Можеби некој веќе изнесол сличен став на овој, ама немав време да ја читам целата дискусија, па затоа однапред се извинувам ако повторувам некого.
По мое мислење, Грција се користи како „главен виновник“ од страна на западните алијанси, за раскусурување на линиите на превласт на Балканов.
Ако „големите батковци“ сакаа да ја дисциплинираат Грција по прашањето за Македонија, ќе ги употребеа „булдожерите“ на своите дипломатии многу одамна.
Но....
.... очигледно не сакаат.
Значи, имаат некој поинаков интерес. Овде и сега... добро де, и минативе 20 години (во контекст на конкретниов проблем).
Пред некое време, во сите медиуми видовме изјави од високи воени и политички функционери на земјите - членки дека на НАТО му е потребно редефинирање на целите и стратегиите..
А тие се мајстори за кризен менаџмент.
Ами криза?
Ако нема, ќе ја создадеме... т.е. ќе ја создадат (дај Боже да биде ова само мој кошмар).
Ко што би рекол „Граѓанинот Кејн“:
Charles Foster Kane: Read the cable.
Bernstein: "Girls delightful in Cuba. Stop. Could send you prose poems about scenery, but don't feel right spending your money. Stop. There is no war in Cuba, signed Wheeler." Any answer?
Charles Foster Kane: Yes. "Dear Wheeler: you provide the prose poems. I'll provide the war."
Знаејќи го тоа, веројатно Груевски со оваа изјава не' подготвува за остра кривина „в десно“... пејсмејкер во трката, за да не се препознаат вистинските „фаворити“, а да се „навлечат“ претендентите..
Кога ќе се има предвид дека:
- Клинтон неколку пати го посети регионов, а Македонија ниеднаш;
- Лавров веќе беше во посета на Македонија, исто и Ердоган;
- за кратко време, Премиерот остварува неколку средби со кинескиот колега и бива примен на највисоко ниво (за разлика од посетата на Вашингтон минатата година), двојно ги посетува далекуисточните гиганти за кратко време итн...
, мислам дека сликата се разјаснува и изјавата, ако земеме дека има внатрешно политичка примена, има за цел да ни соопшти дека во иднина ќе се вртиме кон БРИКС.
Штознам?!
Што се однесува до тонот, Груевски има употребено неколку спинерски финти, но никој не може да му замери дека не е во право за ова.