Општи дискусии за ТВ серии

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740


sry за офтопик, но не влагам у темата пошто ја неам изгледано 2ра сезона. :X3:
Аку аку, не е оф топик општа дискусија е. Ама каков пар се овие двајца, совршени еден за друг.:)

 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
CBS ја скинаа CSI MIAMI(за тепање време беше топ), а FOX направија renew на Touch иако само падови бележи според број на гледачи од пилотот па наваму...... Ретардирани амери...:tapp:
Прва епизода 12.01 милион гледачи, 12 епизода 4.6 милиони гледачи....
Пуштиле вчера бонус епизода.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Не си вистински фан на Game of Thrones ако немаш изгледано ова и ова... :icon_lol:

п.с. ваљда не е против правилата ова, пошто ставам само линк од imdb. :нинџ:
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Moze nekoj da mi pomognes ja baram ona serija na alfa ja davaa so Spenser i Brus spenser e toj kecerot ne mi tekinja imeto so brodot so se desava na ostrov epten jaka serija ako ima nekoj link da ja simnam ednas ja barav pred 2 god nemase niso za nea ama bas niso :D i za seranovi link da ne ima nekoj >? :D
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Јас ја прекинав Touch после 3 или 4 епизоди. Пилотот беше ѕверски добар ама после тоа се виде дека не одат никаде...
Тука сме некаде, јас заклучно со 4 ги изгледав.....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да не се мачам да бројам Ник ги тепаше Брендон и Дилан со историски резултат од 16-2. Дали ќе повториме уште еднаш дуел со ваков резултат останува да видиме.
Значи малку ме нема на форум и одма глупости се дешаваат на темава. Ја имам само едно прашање до овие 16 или колку и да се: па дали сте вие токму или горештината ве имаше акнато по глава летово? Како можете да ставите една комплетно безначајна серија како ТГ чиј најголем дострел е благо збогатување на сиромашната програма на МРТВ1, пред една серија која имаше огромно влијание врз секој аспект на животот на младите, т.е. да не речам ја промени младата популација. И уште на тој што дрвеше за не знам какви лажни вредности што ги ширела серијата, можам да му кажам само дека ваквите серии застанаа на патот на кичот, турбофолк културата и примитивизмот што се ширеше и сеуште се шири на нашиве простори. Да ве потсетам ли даме и господо дека БХ90210 беше планетарна треска, дека влијаеше на музиката што се слуша, модата, дека (иако веројатно не знаете) БХ се прераскажуваше на одмори, се собираа сликички, е купуваа тетратки и ранци со нејзините ликови. Мала музичка пауза пошо многу сум изнервиран:

Да ве потсетам ли дека имате цел трговски центар во Скопје именуван по оваа серија, и без разлика што си остана најглуп ТЦ веројатно после Мавровка сепак ова е пример веројатно без преседан. Единствено Friends си добиваа Friends Cafe насекаде по светов, а БХ си доби трговски.​
И на крај, Ник Слотер бе.... ај жениве да ги разберам :pos:
Ете то... :cool:
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Game of Thrones доби 6 статуетки на Creative Emmy Awards и уште повеќе " интернет " награди.
:cuc:

Главната Eми церемонија ќе се одржи на 23ти Септември, каде Game of Thrones e номинирана во уште две категории: Најдобра драма и најдобар актер во споредна улога ( Peter Dinklage ) .
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Абе нубови, што се случи со вас? како тоа никој не ја гледа Boss? каде отидоа форумџиите со вкус за филмови/серии ? :(

Во главната улога настапува фантастичниот Kelsey Grammer

Знам дека многу овде се фанови на Frasier, така да трк на гледање, серијава е одлична.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Io Sono Interista не зезај. Беверли Хилс по дефиниција е поим за сапуница, а ние знаеме дека овој термин рака под рака иде заедно со кичот, турбофолк културата и ниските страсти. Тоа што беше Династија за старите, за нас младите беше Беверли Хилс. :) Не ги осудувај членовите што на темата од две зла го одбрале за нив помалото. На времето и двете ми беа guilty pleasure...:cool:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Io Sono Interista не зезај. Беверли Хилс по дефиниција е поим за сапуница, а ние знаеме дека овој термин рака под рака иде заедно со кичот, турбофолк културата и ниските страсти. Тоа што беше Династија за старите, за нас младите беше Беверли Хилс. :) Не ги осудувај членовите што на темата од две зла го одбрале за нив помалото. На времето и двете ми беа guilty pleasure...:cool:
Не знам ни како да ти одговорам... :rolleyes:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Абе нубови, што се случи со вас? како тоа никој не ја гледа Boss? каде отидоа форумџиите со вкус за филмови/серии ? :(

Во главната улога настапува фантастичниот Kelsey Grammer

Знам дека многу овде се фанови на Frasier, така да трк на гледање, серијава е одлична.
Ја изгледав првата епизода, многу ми се допадна, само после тешко наоѓав линкови за втората и ја оставив на мирување, дефинитивно ќе ја гледам, еве препорака и од мене по една изгледана епизода.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ја изгледав првата епизода, многу ми се допадна, само после тешко наоѓав линкови за втората и ја оставив на мирување, дефинитивно ќе ја гледам, еве препорака и од мене по една изгледана епизода.
Имаш пп.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ја почнав вчера The Mentalist. Мислам дека од форумов ми ја збореа wot и Red John (сега гледам од каде ников :icon_mrgr: ). И баш ко за мене серија, има лајк од мене. Овој Сајмон Бејкер ме плени, бре каков човек, цела серија е на негов грб. Толку бледи ликови јас во животот немам видено, ама ниеден освен него не е ништо посебно, не знам по кој основ ги бирале ама не ги бива, тотално бледи актери. Ама затоа Бејкер, надоместува за сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom