A не му кажа за тутунот и за стечајците и за млекото шо го истурија.....
Шала, сакав да видиш понекогаш како се осеќам кога ти ќе го напишеш погорниот коментар, а можеби јас ќе сум автор на погорниот цитиран текст :smir:
И во добро, и во зло... ние сме Македонци!
А за борбата, во друга прилика.
Не,ама за тутунот знае многу повеќе од мене.Сопругата негова Рита работеше во Ремтсма и беше одкупувач на тутун,всушност така и се запознавме на една уметничка перформанса во Марбург во една уметничка галерија каде што своевремено работев малку.Дискутираме за квалитетите на Кандински и разменуваме културолошки податоци за потекло кога тој во присуство на неговата сопруга ме прашува од каде сум.Јас како “младич“ свежо набилдан со податоци за уметност,по малку срамежливо,-од Македонија му велам,сакајќи да продолжам дека тоа е една од Републиките на Југославија,дрн,дрн,дрн............. мислејќи дека човеков абер нема за таму некоја “вукојебина“ со име Македонија во која живеат 2 милиона народ со посебен јазик и култура и т.н.т.......
Професорот ми вели кратко Стоп!А јас се чудам што му стана на човеков,да не ја згрешив негде?-Од кој град,ме прашува?Ај види сега,уште поголем проблем како да му кажам на луѓево за некој си Прилеп таму,уште понепозната “вукојебина“,кога човекот предходно ми објаснува дека поседува две уникатни слики на Жан Миро,една на Taмарара Лемпичка и уште една оргинална графика на Пикасо,значи “тежи“ повеќе од милион марки своевремено.
-Од Прилеп му велам,мислеќи дека само ќе кимне со главата и ќе го продолжиме разговоров за уметност,кога овој продолжи со поголем жар и ми ја посочи Рита неговата сопруга.-Па јас сум бил само еднаш,ми вели,ама Рита била најмалку 5-6 пати во Прилеп.Рита се надоврза на муабетот и започна да ми држи предавање за тутунот,а мене ми навалија солзи на очи,чиниш помешани со емоции,тутунарски маки,страдања,радости,пцовки и чувства на безгрижност и тага истовремено,како да ми помина целиот живот во две секунди колку што траеше тој несекојдневен момент:
-Како може една Германка да знае дека тутунот од Прилепскиот Варош е меѓу најквалитетните топ 10 тутуни во светот,како може да знае женава дека на Маркови кули имало 77 цркви на толку мал простор,уште пред да се изгради Св.Петар во Рим,кога тоа не го знаат повеќе од Македонците па и во Прилеп.?
Стаписан,но да бидам искреен по малку и горд,го продолжив разговорот со брачниот пар,кој подоцна ми објасни дека Рита е експерт за тутун и дека пред да го купат за потребите на фирмата таа буквално на лице место го проценува тутунот за потребите на сопствената фирма и е Еврејка по потекло(ова за да цркнат малку злобниците).Така започна моето пријателство со оваа Германска фамилија кое трае до ден-денес,колку за информација.:smir: