Мислев дека има посебна тема за Elite, ама (веројатно за среќа) немало! Ја гледав заради Естер Експозито, која одамна замина од серијата, ама ете OCD-то не ми даде да ја прекинам, па се мачам со секоја нова сезона... Ама последнава беше очобол! Значи толку досадна, од епизода во епизода, не можам да сфатам како успеале да ја направат. Плус, дали намерно или не - секој еден лик го направиле тешка психијатрија (не дека пред тоа не беа, до душа, ама овде кулминираше) и се фокусирале на психичките проблеми на секој од нив. И на крај добивме депримирачка сезона која се стреми депресијата да ја префрли на гледачот. Избегнете ова колку можете повеќе!