Не би требало да менеш биос. Ако веќе имаш виндоус, само ќе ти инсталира ГРУБ лоадер (кај дебиан и убунту) е автоматска самата инсталација. Исто за свап и двете креират посебна партиција од алоцираните. Јас имам 4 гига рам, и го рокам убунтуто без свап, досега не е извадил грешка дека му фале меморија, ама не користам нешто екстремно, освен еклипс чат пат.
Најлесно ќе инсталираш Убунту, имат добра база на апдејти и драјвери, целата инсталација е автоматизирана.. Пази на опциите коа ги средуваш партициите, да не избришеш некоја друга партиција, малку е збунувачки целио интерфејс..
А за драјвери, некојпат се налага да менеш верзија на компајлеро, за да можат сите пакети да се компајлират и закачат на системо... Ама има команди на интернет како да си го даунгрејднеш самио компајлер за да инсталираш драјвери, па после па да си го апгрејднеш.
Зашо 64битен убунту коа имаш 2 гига рам?