Отровни стрели на Груевски кон НАТО

Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Многу добар коментар, тоа и јас цело време сакам да го потенцирам. Секогаш кога некој ќе се обиде да ми ја порададе храброста и патриотизмот на Груевски со овие аргументи би го замолчил. Доволно е само да се сетам на хашките случаи, не само дадената амнестија, туку начинот на кој тоа беше направено, со неговот познато „не знам ништо“ „парламентот ја донел одлуката“ . А оние 50 и кусур пратеници на ДПМНЕ што гласале за таа одлука, на кого директно му одговараат, тие ме можат да се измочаат без он да им даде дозвола не па друго.
Хашките случаи и Мавровските работници се дирекна последица од тангото на опозицијата со фалсификаторот на смоки. Треба нив да ги обвиниш што сакаа преку таков матен лик да си го зголемат бројот на пратениците.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Дали оваа колумна
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EB198D577C08AF49A100E49F3BD16295
оди во твојот правец? Тешко ја разбирам - ми треба уште малку мозгање - ама мислам дека е нешто што ти го зборуваш.

Во секој случај не можам да замислам некаква Руска инволвираност во иднина. Тоа овде ќе ми пречи можда и професионално. Можда и не. Ама све е пропаганда нели?
И јас не ја разбирам на што мисли, некако мислам дека и она самата оставила ние да си избереме како сакаме :)

Нема зошто да ти пречи во професионалната работа таму, зарем нема Иранци во Холандија.

Да пробам некаква приказна да сврзам овде, ме заинтересира со последните пост-два.

На НАТО му беше првично (90тите) поважно да ја задржи Грција како верна членка него територијата на Македонија да ја придобие преку некое идно проширување. Бидејќи органската нетрпеливост меѓу двата народи е толку голема - заедно со купишта неплатени сметки - што постојано ќе има практично нерешливи проблеми ако двете држави се ставаат на рамноправно ниво. Полесно е 2 милиони македонци да се силуваат а ХХ милиони Грци да се мирни и задоволни него обратно.
Знаеш не треба да го сваќаш проблемот од 90тите па навака. Гледај малце поназад. Но ајде да не одиме многу наназад низ историјата. Проблемот почнува при крајот на 60тите, кога имало масовни анти-НАТО демонстрации (слични на сегашните) и кога Папандреовци се заканиле дека ќе излезат од НАТО и ќе се приклучат на другиот блок. Тогаш Кисинџер ја дал својата позната изјава на прашањето што мисли на притисокот да се исселат воените бази на САД од Грција „Ние немаме бази во Грција, туку во Македонија“. Следел воениот удар на полковникот Георгиус Пападополус, спонзориран од ЦИА, кој траел 6-7 години. За донесувањето на прашањето за Македонија на дневен ред во Грција одговорна е САД. Они го користеле страшилото Македонија. Тоа збори дека Грците реално се плашат од нас. Имај во предвид помеѓу дека Егејска Македонија и јужна Грција постои јасна диференцијација меѓу народот и ден денеска.

Затоа ја одбираа нивната страна во сите овие 20 години (пр. нафтено ембарго) или пак промовираа привремени решенија се додека не дојде времето кога мора да се направи избор. Потоа, во војната со Милошевиќ, видоа шанса да го решат и овој проблем. Затоа војуваа рамо до рамо со албанците во 2001, надевајќи се на палење на контролиран конфликт и некаква делба (Љубчо) како резултат потоа. Ето решение.

Ама не им успеа.
Премногу беше контролиран конфликтот за да биде таков обид, башка и Бугарија и Албанија не беа влезени во НАТО, Милошевиќ беше сеуште на власт....

Ние македонците, онака кротки како што не дал господ, само додатно бевме силувани а да ни ”а” да кажеме. Си ја задржавме унитарноста, наврат-нанос, со некаков мировен договор исполнет со математички формули и ад хок решенија без преседан во меѓународното искуство.
Мислам дека Американците за нас немаат баш таква претстава, каква што имаме за жал ние за самите себеси. Многу е тажно што самите се подценуваме, а тазе се сликите од граѓанската војна во Грција кога, Грчката армија не можела да излезе со нас на крај, па ги викнале Британците, кои исто така не можеле да излезат со нас на крај, па морале да се вмешаат и Американците и тоа со неконвенционални средства да го уништат партизанското движење кое претежно било од Македонци.
Но морам да нагласам е дека пропагандата(абре Македонче) која ни е наметната за да веднеме глава и да викаме дека сме кроток народ, можеби ете ни помогнала да ја зачуваме државата :)

Се создаде чудна ситуација на Балканот. Една земја наеднаш се најде со невидено ниво на граѓански слободи и институционално загарантирани малцински права кои воопшто не соодветствуваат на реалното ниво на развој на населението. Малцинството што ги доби правата незнае што да прави со нив (едноставно само сакаат во Албанија) а супер-кроткото пак мнозинство самите почнаа да се силуваат меѓусебе ако не без зафатени со бегање во странство.
Во секој случај имаме ситуација, која можеме комотно да ја искористиме во пропагандни цели во наша корист.

Потоа, во Букурешт дозволија влез на Албанија и Бугарија во НАТО: две земји со сличен однос кон Македонија како и Грција. Оваа одлука, донесена од простата потреба за проширување, го примора НАТО да веќе завземе поцврст став. НАТО нема повеќе избор него и институционално да ја одбива Македонија на секој самит. Инаку ризикуваат појавување на внатрешни конфликти.
во 2008 беше решено за Албанија и Хрватска, за Бугарија и Романија решија во 2004, а Бугарија ми се чини официјално влезе во 2007. Членките на НАТО на самитот 2008 година ако сакаа недвосмислено да ни дадат подршка, можеа да условат или сите 3 или никој. Па администрацијата на Буш можеше тоа да го направи нели, он демек силно не подржуваше.

Македонија била и ќе остане вечниот камен на сопнување на Балканот, дури и НАТО не може да го реши тоа.
Мислам дека САД не држеше (држи) во недоумица, за да може да си игра со останатите од Балканот. Од една страна нас не охрабрува, не призна под уставно име и така натака, а од друга страна све појасно е дека како што стојат во моментот работите нема да влеземе во НАТО ниту во ЕУ. Значи едноставно може да се каже дека сме служеле како инструмент за плашење на немирното дете Грција, и инструмент за залажување на Албанија и Бугарија. Кога ќе ни помине улогата едноставно ќе бидеме фрлени на буниште да не јадат кучињата.

Како резултат немаме избор него:

1) да чекориме сами, со најнапредниот Устав на Балканот ама ништо друго
2) да се пишеме Скопјани или Бугари и да заборавиме на историјата
3) да чекаме Грција да ја исфрлат од системот или пак НАТО да се распадне
4) да ја заборавиме кроткоста и да ги викнеме Русите на вотка.

Личи оваа приказна на нешто?
1. Како што стојат работите, без некаква противтежа многу тешко е да опстоиме сами, евентуално да се повторат слични маратонски преговори како пред првата Балканска војна кои би траеле 20тина години за да купиме време да напраиме нешто. Тогаш сме пробале востание, ама Бугариското влијание не поебало.
2. „Бугари“ е едно од можните решенија, ако воопшто можеш да го наречеш решение. Скопјани заборави.
3. НАТО да се распадне на пример би било поверојатно.
4. Русите да ги викнеме на ракија, не на вотка. Тоа е најдобро решение за нас.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Хашките случаи и Мавровските работници се дирекна последица од тангото на опозицијата со фалсификаторот на смоки. Треба нив да ги обвиниш што сакаа преку таков матен лик да си го зголемат бројот на пратениците.
Ти си доказ дека и вие подржувачите на овој човек се понашате буквално исто, а има проблем други се криви. Реков на истава тема претходно, треба да му дадеме 100 пратеници за да може да владее „без пречки“. Ама и тогаш он ќе најде нешто што ќе му смета.

Што треба опозиција друго да работи на избори освен да се избори за што е можно повеќе пратеници, нормални ли сте бре вие што зборувате? Кога 2008 имаше 63 пратеници зошто коалицираше со ДУИ, со оние со кои наводно никгоаш немаше ни да се сретне?
 
Разбираш ама и не разбираш. Не треба тој да има толку многу пратеници туку треба да има доволно, од повеќе партии, за некаков консензус околу идниот правец. Со петтоколонаши нема такво нешто да се постигне (еве го Љубче се јави денеска). А тогаш токму таквите петтоколонаши ги испровоцираа изборите.

Каква е таа опозиција што се крие зад човек кој нема никаква национална свест (иако е формално торбеш, мене ми личи дека има тежок цигански морал) и чувство за одговорност? За мене е тоа неопростлив грев.

Sинго барем има национална припадност, повисоко ниво и некаква си суптилност во работењето. Но србоманството негово е премногу силно според мене.

Не ме разбирај погрешно: и власта и опозицијата имаат сериозни мани. Ама барем пробај да ги идентификуваш петтоколонашите меѓунив.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Славјански, тебе ти одговарам, претпоставувајќи дека твојот коментар на мојот пост се однесуваше.
Ова што го кажуваш мислам дај ти се молам, не сме деца.
Им даде амнестија на хашките случаи? Да.
Стави споменик на Александар? НЕ, тој споменик е воин на коњ.
Тоа што бил низ држави дава ли (барем минимум) резултат? Не.
Успеа да организира попис? Не.
И вака можеме до задутре, секој од своја перспектива.
Така да, нема логика вакви дневнополитички -за поенчиња- моменти да спомнуваме, очигледно е дека не си го разбрал мојот пост.

Точно е се‘ што кажал во интервјуто, но ако веќе го кажуваш, за да има тежина, претвори го во дела, повлечи ги војниците од Авганистан (на пример). А не, дома си изиграваш „мудоња“, а после со нив ко ќе се сретнеш им објаснуваш дека главна цел ти е интеграција во ЕУ и НАТО. Патетично.

А, и уште нешто, ако е толкав мудоња, нека излезе пред избори и нека каже ЈАСНО И ГЛАСНО - Јас и мојата партија нема да се залагаме за евроатлански интеграции, гледаме дека не оди, а и се коси со мојот став (кој што нели не го менува), и ќе бараме нови партнери и нови политики. Да биде на чисто народот за што гласа.
Е тогаш Славјански ќе признаам дека има муда!
Македонците кои работат во Завод за статистика кажаа дека Албанците и поред попишувањето преку факс машина биле под 20%.
Лесно е да организираш попис кај нас, договори се со Албанците и пописот ќе ти биде чист како суза, со подршка разбира се на меѓународната западната де.
Груевски го прекина пописот заштитувајќи го пред се интересот на Македонците, поради повторениот фалисификат.
Македонците кои беа попишувачи во запана Македонија, ОДБИЈА да го потпишат записникот.
Тоа е преседан за “Македончето“ првпат да не потпише нешто што не му е по воља.

Да кажеш отворено дека си против НАТО ?
За видео игра збориме или за Реален Живот ?

Груевски ја ГРАДИ алтернативата за НАТО. Тоа се гледа од авион.
Кој може да се пофали со две високи средби со Кина за така кус период ?
Ние можда преку Кина ќе се доближиме до Шангајската група.
Но како оди тоа?
Прво доаѓаат големи кинески компании.
Се инсталираат структури на Шангајската група, која се повеќе ќе прерасне и во воен сојуз по последните најави.
Се преорентира економијата кон тие земји.
И се вели, Чао НАТО.

Јас и понтаму ќе бранам структури кои го бранат Македонскиот национален интерес.
Не ме интересира дали е од лево и десно.
Се молам на денот кога ќе добиеме патриотска лева опција, тотален опозит на оваа сега што е, па тогаш нема да мора да правиме компромиси како тој од типот со хашките случаи.
Тој чин и јас го осудувам.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Не се секирај, денот која јас или некој под мое влијане ќе се изјасни како Бугарин нема никогаш да осамне.
е благодарам, живи и здрави и много штастливи (срекни ли беше македонската дума);)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Потоа, во Букурешт дозволија влез на Албанија и Бугарија во НАТО: две земји со сличен однос кон Македонија како и Грција. Оваа одлука, донесена од простата потреба за проширување, го примора НАТО да веќе завземе поцврст став. НАТО нема повеќе избор него и институционално да ја одбива Македонија на секој самит. Инаку ризикуваат појавување на внатрешни конфликти.
во 2008 беше решено за Албанија и Хрватска, за Бугарија и Романија решија во 2004, а Бугарија ми се чини официјално влезе во 2007. Членките на НАТО на самитот 2008 година ако сакаа недвосмислено да ни дадат подршка, можеа да условат или сите 3 или никој. Па администрацијата на Буш можеше тоа да го направи нели, он демек силно не подржуваше
Не знам откаде вакви нубелозни информации. Относно НАТО:
Албаниja и Хрватска от 2009, Бугариja,Романиja,Естониja,Словакиja,Соленитja,Латвиja и Литваниja са от 2004 година.
Немаше како Албаниja и Хрватска да не бидат приемени, само заштото сте били во една кошница. Па ако одим по таа логика, требаше и сега 2012 да не бидат приемени и Албаниja и Хрватска, зашото Македониja не беше приемена.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Не знам откаде вакви нубелозни информации. Относно НАТО:
Албаниja и Хрватска от 2009, Бугариja,Романиja,Естониja,Словакиja,Соленитja,Латвиja и Литваниja са от 2004 година.
Немаше како Албаниja и Хрватска да не бидат приемени, само заштото сте били во една кошница. Па ако одим по таа логика, требаше и сега 2012 да не бидат приемени и Албаниja и Хрватска, зашото Македониja не беше приемена.
Многу добро знаеш што пишувам таму, грешките мои во деталите ништо не менуваат.

Македонија не може да биде примена во организација каде ќе е на рамноправно ниво со Бугарија, Грција, Албанија и Србија (тоа го имаш и во твојот потпис нели). Твојот претседател тоа многу јасно го телеграфира кога се дрзнува да бара некакви дополнителни услови за прием на Македонија.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 20:12 ---
е благодарам, живи и здрави и много штастливи (срекни ли беше македонската дума);)
Мило ми е што ти е јасна мојата порака.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Многу добро знаеш што пишувам таму, грешките мои во деталите ништо не менуваат.

Македонија не може да биде примена во организација каде ќе е на рамноправно ниво со Бугарија, Грција, Албанија и Србија (тоа го имаш и во твојот потпис нели). Твојот претседател тоа многу јасно го телеграфира кога се дрзнува да бара некакви дополнителни услови за прием на Македонија.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 20:12 ---

Мило ми е што ти е јасна мојата порака.
Вакво нешто немам напишано на моja подпис, но пишува нешто друго.
Председателот не е кажал такво нешто. Тоа са поредните проби за спинове от некои структури на грб на бугарскиот председател.
http://www.youtube.com/watch?v=D-O--e88N5Q
Приемаме сите, кои покажуват со зборови си и со делата си дека споделумат заедничките европски цености и ценостите на НАТО. Ние пожелуваме срекja на сите, но по делата ке судиме. Пожелуваме срекja,деjствуваjте здраво, чекаме ви. Зависи от вас.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Вакво нешто немам напишано на моja подпис, но пишува нешто друго.
Председателот не е кажал такво нешто. Тоа са поредните проби за спинове от некои структури на грб на бугарскиот председател.
http://www.youtube.com/watch?v=D-O--e88N5Q
Проштавај, не е претседателот него министернот за надвоешни

„Во однос на Македонија, која е најблиску до нас, Бугарија отсекогаш ја поддржувала нејзината евроатланска интеграција и сметаме дека таа треба да се реализира, но под некои услови. Прво, да се забрзаат одредени реформи поврзани со процесот на пристапување во НАТО, второ да се адресираат некои недостатоци кои се гледаат во секојдневниот живот поврзани со меѓуетничките односи во Македонија, владеењето на правото и односот кон медиумите и слободата на говорот“, рекол Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов во Чикаго.
што не прави разлика никаква за мене. Официјален став на Бугарија.

Мислам дека Бакојани во твојот потпис токму тоа го мисли. Сака Србија да е членка пред да биде Македонија. За да можат после заедно да ја носат одговорноста за блокадата на Македонија.

Кутрите Грци до сега беа сами во силувањето на Македонија - сега може и Бугарија да им се придружи одкако стана членка (што е доста видливо). Уште чекаме на Србија ама кај да е и тие ќе дојдат.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Проштавај, не е претседателот него министернот за надвоешни

што не прави разлика никаква за мене. Официјален став на Бугарија.

Мислам дека Бакојани во твојот потпис токму тоа го мисли. Сака Србија да е членка пред да биде Македонија. За да можат после заедно да ја носат одговорноста за блокадата на Македонија.

Кутрите Грци до сега беа сами во силувањето на Македонија - сега може и Бугарија да им се придружи одкако стана членка (што е доста видливо). Уште чекаме на Србија ама кај да е и тие ќе дојдат.
А, тоа е друга работа. Има разлика мегу министар за надворешни и председател. Ставиха ни веке грев,дека бугарите си седели и си кутат на самитот. След недела време може да излезе ,дека заради Бугариja не сте били приемени.
Бакоjaни вели сосем друго. Убаво читаj. Не е во интерес на Грциja и нема да дозволи РМ да стане членка преди Србиja. Прво Србиja, по после РМ.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Бакоjaни вели сосем друго. Убаво читаj. Не е во интерес на Грциja и нема да дозволи РМ да стане членка преди Србиja. Прво Србиja, по после РМ.
Па тому тоа и јас го велам. Причината е да се раздели одговорноста за блокадите на Македонија.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Па тому тоа и јас го велам. Причината е да се раздели одговорноста за блокадите на Македонија.
Каде виде збор за блоката, па да не зборувам за поделуване на отговорност во изjaвата на Бакоjaни? Тоа са твои интерпретации.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Каде виде збор за блоката, па да не зборувам за поделуване на отговорност во изjaвата на Бакоjaни? Тоа са твои интерпретации.
Да, јас и многу други македонци таквите изјави на Бакојани и ставовите на официјална Бугарија, што твојот министер за надворешни јасно ги презентира горе, ги интерпретираме на тој начин.

Бидејќи не сме сепак толку прости.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom