Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Скопје во мај го посетувале 492 странски туристи дневно

Странски туристи, странско-домашни туристи од дијаспорава, делегации, транзит туристи, овие владава што ги рани со пастрмки за да инвестираат, македонскиве странци со блгарски корења, грчките мегакоцкари... и уште многу други видови...

Широкоспектарна дефиниција за поимот турист според потребите на писателот..

А овај заводов за статистика од каде влечи информации? Од хотелските/мотелските записници, и од тие што се пријавиле во МВР како странци со привремен претстој?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Абе шо паничите кај ќе најте ваква плажа на сред улица :D








0:45 :sneaky:
И некоја од мене
1877.jpg 1878.jpg 1879.jpg 1881.jpg 1883.jpg
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Холанѓанки учат нуркање во Охрид

Среда, 01 Август 2012 08:30


Тие, заедно со инструкторите од Центарот за нуркање Амфора уживаат во дневните и ноќните прошетки покрај подводните археолошки наоѓалишта, пливајќи низ убавината од ендемични видови риби и растенија
Заливот на коските во Градиште или Миќовград е дефинитивно најголемата атракција за странските туристи. Тие се воодушевени од неолитската наколна населба која е единствена од ваков вид на Балканот и артефактите кои можат да ги видат во Музејот, но за нив неповторливо доживување е можноста да нурнат во водите на Охридското Езеро и да прошетаат покрај подводните археолошки наоѓалишта. Во тоа им помагаат нуркачите од Центарот за нуркање Амфора, кој се наоѓа во склоп на Музејот, искусни момци и девојки кои во водите на Охридското Езеро се шетаат како и низ охридските улици. Раскажуваат дека во текот на денот како придружба на туристите влегуваат повеќе од два пати, но велат дека секое влегување е уживање и посебно доживување.
- Езерото е вистинска археолошка ризница и полно со ендемични видови флора и фауна, нешто што ретко може да се најде на друго место. Тоа е вистински предизвик и за искусните нуркачи и за почетниците. Туристите особено странците, покажуваат голем интерес како за денските така и за ноќните подводни авантури. Она што е интересно е тоа дека се почесто за нуркање се јавуваат жени. Најголем број се од Холандија, Белгија, од соседните земји... Само лани под водите на езерото влегоа 280 Холанѓани, а од нив повеќе од половината беа дами, вели Милутин Секуловски - Миќо, првиот човек на Центарот и најзаслужниот за откривањето на Неолитска населба која во негова чест се вика Миќовград.
Додека го водевме разговорот со нашиот многу пријатен домаќин, неговиот наследник Јован заедно со својот тим, подготвуваше шестчлена група странци за подводна авантура. Всушност, пред да се облече нуркачката опрема, мора да се помине теоретска подготовка која трае околу еден час, што претставува обука за ракување со опремата, за безбедно влегување и дишење под вода, за учење на азбуката за подводна комуникација.
- Трет ден сум во Охрид и кога во мојот хотел ја видов понудата за нуркање веднаш посакав да пробам.
Никогаш не сум го правела ова, се надевам дека ќе преживеам, на шега ни рече Холанѓанката Настасја Ван Хоф додека заедно со инструкторот се подготвуваше за подводната авантура. Во истата група беше и Мирјана Васиљевиќ од Рума која имала претходно нуркачко искуство на Ада Циганлија во Белград, но по еден час подводна прошетка се уште возбудена кратко искоментира: тоа е прекрасно луѓе, како да влегов во временска машина! Археолошки наоѓалишта под вода обележени и околчени исто како и на копно. Убавина од растенија, риби, па дури и змиите кои попат ги сретнавме ми изгледаа убаво#.
Скуба дискавери е програма за почетници со едночасовна подводна прошетка до длабочина од 6 метри, во придружба на инструктор која се реализира во исклучително безбеден подводен амбиент, појаснува нашиот домаќин. Миќо е еден од ретките, не само во Македонија туку и во регионот кој ги поседува сите ССИ меѓународно признати сертификати за секаков вид на нуркање. Освен што е основач на нуркачкиот центар, тој е инструктор на специјалната армиска единица Волци и секогаш активно вклучен во сите проекти кои се реализираат под вода. Раководи со екипите за деминирање на Охридското Езеро, а без него не се реализира ниту една еколошка акција. Нурка 29 години и досега тоа го има направено повеќе од 7000 пати, бројка со која во светски рамки можат да се пофалат само малкумина. Во езерото влегува најмалку еднаш дневно во денот во зимскиот период, а на лето дури и по пет пати.

(Е.А.) ohrid1.com
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Екскурзии од Полска - деца :) Имаше и други, ама доволно е и ова . ESKA.jpg
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.462
Поени од реакции
9.165
Ние охриганите сме најлошите и најнељубезните домакини на светот?
....Затоа на некои смешни уредници на национални телевизии, кои јавуваат дека по проектот Скопје 2014, главниот град е попривлечен од Охрид им порачуваме дека тоа е најголемата глупост што сме ја чуле....
Ова лето останаа полупразни леглата на станоиздавачите, полупразни се рестораните и кафулињата, а уште попразни џебовите на охригани. Им успеа кампањата на фините и културни скопјани и туристичките агенции од главниот град кои уште во јануари закупија легла на грчкото крајбрежје. Цела пролет на социјалните мрежи, електронските и пишуваните медиуми охригани беа предмет на потсмев, со измислени приказни за нивната нељубезност,за високите цени, за неквалитетните услуги. За жал и владата со непримерните спотови им помогна да ја заокружат целата таа лакрдија. А како капак на кампањата беше општина Охрид каде на диво поставените билборди во градов имаше реклами за летувања во странство!?
Испадна дека ние охриганите сме најлошите и најнељубезните домакини на светот. Не дека сме без мани, но ја претераа. Зачудува само тоа како странците имаат најпофални зборови за нас, а за граганите од сопствената држава, особено за оние од Скопје сме некултурни и провинцијалци.
Но,овде треба да им кажеме на големите граѓани, населени во "МЕТРОПОЛАТА" од којзнае кои села низ Македонија дека ја претераа. Треба да знаат дека овој град бил и ке остане културен центар на нашата држава,како што ке остане и најголем туристички центар. Затоа на некои смешни уредници на национални телевизии, кои јавуваат дека по проектот Скопје 2014, главниот град е попривлечен од Охрид им порачуваме дека тоа е најголемата глупост што сме ја чуле. Ако гостите што се стационирани на охридското крајбрежје при еднодневните екскурзии низ земјата го посетат и Скопје, не значи дека тие оствариле и нокевања. Во тоа има голема разлика,а нормално е во главниот град да доагаат огромен број странски и домашни бизнисмени, кои сиротите ги есапат за туристи.
Се жалат скопјаните на сместувањето и цените. Браво бе господа, а заборавате што им нудите и по кои цени на нашите деца-студенти кои плакаат огромни кирии за муфлосани и смрдени простории. Вие не дерете 10 месеци и со тие пари купувате станови во Охрид и плус ке не плукате. Кога студентите се кај вас случајно да не плакаат поевтини цени во рестораните и кафулињата. Работава е удри и офкај. Си ги издаваат сограѓаните становите низ Охрид и уште им било тешко што треба да ги плакаат давачките на јавните претпријатија преку целата година. Но,тоа е малку,бидејки во сите туристички центри во светот доколку богаташите поседуваат викендички и станови си плакаат даноци на општината. Тоа е решението за да кренеме глава од патлиџан туристите, кои повеке му нанесуваат шети, отколку што градот има кар од нив.
Мегутоа, работите не треба да застанат тука. За сегашната состојба во Охрид кумуваат повеке охридски локални властодршци,кои со урбаната мафија го уништија Охрид и неговата иднина како туристички центар. Одговорност треба да понесат сите досегашни градоначалници и советниците кои дозволуваа и дозволија урбаната мафија да завладее со овој град. Во тоа треба да помогне и државата затоа што работите излегоа од контрола. Ке моземе ли да се вратиме на вистинскиот колосек,ке зависи само од нас-ГРАГАНИТЕ, кои го сакаат својот Охрид.
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Дечкото си е во право, кои црни туристи во Скопје? Што ќе гледаат, Вардар, портата, психоделијата од споменици? Дај, реално, што некого би го поттикнало да дојде во Скопје како турист? И кога спомна веќе Јапонци, кај си видел во Скопје организирана тура Јапонци да шетаат низ град? Или БИЛО КАКВА организирана група на туристи низ Скопје? Смешно...
Скопјанка сум, ама ваков локал патриотизам е трагикомичен. Тие што го посетувале Скопје "туристички" се веројатно луѓето кои доаѓале во Скопје по работа, дали 1/10 (во најдобар случај) од сите се дојдени за шетање. Разграничете "работна посета" и "туристичка посета" на град.
Штом не си видела овакви групи кои организирано шетаат низ Скопје тогаш или си од некое од околните села или од дома не излагаш,или пак неможеш да препознаеш туристи од локално население. Доволно е 10 минути да се прошеташ низ плоштадот или да седнеш некаде на ул.Македонија и ке видиш за што зборам. Ама кога ни завод за статистика не е релевантен за вас тогаш вие заедно со оној ориџинот сте некоја посебна врста на статистичари. Ти и да се удриш у група Јапанци низ центар пак нема да сфатиш дека се работи за туристи.
Жално како може партиска пропаганда да ти го уништи здравиот разум..
--- надополнето: 12 август 2012 во 15:17 ---
Странски туристи, странско-домашни туристи од дијаспорава, делегации, транзит туристи, овие владава што ги рани со пастрмки за да инвестираат, македонскиве странци со блгарски корења, грчките мегакоцкари... и уште многу други видови...

Широкоспектарна дефиниција за поимот турист според потребите на писателот..

А овај заводов за статистика од каде влечи информации? Од хотелските/мотелските записници, и од тие што се пријавиле во МВР како странци со привремен претстој?
Ако не седни ти на плоштад,земи пенкало и лист и праи статистика.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.032
Поени од реакции
5.920
Охрид скап за домашните туристи


Домашните туристи годинава го одминуваат Охрид. Најголем дел од Македонците летуваат во соседството. Според туристичките работници причината за тоа се поволните пакет аранжмани кои се нудат во Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Турција.​


Охрид не ја научи лекцијата, остана скап за македонските туристи.

Најмногу поплаки има на цените на сместувањето и услугите.​


- Мислам дека цените не се многу скапи за нас од странство, но за македонски услови се доста скапи, велат иселеници во Австралија.

- За македонскиот стандард цените се многу високи, вели иселеничка во странство.

На брегот на Охридското Езеро годинава вистински одмараат гостите со подлабок џеб. Холанѓаните и Финците може да си дозволат луксузно сместување и услуги.

- За нас е многу добро. Холандија е многу скапа па за Холанѓаните Македонија е доста евтино, вели гостин од Холандија.

- Ние сме од Холандија, цело семејство сме тука. Минатата година бевме исто така многу ни се допадна и еве сега годинава повторно додјовме, вели турист од Холандија.

- Ние сме дванаесет луѓе и лани бевме и ова лето повторно дојдовме, ни се допаѓа, вели гостинка од Холандија.

Хотелските капацитети се целосно исполнети со странски туристи, а во приватното сместување гости има само за викенди. Но и покрај тоа цените останаа исти. Во градот нема апартман под 30 евра.​
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Мајка му стара бре што е поскапо во Охрид од на пример Грција? Па уште некој има уста да кажува дека во Скопје има повеќе туристи оти некој наредил 20 гипсени статуи?

Па уште и се зборува за партикска пропаганда, ова на Охрид што му се прави што е. Не дека е туризмот таму совршен но со текстот постиран од filip08 се сложувам целосно.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Штом не си видела овакви групи кои организирано шетаат низ Скопје тогаш или си од некое од околните села или од дома не излагаш,или пак неможеш да препознаеш туристи од локално население. Доволно е 10 минути да се прошеташ низ плоштадот или да седнеш некаде на ул.Македонија и ке видиш за што зборам. Ама кога ни завод за статистика не е релевантен за вас тогаш вие заедно со оној ориџинот сте некоја посебна врста на статистичари. Ти и да се удриш у група Јапанци низ центар пак нема да сфатиш дека се работи за туристи.
Жално како може партиска пропаганда да ти го уништи здравиот разум..
Добро, не сум била на плоштад од почетокот на 2011, не бев во Скопје, се вратив пред неполн месец.
Ама како им земале пари за туристичко разгледување на Скопје, да ми е да знам. Да им ги вратат парите :pos:
Не е партиска пропаганда, жими Елвис, не сум во ниедна партија, само неприфатлива ми е идејата дека некој би дал пари како турист да дојде во Скопје. Секако, ќе прошетам деновиве да видам на што личи сега центарот, дали мисија Клеопатра е успешна.
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Мајка му стара бре што е поскапо во Охрид од на пример Грција? Па уште некој има уста да кажува дека во Скопје има повеќе туристи оти некој наредил 20 гипсени статуи?

Па уште и се зборува за партикска пропаганда, ова на Охрид што му се прави што е. Не дека е туризмот таму совршен но со текстот постиран од filip08 се сложувам целосно.
што му се прави?
--- надополнето: 12 август 2012 во 15:36 ---
Добро, не сум била на плоштад од почетокот на 2011, не бев во Скопје, се вратив пред неполн месец.
Ама како им земале пари за туристичко разгледување на Скопје, да ми е да знам. Да им ги вратат парите :pos:
Не е партиска пропаганда, жими Елвис, не сум во ниедна партија, само неприфатлива ми е идејата дека некој би дал пари како турист да дојде во Скопје. Секако, ќе прошетам деновиве да видам на што личи сега центарот, дали мисија Клеопатра е успешна.
Да се разбереме,не ми е и мене по кеф што наредија еден куп споменици и не зборам дека има повеќе од Охрид,ама неможе да негира некој дека нема туристи во Скопје
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Се е поскапо во Охрид . Прво смештајот во Грција ќе идеме сега во апартман во вила ( двајца) од човек плаќаме 80 евра со превоз за 8 дена, во Охрид ако најдеш апартман за овие пари да ми се јавиш , после лежалки во Грција две лежалки со чадор плус кафе плус минерална вода ти се 2 и пол евра а во Охрид 150 денари една утепана пластична лежалка. Наместо да се жалат и да се убедуваат тука охриѓаниве по форуми нека се подобрат малце. А иначе за рекламине се во нив е чиста вистина. Сега кога бев во Ох. одам на пазар и таа продавачката прво не ти дава сам да си избереш, а после она ми ставила скапани сливи во кеса ми идеше од глава да и ги треснам. Два пати ми се деси ова на пазар годинава .
Јас не сум од Охрид, но сум бил и во Грција и во Охрид, и такви прикаски колку било ефтино во грција не ми кажувај. Де дај ја таа понуда да ја видам за 80 евра по човек за 8 дена. Јадење по ресторани, пицерии и сл. е далеку поефтино во Охрид него ли Грција.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^

.."За Макдонија странците обично дознаваат од рекламните кампањи кои ги спроведува македонската Влада на светските ТВ – канали и кои ги даваат очекуваните резлултати"...
Најверојатно мислеле на оваа
или оваа...некако ме потсети на силуваната Французинка во Скопје
Или ова...
на мојот муабет за дивјаците дојдени ‘на одмор‘ реагираа со Абе навикнете се, туристичко место ова она...ама гостите во градот да не биле вознемирувани од музиката :tapp:

..."Скопје станува светска метропола"...


:confused:

Да немаме забуни, не само Скопје туку и другите места.Ниту еден град не е претставен само од неговиот центар.Лесно е за центарот и некој плоштад.И периферните населби се дел од градот.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
што му се прави?
--- надополнето: 12 август 2012 во 15:36 ---


Да се разбереме,не ми е и мене по кеф што наредија еден куп споменици и не зборам дека има повеќе од Охрид,ама неможе да негира некој дека нема туристи во Скопје
Штотуку ги видов туристите кои доаѓаат во Скопје. Сега сѐ ми е јасно... :unsure:
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Ориџи,сликите ти се стари најмалце 2 години.мостот кај сок банки ако не си видел е тотално реновиран,автобуската кај Рекорд е со нов асфалт уште од лани.Секој ден возам низ Скопје,нема ниту една таква дупка како од сликиве.Можно е да има дупки по маалските улици,ама скоро сите се такви поради градежните изведби (нови згради).
Се глеа дека не си бил у Скопје многу одамна.и неможеш да збориш за Скопје кога вашите улици се како бразди спремни за садење компири.
Плус,владините реклами за ендемските видови не се само за Охрид,туку за цела МК вклучувајки го и Скопје.Така да нема пропаганда врз ориџите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom