Официјална посета на Македонците, во Македонија!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Крусер, продолжи да спамираш и ќе те банирам.

Proceed.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Светот на Македонија гледа како на земја која сеуште си бара име,знаете ли зошто е тоа така?Мислите ли дека тоа е само заради геноцидниот став на Грција?Знаете ли дека на многу наши пријатели во странство не им е јасно дали ние сакаме да бидеме Македонци или си преговараме со Грција за да си го смениме името.
Деновиве едни стари пријатели Германци дојдени на одмор по традиција во Македонија ми го поставија ова суштествено и болно прашање:
-Зошто сакате да се преименувате?
Најнапред помислив дека не ги разбрав,па ги замолив да ми го повторат прашањето,др.др.Карл(соговорникот) полека и малку гестикуларно ми го повтори прашањето кое ми изгледаше малку чудно.
Му одврзав за некакви УН па ЕУ кој се солидаризираат со Грција и кој не притискаат на сите можни начини да го смениме името а тој одкако стрпливо ме сослуша ми се обрати со зборовте како прав Германец и со кратки и јасни дефиниции:
-Па никој во историјата никого не присилил сам да си го смени името,освен доколку тој самиот не покажал макар и најмала желба да го стори тоа.
Ми дојде да му свирнам еден бокс на Германецов и си реков дека налетал на некој “напален“ Грк па ми поставува вакви прашања и ми образложува со вакви одговори.Го познавам човеков 20тина години и знам дека никогаш не бил злонамерен,ја сака Македонија и посебно му се восхитуваше на нашиот другарски менталитет,на нашата гостопримливост и сочуство љубовта кон своите блиски како што нигде немал сретнато иако прошетал многу по светов,едноставно е заљубен во Македонија.
По малку време,после првото вино малку ги релаксиравме разговорите,и човекот ми објасни подетално што сакал да ми каже всушност со неговото прашање.
-Дали ќе умрете од глад доколку не ве примат во НАТО ме праша,најверојатно НЕ,му одговорив.
-Дали ќе умрете од жед доколку не влезете во ЕУ,продолжи,најверојатно НЕ,му одговорив пак.
Тогаш не можам никако да ве разберам за оваа работа,ми вели,јас сум Германец и во добро и во лошо,јас сум Германец и кога Хитлер им наредуваше на нашите родители да тепаат,и кога Русите влегоа во Берлин,и кога ќе се испоизедевме меѓусебе од глад по војната како деца во урнатините на Дрезден и кога бевме окупирани од целиот свет за злосторствата што ги правеле неколкумина политички лудаци и кога моравме долго време со наведнати глави да го тргаме погледот од оправдано осветољубивите очи на поранешните жртви од фашизмот,сепак ние останавме Германци ми вели Германчево,и ме подзамисли малку.
-Па добро бе докторе му велам,ние останавме малку,притиснати сме од сите страни,сардисани што се вели(му објаснувам гестикуларно),не можеме против цел свет да се бориме за своето име или идентитет.
-Не треба да се борите!,ми вели со малку повишен тон.
-Чекај бе докторе како не треба?Па ние Филип,Александар,Крале Марко,Гоце,Даме па Илинден па Ченто па партизани па ДПМНЕ,Брат Љубе му велам,онака набрзина за сите што ми текна во моментот.
-Знаеш ли кој се бори за сопственото име?ме прекина докторов.
-Е па еве ние му велам,дури во Пакистан појдовме за да си го докажеме идентитетот и името.
-А зарем се сомневате во сопственото име и идентитет? ме прашува.
-Не бе,му велам,ние само така,ааа,овај,не знам како да кажам,и ми се зеде зборот,не знаев што да му одговорам оти насетив дека ќе паднам во замка.
-Е мој пријателе,оној кој се сомнева во своето име,оној кој е поробен или окупиран и кому се заканува смрт,можеби ќе размислува да го смени сопственото име или ќе бара поддршка од сите страни дури и во Пакистан ако треба ќе оди само да опстои како таков,но никој нормален и здрав нема да преговара како ќе се вика и како другите ќе го викаат,вашата борба за името ние започнавме да ја разбираме како сомнеж во вашиот идентитет,вие сами како да се сомневате дали сте навистина Македонци и барате докази за вашето потекло дури во Пакистан,ми рече докторот пред да го допиеме шишето Т`га кое го отворив пред да започнеме со дискусијата.
Размислете сами што сакаше докторчево да ми каже со муабетов пред да замине на Маркови Кули за да се наполни со космичка сила како што вели и кој ги споредува со пирамидите на Кеопс,само овие се навистина поубави и позначајни оти очигледно не се изградени од човек,ќе додаде скоро секојпат на крајот.
Инаку неговите докторати по Теологија и Историја на Архитектурата го претвориле во најумниот човек кого сум го запознал.

П.С.:-Ќе се бориме ли уште за сопственото име???
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Па не треба да се смени. (ПОРАКА НАПИШАНА 9293102943на42093492 пати)
Но тука е зајакот НЕ ТРЕБА, но сепак ќе не истуркат, сите си го знаеме и ништо си неможеме... т.е. маж гледа како му ја работат жената и си седи мирно, не дека не го боли туку дека се плаши.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
... ПРЕКРАСНО ...АБЦ
МОЖИ ДА ГО ЗЕМАМ ТЕКСТОТ И ДА ГО ПАСТУВАМ
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Пуштај кај сакаш,се уморив од борба со сопствениот народ.:toe:



шо , со мене сакаш да се бориш :) ...

благодарувам ( сакаш торта или лубеница )
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Пуштај кај сакаш,се уморив од борба со сопствениот народ.:toe:



шо , со мене сакаш да се бориш :) ...

благодарувам ( сакаш торта или лубеница )
Се предавам,одам да видам шо ми прај фамилијана дома,треба и лебче да им однесам,ако ми останал некој денар од “бизнисов“ денес.:smir:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Ако е до мене, да, ќе се бориме за сопственото име.

Доколку некој друг го присвојува? Апсолутно да се бориме за сопственото име.

Ако некој ни ја негира нацијата, државата и историјата? Апсолутно да се бориме за неа.

Ако не влеземе во некакви си друштва заради тоа? Апсолутно да не влеземе, зашто не вредат.

Ако Хунзите потврдуваат дека сме Македонци и ништо друго? Апсолутно вреди да имаме контакти со нив.



И по не знам кој пат... Како е можно посетата на Хунзите да се претстави како нешто *лошо*, да се потрошат милијарда пораки и да се извадат тотални политички конотации кои врска немаат со темата, да се пропагира дека *не треба да се бориме за своето име*, тоа да се гледа како нешто *добро* и да се толерира, не можам да разберам.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
“...Е мој пријателе, оној кој се сомнева во своето име, оној кој е поробен или окупиран и кому се заканува смрт, можеби ќе размислува да го смени сопственото име или ќе бара поддршка од сите страни дури и во Пакистан ако треба ќе оди само да опстои како таков, но никој нормален и здрав нема да преговара како ќе се вика и како другите ќе го викаат, вашата борба за името ние започнавме да ја разбираме како сомнеж во вашиот идентитет, вие сами како да се сомневате дали сте навистина Македонци и барате докази за вашето потекло дури во Пакистан,ми рече докторот пред да го допиеме шишето Т`га кое го отворив пред да започнеме со дискусијата. ...’’

Кратко и јасно.

Народот не се сомнева. Но памети и соодветно мора да го казни предавството на Киро, Бранко, Денко, Фрчко, и Љубчо и компанија.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
-Дали ќе умрете од глад доколку не ве примат во НАТО ме праша,најверојатно НЕ,му одговорив.
-Дали ќе умрете од жед доколку не влезете во ЕУ,продолжи,најверојатно НЕ,му одговорив пак.
Тогаш не можам никако да ве разберам за оваа работа,ми вели,јас сум Германец и во добро и во лошо,јас сум Германец
A не му кажа за тутунот и за стечајците и за млекото шо го истурија.....



Шала, сакав да видиш понекогаш како се осеќам кога ти ќе го напишеш погорниот коментар, а можеби јас ќе сум автор на погорниот цитиран текст :smir:

И во добро, и во зло... ние сме Македонци!



А за борбата, во друга прилика.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
He..he.....treba malku vreme ... ke pocnete raka na ABC da mu bacuvate..... :) treba vreme za da sozreete....., no poleka, poleka i so Boga napred....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
A не му кажа за тутунот и за стечајците и за млекото шо го истурија.....
Шала, сакав да видиш понекогаш како се осеќам кога ти ќе го напишеш погорниот коментар, а можеби јас ќе сум автор на погорниот цитиран текст :smir:
И во добро, и во зло... ние сме Македонци!
А за борбата, во друга прилика.
Не,ама за тутунот знае многу повеќе од мене.Сопругата негова Рита работеше во Ремтсма и беше одкупувач на тутун,всушност така и се запознавме на една уметничка перформанса во Марбург во една уметничка галерија каде што своевремено работев малку.Дискутираме за квалитетите на Кандински и разменуваме културолошки податоци за потекло кога тој во присуство на неговата сопруга ме прашува од каде сум.Јас како “младич“ свежо набилдан со податоци за уметност,по малку срамежливо,-од Македонија му велам,сакајќи да продолжам дека тоа е една од Републиките на Југославија,дрн,дрн,дрн............. мислејќи дека човеков абер нема за таму некоја “вукојебина“ со име Македонија во која живеат 2 милиона народ со посебен јазик и култура и т.н.т.......
Професорот ми вели кратко Стоп!А јас се чудам што му стана на човеков,да не ја згрешив негде?-Од кој град,ме прашува?Ај види сега,уште поголем проблем како да му кажам на луѓево за некој си Прилеп таму,уште понепозната “вукојебина“,кога човекот предходно ми објаснува дека поседува две уникатни слики на Жан Миро,една на Taмарара Лемпичка и уште една оргинална графика на Пикасо,значи “тежи“ повеќе од милион марки своевремено.
-Од Прилеп му велам,мислеќи дека само ќе кимне со главата и ќе го продолжиме разговоров за уметност,кога овој продолжи со поголем жар и ми ја посочи Рита неговата сопруга.-Па јас сум бил само еднаш,ми вели,ама Рита била најмалку 5-6 пати во Прилеп.Рита се надоврза на муабетот и започна да ми држи предавање за тутунот,а мене ми навалија солзи на очи,чиниш помешани со емоции,тутунарски маки,страдања,радости,пцовки и чувства на безгрижност и тага истовремено,како да ми помина целиот живот во две секунди колку што траеше тој несекојдневен момент:
-Како може една Германка да знае дека тутунот од Прилепскиот Варош е меѓу најквалитетните топ 10 тутуни во светот,како може да знае женава дека на Маркови кули имало 77 цркви на толку мал простор,уште пред да се изгради Св.Петар во Рим,кога тоа не го знаат повеќе од Македонците па и во Прилеп.?
Стаписан,но да бидам искреен по малку и горд,го продолжив разговорот со брачниот пар,кој подоцна ми објасни дека Рита е експерт за тутун и дека пред да го купат за потребите на фирмата таа буквално на лице место го проценува тутунот за потребите на сопствената фирма и е Еврејка по потекло(ова за да цркнат малку злобниците).Така започна моето пријателство со оваа Германска фамилија кое трае до ден-денес,колку за информација.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom