сеуште фалат канти, али казните се веќе одамна на сила, али тешко се применуваат. Туризам,маде голо, на одмор се знае како се иде во македонски услови, 10 тегли ајвар од ланска зимница, паштети на распродажба по најефтини цени, се гнети по цел ден, се пие ракија а вечерта фрли ги 'баму спечало низ пенџере, си има служби за чистење вработено. Ако не ги исчистат, ич немај галје стојанче, и онака си платил 300ки за смештај- душата извај му ја, 'баму орицкио.

Ова со насловот, “уште ајвар да направеа“, ме потсети последен пат кога појдов на некој ден до охрид. Се сместив во еден апартман, а станот ко стан, нормално незачитен, пошто сабалјето заминале гостите а јас по некој саат сум се вселил. Кујната беше преполна со домајќински реквизити, од типот масло, брашно, црвен пипер, во кантата лупени компири, тенџериња, лајци кутлачи,вегета итн. Цел ден се прашував кој талент беше што на одмор дојде со манџи тенџериња и ручеци да прави, додека не заѕвона на врата еден пристар човек да си ги побара тенџерињата назад.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Цел ден се прашував кој талент беше што на одмор дојде со манџи тенџериња и ручеци да прави, додека не заѕвона на врата еден пристар човек да си ги побара тенџерињата назад.
Абе ме изнасмеа да си ебиш веко.Еми имаше едни, не можа да шетаа по цел ден, наводно скапо му било, а не им држи газето да не дојда на одмор, та да се пофала после дома колку се испијаниле таа и таа вечер во најјакио кафиЌ.

А за чистотата, не знам колку пати на форумов имам спомнато дека охридските комуналци се едни од најработливите фирми под општинска капа.Секое сабајле ги среќавам дали во 6:30 или 7:30 со метлите низ град и едни мали возила за улици метење, зимата секојдневно со фрлачи на снег и камиони за улици чистење.Секои 3-4 месеци, акција за гратис цвеќе на жители по реони (последно одеше Туристичка и Јане Сандански од ХХХ до ХХХ број).Пред сезоната ги дезинфицираа сите контејнери.
Е сега на лето, еби му мајката од вакви работи и од дупло народ во градот не можат да постигнат.Три пати дневно идат до контејнерите пред зграда, грев е да се пожалиме.Ама ете не е доволно и толку некогаш, за жал.
 
Не може комуналец онолку да исчисти колку што може македонецот да извалка.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Оваа година бев, полуслужбено, ама немам поплака. Сите имаа ситно, ниту еден продавач не се обиде да ме опљачка, келнерите беа многу срдечни.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Време беше, се надевам добро ќе си ја завршат работава инспекторите!!!
50 евра ќе плати секој чекач кој со лист хартија лови гости на автобуската станица

Со заеднички сили локалните инспектори и полицијата ќе се борат против охриѓани кои со листови хартија на кои пишува“Издавам соби“ ги “ловат“ гостите на автобуската станица. Сликата е грда за минувачите, а туристите понесуваат лош впечаток за нас како некултурни жители во туристички град.

“Покренати се многу прекршочни пријави за чекачите на автобуската станица кои буквално се грабаат по гостите. Веќе е формирано тело од полицајци и дежурни инспектори кои за некултурните граѓани ќе пропишуваат казни од 50 евра, вели раководителот на Локалниот инспекторат, Танас Танасоски.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Оваа година бев, полуслужбено, ама немам поплака. Сите имаа ситно, ниту еден продавач не се обиде да ме опљачка, келнерите беа многу срдечни.
Само патот до Св. Наум многу лош. ЈАс се жалев дека во ИСточна МАкедонија патиштата ни се а никаде, а таму две комбиња не можат да се разминат.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Само патот до Св. Наум многу лош. ЈАс се жалев дека во ИСточна МАкедонија патиштата ни се а никаде, а таму две комбиња не можат да се разминат.
Па што да се прави кога нема пари општината ?? За тоа што има се прават патиштата али за тој пат многу пари треба за кои владата несака ни да чуе ... попрво би изградиле уште некој споменик во скопје отколку да даваат за да се направи патот во најголемиот туристички центар во земјава !
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Време беше, се надевам добро ќе си ја завршат работава инспекторите!!!
50 евра ќе плати секој чекач кој со лист хартија лови гости на автобуската станица

Со заеднички сили локалните инспектори и полицијата ќе се борат против охриѓани кои со листови хартија на кои пишува“Издавам соби“ ги “ловат“ гостите на автобуската станица. Сликата е грда за минувачите, а туристите понесуваат лош впечаток за нас како некултурни жители во туристички град.

“Покренати се многу прекршочни пријави за чекачите на автобуската станица кои буквално се грабаат по гостите. Веќе е формирано тело од полицајци и дежурни инспектори кои за некултурните граѓани ќе пропишуваат казни од 50 евра, вели раководителот на Локалниот инспекторат, Танас Танасоски.
Зошо еднаш не се договорет за вакви работи да речиме на пример, пред почеток на сезона?? Лани исто беше за тезгите, од ко заврши сезонава ќе имало инспекции, ќе имало казни....Можда зафатени се со градежни зафати на сред сезона, зато се немат време за друго!
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
ohrid obikolnica mapa.jpg
Само патот до Св. Наум многу лош. ЈАс се жалев дека во ИСточна МАкедонија патиштата ни се а никаде, а таму две комбиња не можат да се разминат.
Па што да се прави кога нема пари општината ?? За тоа што има се прават патиштата али за тој пат многу пари треба за кои владата несака ни да чуе ... попрво би изградиле уште некој споменик во скопје отколку да даваат за да се направи патот во најголемиот туристички центар во земјава !
Патот (магистрала) Охрид - Св. Наум не е во надлежност на Општина Охрид, туку Македонија Пат т.е. Централна Власт.Е сега овие другиве можда ќе речат на општинска површина е, бла бла ама реално магистрални патишта се надлежност на Македонија Пат.
Во ‘втората половина на 2012‘ требаше да почнат со пробивање нов нормален магистрален пат Косел - Свети Наум (над Скребатно, Лескоец, Велгошти, Рамне и над постоечкиот пат над Св. Стефан, Пештани, Градиште, Трпејца, Љубаништа до ГП Свети Наум).За од страна на Битола да не се редат колони кај Автобуска и по 7-ми Ноември до Охридска Банка...а и од Косел, Велгошти, Лескоец да си одат директно на плажа.
Во иден план се и другите на картава, години наназад, а реализација....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Време беше, се надевам добро ќе си ја завршат работава инспекторите!!!
50 евра ќе плати секој чекач кој со лист хартија лови гости на автобуската станица

Со заеднички сили локалните инспектори и полицијата ќе се борат против охриѓани кои со листови хартија на кои пишува“Издавам соби“ ги “ловат“ гостите на автобуската станица. Сликата е грда за минувачите, а туристите понесуваат лош впечаток за нас како некултурни жители во туристички град.

“Покренати се многу прекршочни пријави за чекачите на автобуската станица кои буквално се грабаат по гостите. Веќе е формирано тело од полицајци и дежурни инспектори кои за некултурните граѓани ќе пропишуваат казни од 50 евра, вели раководителот на Локалниот инспекторат, Танас Танасоски.
грда била сликата,ами ако немам да платам за пансион 1500 денари ?! значи да не мрдам нигде..........не куца магарето од вакви примери,ама прво нешто кога ќе видам казна па и во евра - страшно ме иритира
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
До вчера ова го слушав од ‘туристите‘ во некој стан во мојава или околниве згради, сега почнаа и дојденциве од странство со свадби :tapp:
Како летово се „спие“ во населбите Воска и Лескајца

Лето е, сезона на свадби. Таман една ќе заврши, друга ќе почне. Ако, за убаво да е, ама понекогаш и од многу убаво може да ви преседне. Особено ако во блиската околина се прави веселба во двор со озвучување за концерт на стадион. „Ах оваа наша чудесна земја.“
OhridNews

20.08.2012 09:15

Прочитана е : 1544 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Зошо еднаш не се договорет за вакви работи да речиме на пример, пред почеток на сезона?? Лани исто беше за тезгите, од ко заврши сезонава ќе имало инспекции, ќе имало казни....Можда зафатени се со градежни зафати на сред сезона, зато се немат време за друго!
И тоа што викаш, треба да се почне со чистење кога почнува сезоната, а не сега на крај! Ама реално треба да се стави крај на оваа појава! Незнам за другите ама јас не би сакала некој да ми се шитка пред кола со табли! Побогу еднаш ќе изгазевме еден таков!
--- надополнето: 20 август 2012 во 19:04 ---
грда била сликата,ами ако немам да платам за пансион 1500 денари ?! значи да не мрдам нигде..........не куца магарето од вакви примери,ама прво нешто кога ќе видам казна па и во евра - страшно ме иритира
Си има соодветно место за таквите понуди! Она што го гледаме на патиштата е стварно грдо и не доликува, за идна и солдина туристичка дестинација!
--- надополнето: 20 август 2012 во 19:06 ---
До вчера ова го слушав од ‘туристите‘ во некој стан во мојава или околниве згради, сега почнаа и дојденциве од странство со свадби :tapp:
Како летово се „спие“ во населбите Воска и Лескајца

Лето е, сезона на свадби. Таман една ќе заврши, друга ќе почне. Ако, за убаво да е, ама понекогаш и од многу убаво може да ви преседне. Особено ако во блиската околина се прави веселба во двор со озвучување за концерт на стадион. „Ах оваа наша чудесна земја.“
OhridNews

20.08.2012 09:15

Прочитана е : 1544 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Шконине од Германија и Швајцарија.......:tapp:....малце се тапаните за на молитва, и пејачине на кулине, нема ден без 10 свадби....
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Е ова не е од Охриѓани, ова е од локалната и централната власт.Или СДСМ + ДПМНЕ, ако сакате.
Струен удар можна причина за инцидентите во Канео
Надлежните служби се уште не ги имаат откриено причините за вчерашниот инцидент на плажата кај Канео кога повеќе капачи се пожалиле на здравствени проблеми, но сомнежите се дека се работи за струен удар предизвикан од дефект на инсталација. За каков дефект станува збор денеска никој не знаеше да каже со точност.

Жителите на населбата Канео вознемирени од инцидентот, раскажуваат дека лицата кои се пожалиле на здравствени проблеми кажувале дека нешто ги здрмало во вода. Тие велат дека пумпите од колекторскиот систем често се во дефект и дека фекалии истекуваат во вода, што во допир со струја може да предизвика струен удар.

-Кажуваат дека струја ги фатила луѓето во езеро, ги тресело нешто. Пумпите од колекторт неколку дена не работат. Можно е да има некаков спој ако се поплавени пупмите, вели Наум Мато – жител на Канео.

Хусеин Ќато раководител на одржување и изградба на канализационен систем во ЈП „Нискоградба“ изјави дека синоќа имало механички дефект на една од пумпите во населбата Канео, но не и проблем со струјата. Тој тврди дека дека инцидентот не е предизвикан од пумпите, кои, како што рече, се контролираат и одржуваат 24 часа на ден.

-Инцидентот како што разбрав од нашите работници не бил кај пумпите туку кај бифињата околу. Ние имаме пумпна станица која работи со тековни проблеми, кои се отстрануваат, меѓутоа со струјата нема никаков проблем.- рече Ќато.

Жителите на Канео се жалат дека системот за одведување на фекални води од населбата е несоодветен и дека постојано има проблеми и дефекти од кога е поставен, што предизвикува излевање на фекалии во Езерото.

- Ова е трет - четврти пат како тече јамата во Канео. Имам три деца едното го носев деновиве на ушно имаше инфекција. Водата е мрсна и сега има трева на дното, а во Канео никогаш немало немало трева. Водата е загадена и нема што повеќе да криеме, изјави Ирак Каневче, локален жител.

Од ЈП „Нискоградба“ велат дека сегашното решение за одведување на фекалните води во населбата Канео е изнудено, затоа што местоположбата на колекторот не дозволува друг пристап, но дека тој е функционален.

-Од време на време може да дојде до мали истекувања во езерото, но благодарение на тој систем ние денес имаме вода од прва категорија во најголем дел, вели Ќато.

По инцидентот за кој пишуваше OhridNews, екипи на Заводот за здравствена заштита денеска излегоа на терен да го проверат квалитетот на водата во езерото кај Канео, а проверка се врши и на заземјувањето на околните објекти со цел да се отстрани евентуалниот дефект кој би можел да предизвикува струен удар.

Горан Момироски

Неразјаснети инциденти на плажата кај Канео?

1
21.08.2012 13:57

Прочитана е : 2256 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Да не е само негативна вест, сабајлево кај ОБ гледам се растовараа една група деца средношколци така нешто - 6 автобуси од ‘блиската‘ Естонија и 2 од Латвија:eek: Интересно.После нив уште 2 автобуси од Словачка, 2 од Турција,1 со Унгарци и неколку домашни :)
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Шконине од Германија и Швајцарија.......:tapp:....малце се тапаните за на молитва, и пејачине на кулине, нема ден без 10 свадби....

Уште една недела, па ќе си се вратет на гурбет.

И така доаѓаат само еднаш годишно, а како одминуваат годините, младите нема да сакаат ниту на одмор во МКД да доаѓаат.

Еј, само 5% се, а прават такви вреви...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Видео: Сите убавини на Охрид од холандска перспектива
Холандски туристи прекрасно поминатиот одмор во Охрид го овековечија со уште поубав видео спот кој деновиве е хит на социјалните мрежи. На спотот тие ги претставуваат местата кои ги посетиле за време на одморот, а видеото веќе предизвика бројни позитивни коментари на Интернет. За идејата и реализацијата на видео спотот во кој се поместени природни пејзажи и места за одмор и рекреација, авторите кои одлично се забавувале за време на одморот во Охрид, заслужуваат чиста 10-ка.
OhridNews

3

24.08.2012 22:58

Прочитана е : 1372 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom