Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
Не се секирајте, имат љуѓе Вчера и завчера немаше место по кафичи да фатиш
И една колумна
Алфа ТВ објави прилог за текот на туристичката сезона во Охрид, потенцирајќи го разочарувањето на туристичките работници со туристичката сезона, мерејќи ја преку приходите.
И една колумна
Алфа ТВ објави прилог за текот на туристичката сезона во Охрид, потенцирајќи го разочарувањето на туристичките работници со туристичката сезона, мерејќи ја преку приходите.
Алфа ТВ: Охрид уште пред почетокот на сезоната се полнеше со странски туристи,како никогаш досега. На крајот, разочарување кај туристичките работници, кои на почетокот на летото триеја раце , со нетрпение очекувајќи ги најавените 10.000 туристи од Холандија, Белгија и Финска.
Всушност, реалноста која јас ја гледам како граѓанин на Охрид кој не е вклучен во туризмот во било каков облик, е сосема поинаква. Мене ми изгледа дека во Охрид на лето има сè повеќе и повеќе гости, било домашни, било странски. Тоа се забележува и од подолгите колони возила кои се создаваат на влезот од градот, и од турканиците по старата чаршија, гужвите по маркетите, пазарите, плажите, како и од хроничниот недостиг на паркинг простор во поширокото централно подрачје.
Мене ми изгледа дека разочарувањето кај туристичките работници е можеби реално ако се гледа колку секој од нив заработил за време на сезоната, на пример преку издавање соби и апартмани. Но, во исто време никој не ги зема предвид илјадниците нови станови кои се продадени во изминатите години, повеќето на сопственици кои живеат во други градови. Повеќето од овие станови на лето се полни со туристи, бидејќи во нив се или сопствениците, или нивните деца со друштво, или нивни роднини и пријатели и слично.

Понатаму, никој не го зема во обзир фактот дека во последните години во Охрид никнаа десетици нови хотели, но и дека соби се издаваат веќе низ речиси целиот град, наспроти тоа што порано се издаваше само во центарот на градот.
Па така, ако бројот на туристи е зголемен, но истовремено се зголемени и туристичките капацитети, односно конкуренцијата, логично е зошто сезоната од година во година се „прогласува“ за неуспешна, иако јас сум убеден дека сега „се вртат“ барем десет пати повеќе пари отколку пред 20 години. Сега колачот се дели на повеќемина, и тоа изгледа дека е клучот на нашата загатка.
Поголем проблем, според мене, е на какви ниски гранки паѓа понудата која им се дава на туристите по чаршијата. Еве неколку работи кои ми пречат:

- Се издаваат дозволи за истовремено одржување на два или повеќе настани на градскиот плоштад (едно пред споменикот на Климент, друго пред пристаништето, на пример), па доаѓаме до непријатна ситуација да се мешаат две силни озвучувања. Виновник: тој што издава дозволи.
- Низ центарот постојано никнуваат нови паркинзи кои се наплаќаат, со што на жителите на Охрид (но и на гостите) им се прави животот уште понеподнослив, бидејќи ем треба да трошат пари за нешто што е заедничко добро, ем треба да трошат време кружејќи низ центарот додека да се снајдат низ лавиринтот од паркинзи и погрешно паркирани автомобили. Виновник: тој што издава дозволи.
- Плоштадот стана тесно грло, мало сокаче низ кое едвај се поминува, заради десетиците нови маси кои кафулињата ги поставија пред своите објекти. Виновник: тој што издава дозволи.
- Чаршијата е полна со полу-диви продавачи на музика и филмови, разни ламарини и жици кои се продаваат како накит, ножеви за зелки, креми за отстранување флеки, маици со вулгарни натписи кои се проминентно изложени (ги гледаат и возрасни, но и деца), еготрипни машини за боксирање, кинески сваштарии, електрични колички за деца, „замоци“ за скокање и уште триста други тракатанци. Сите тие се на самоделски тезги (наспроти униформни и убави, издадени од општината, какви што може да се видат во „нормални“ туристички центри), со кабли за струја кои лежат насекаде и кои ги сопкаат минувачите, а со обзир дека се нестручно поставени, постои опасност и од струјни удари. Виновник: тој што издава дозволи и тој што не спроведува инспекции.
- Но, можеби најлоши од сите се продавачите на прехранбени производи: пржени крофни (овие приватно си ги нарекувам „канцерогенки“), пуканки, пченки, спорт за заби (лешници, семки...), ѓомлезиња, карамелизирани јаболка и слично. Сликата е пеколна: смрди и чади на сите страни како некоја комбинација од панаѓур и ѓубриште, хигиенските стандарди се испод секое ниво, се пече, вари и пржи храна на отворено, на само неколку метри од улица по која поминуваат автомобили, мотори, велосипеди и пешаци... Охрид се наоѓа во држава која воведува професионални стандарди во производството и преработувачката на храна, па оттука можам слободно да кажам: поминале сите овие покрај ХАСАП и не ни погледнале во тој правец. Виновник: тој што издава дозволи и тој што не спроведува инспекции.
- Сите овие полу-диви шиткачи (туристички работници) не издаваат фискални или било какви сметки за производите кои ги продаваат. Виновник: тој што не спроведува инспекции.
Кога ќе ги земеме во обзир сите овие проблеми, кои од година во година се зголемуваат, мора да се запрашаме: што прави една туристичка сезона успешна? Може ли критериумот за успешност да бидат само парите? Дали Македонија и Охрид навистина сакаат да привлечат и услужат категорија на туристи која е сосем незаинтересирана за стандарди, барем додека цената е доволно ниска за нивните џебови? Дали граѓаните на Охрид (но и гостите) мора да ги трпат ненормалните гужви, галами, смрдеа и останати деривати на туризмот а-ла-среден-век, за потоа да слушаат како никој не е задоволен, ни тие што дошле, ни тие што ги пречекале? Дали еднаш во оваа држава некој ќе им направи контрола на тие кои треба да вршат контрола?