Ха, ха.. не го знам кој е, за аватарот, но дали така се поставил или навистина има карактеристики на прогнатија, не знам
Горната усна му е по испакната, брадата му е изоштрена..веќе ми дава индикации за можна прогнатија. Но, ако подобро се загледам сето тоа е моментално предизвикано кај него на сликава, зашто самиот е потпран на пластично шише - рефлексно ја турка надоле вилицата за да ја задржи тежината на главата
Супер сајт, до сега не сум го нашол.. Значи ти имаш прогенија, тоа ми фалеше цело време, не сретнав никаде податок за тоа, па рефлексно се потпрев на сликата да сватам за што ти треба максиларна остеотомија. Може да се работи за недоволно развиена горна вилица или за преразвиеност на долната вилица, затоа најверојатно си чекал до оваа возраст до последна можност да видиш дали ќе има задоцнет развој на горната вилица - иако пред се требало ортодонтски да се интервенира мноогу порано!
(мобилните пластични апаратчиња или обратно екстраоралните се токму за тоа, додека сите се мали деца, за да се избегнат токму ваквите хируршки интревенции многу подоцна.)
Терминологијата е ок, во суштина е бимаксиларна, бидејќи во овој случај таа е проблемот, меѓутоа има граници до каде може таа да се направи, па затоа ако не се постигне доволната должина мора да се прибегне кон корекција на долната - најчесто да, затоа и ти ставиле под знак прашање можна интервенција и на долната.
Знам
, дека немаш проблем со “кариес на забите“, се вели проблем со меѓувиличните односи, но сепак тие ги подредуваат и ги носат забите и го одредуваат нивниот меѓусебен однос.
Има во Македонија добри стоматолози - треба да се најдат
, на кукли се практикува во предклиничката фаза, но исто факт е дека клиничката фаза скоро и да не посои - не сакаат да создаваат конкурентен кадар најверојатно, само ги сакаат парите за студии што им ги даваат, или можеби навистина не знаат како да го обучат, впрочем како и за секој кадар што излегува од Македонија - ако не излезе надвор да се доусоврши, тешко ќе може да биде доволно стручен и конкурентен.
Позитивно е тоа што кај тебе успеал за 2 месеца да го направи тоа што во просек би требало 5, но таквото префорсирано тегнење може да донесе други негативни последици, не е лошто да побараш и паралелна контрола на виталитетот на забите.
Периодот за ретенција во овој случај значително ти се пролонгира.
На твојата возраст би избегнал предвремени резултати. Но сепак генетиката и одговорот на организмот пред се се решавачкиот фактор.