Општи дискусии за ТВ серии

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
Јас во последновово време изгледав неколку работи.

Inventing Anna - оваа знам дека беше актуелна кога излезе, но не ме интересираше да ја пуштам, се дури колега од работа не спомна дека сум му заличувала на актерката. Не дека нешто ептен личиме, има минијатурни сличности, се препознав во одредени изрази и експресии, но како и да е, јас сум поубава. :D
Серијата си е баш океј оценета, околу 6 ипол мислам, вака добро вози и држи внимание, само го нема оној квалитет за да кажам серија што мора да се гледа. Интересен случај, има одредени поуки за самото општество и перцепцијата за луѓето што може да се извлечат.

The bodyguard - ја има исто на Нетфликс, една сезона. The king of the North овде има шкотски акцент :love:, а и целиот во глобала е срцка. Трилер серија, со доста пресврти и заплети. Ова е солидна 9ка, вреди да се гледа дефинитивно, голема препорака.

Ozark - Оваа уште ја гледам, таман ја почнав последната сезона денес. Знам дека има посебна тема, ама не отварам таму ради спојлери. Океј ми се држеше до некаде втора сезона, трета и така и така, Нетфликс и молзењето е почнато, ама ај ќе догледам да видам што ќе излезе. Марти актерот ми е многу антипатичен, да беше некој друг, може ќе имав некое подраго мислење за главниот лик. Венди според мене ја држи серијава на некое ниво, одличен избор е Лора.
Па Рут од Ozark е Ана од Inventing Anna. ;)

Bodyguard е една од подобрите серии последниве години, штета што не ја продолжија. Беше номинирана и за ЕМИ за најдобра серија, кога излезе. И за неа отворив посебна тема, мислам. Само ако не сум грешка, таа е британска серија, на BBC мислам. Нема врска со Netflix, само се стримува таму.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Па Рут од Ozark е Ана од Inventing Anna. ;)

Bodyguard е една од подобрите серии последниве години, штета што не ја продолжија. Беше номинирана и за ЕМИ за најдобра серија, кога излезе. И за неа отворив посебна тема, мислам. Само ако не сум грешка, таа е британска серија, на BBC мислам. Нема врска со Netflix, само се стримува таму.
Znam deka e istata. Anna > Ruth
Ruth se trpese na pocetokot, sega mi e pravoliniska I dosadna. Wendy mi e najinteresen lik, zatoa ja spomnav.

Bodyguard stvarno mi se dopadna, I da ne e nivna, super so ja strima Netflix, poso tesko da ja gledav inaku. Mene mi izgledase top vaka ko edna sezona, se znae kako zavrsi, ne gledam potreba od tegnenje na prikaznata, sekako po sezona, dve, ke odese nadolu so kvalitet.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Дојдов да ја пофалам Boss, серија кајшто Келси Грамер глуми градоначалник на Чикаго. Одамна ми е на вачлиста, ама тек сега и дојде времето.

Ја почнав вчера втора сезона, што е и последна, едвај има 18 епизоди цела серија.
Првата сезона беше одлична, од карактери до приказна, таква тешка, без некои глупи и намерни олеснувања, го има оној квалитет ко The wire. Фрејзер ми е омилен ситком, стварно си го поштував Келси во таа улога, ама мислам дека оваа е измислена за него, маестрален е човекот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
Дали некој има гледано Bodies на Netflix? 3 епизоди до сега и поим немам што се дешава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
ЕМИ наградите за периодот 1 јуни 2022 - 31 мај 2023 после 300 одложувања заради штрајковите, конечно се случија пред 2 дена. Еве ги добитниците на наградите, сосема очекувано:

1705437822562.png

1705437863212.png

1705437895606.png
1705437925374.png

1705437954553.png
1705437979219.png

Серии со најмногу номинации:
1705438046799.png
1705438085935.png

Серии со најмногу награди:

1705438124717.png
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100

Овој Хиројуки Санада ми е омилен, ама човеков буквално е роден за да глуми самурај во Холивуд.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.656
Поени од реакции
3.890
Ај биди малце корисен и распрашај се таму дали е ова вистина

Прегледај го приврзокот 405966
БНТ, која продуцира серијава, официјално ја објави. Така вистина е. Ќе го емитуваат следната година.



15:39, 06.02.2024
https://bnt.bg/news/-pod-prikritie-s-nov-shesti-sezon-po-bnt-325657news.html
Автоматски споено мислење:

Билалов ке учествува ли во продуцирањето? На Threads пред некое време најави дека ке прави серија, сигурно мислеше на ова?
Како и да е, среќен сум што пак ке може да ја гледаме
Според оно што беше речено на прес-конференцијата, учеството на Билалов во улогата на Јаро и Маријан Велев-Куката е сигурно.Ќе бидат вклучени и некои од другите главни ликови, но не беше јасно кој точно.Но, друг актер - Јулијан Вергов - влегува во главната улога, како и нови ликови.
Шестата сезона ќе биде сосема нова приказна и поинаква географски - ќе се снима во Софија и нејзината околина, покрај Црното Море, како и во Франкфурт и Малта.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom