Општи дискусии за ТВ серии

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
Многу досадно нешто Band of Brothers, бреј, едвај 5 епизоди изгледав.

Обично сакам воени филмови и иам доста такви изгледано ама ова е ептен. Многу преценета 9.5 оценка на имдб.

А одамна ја знам серијава, Урко ме замара неколку години, на Спилберг и Хенкс била бла бла, и еднаш одамна ја пуштив ама тогаш у тие моменти глеав Френдс и коа ми се појави Рос, чао, ја изгледав тогаш само првата епизода ама не можев сериозно да ја сфатам, јер, РОС, се праи паметен таму - дното го допре на крај.

И ете поминаа неколку години, пред некој ден барам што да глеам откако Шерлок доби Х за една епизода, ја глеам оваа и и викам ај ќе и даам уште некоја шанса.

Досадни епизодите, пукањето и акциите се добри ама другото неинтересно, бош муабети, не ти дава да се врзеш за ниеден лик. мех

Има некој друг сајт освен имдб да си најдам некои серии или да си се вратам на филмовите, па какви сака нека се. Пошто од имдб не можам да најдам серија, летаат преценети оценки.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950

Нели ќе ја почнуваше The wire пред некое време? Или и таа досадна е? :D
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317

Многу помал избор имаш на серии него филмови нормално, ама еве пробај од овие шо немаш изгледано гарантирам дека нема да имаш утка

Drama/Comedy
Californication - најзабавната серија некогаш, ултра јаки ликови,женски и дешавки сум ја гледал 4-5 пати, од сиве овие би ти препорачал најпрво ова да ја рокниш
Shameless - најоткачена серија со мега јака женска во главна улога
Succession - нова серија 2 сезони се ама исто изобилува со откачени ликови и солидни драма моменти.

Crime/Drama
The Wire - издржи ја првата сезона одбивна е дур дознајш кој е кој, понатаму е лектира
Dexter - првите 4 сезони се ремек дело, 5 и 6 сезона се онака и после опаѓа нагло
Fargo - првите 2 сезони се 10/10, 3 и 4 можеш скип

Mystery/Drama
The Killing - најдобрата од овај жанр доволни се првите 2 сезони после е скроз друга прича
Bron/Broen - 4 сезони сите се врв
The Missing - 2 сезони двете се врв
 
Ја догледа ли докрај? Последните 3-4 сезони беа потпросек од почетните, али последнава беше најлоша. Ко за една од поомилените серии, едвај ја догледав.
 
Не ја догледав, сега проверив 8 сезона последно сум ја изгледал. Нормално е скоро сите серии губат на квалитет со тек на време, сепак има премногу 11 сезони... нема гајле Џонтра ке го вози добро Фиона и лудакот Френк барем 5-6 сезони доста му се :ROFLMAO:
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.306
Нели ќе ја почнуваше The wire пред некое време? Или и таа досадна е? :D
Страв ми е да ја почнам. :D
Многу помал избор имаш на серии него филмови нормално, ама еве пробај од овие шо немаш изгледано гарантирам дека нема да имаш утка

Drama/Comedy
Californication - најзабавната серија некогаш, ултра јаки ликови,женски и дешавки сум ја гледал 4-5 пати, од сиве овие би ти препорачал најпрво ова да ја рокниш
Shameless - најоткачена серија со мега јака женска во главна улога
Succession - нова серија 2 сезони се ама исто изобилува со откачени ликови и солидни драма моменти.

Crime/Drama
The Wire - издржи ја првата сезона одбивна е дур дознајш кој е кој, понатаму е лектира
Dexter - првите 4 сезони се ремек дело, 5 и 6 сезона се онака и после опаѓа нагло
Fargo - првите 2 сезони се 10/10, 3 и 4 можеш скип

Mystery/Drama
The Killing - најдобрата од овај жанр доволни се првите 2 сезони после е скроз друга прича
Bron/Broen - 4 сезони сите се врв
The Missing - 2 сезони двете се врв
Фала. Добри предлози. Освен Фарго друго ништо неам глеано од ова.
Стекот ми ја збореше Декстер ама иам налетано на коментари дека станува глупа после некоја сезона.

Сакав да прашам за Шејмлес или Сикс фит андер.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Страв ми е да ја почнам. :D

Фала. Добри предлози. Освен Фарго друго ништо неам глеано од ова.
Стекот ми ја збореше Декстер ама иам налетано на коментари дека станува глупа после некоја сезона.

Сакав да прашам за Шејмлес или Сикс фит андер.
Ако ти била досадна на Band of Brothers, на Six Feet Under буквално ќе умреш од досада.
Спора, мрачна драма со најако финале на серија.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Сакав да прашам за Шејмлес или Сикс фит андер.
Сикс фит не, има одличен пилот епизода и ок прва сезона, после тоа некако само надолу оди и ги има најнедопадливите ликови евер во серија. Ако си анксиозен ќе ти го појача тоа фино чувство, јас мизерно се осеќав дур ја гледав искрено. Единствено ако си филозофски настроен, можда.

Шејмлес е спротивното. Ултра смешни ситуации, ликовите урнебес, ќе ти биде забавно. Долга е, губи на квалитет последните сезони ко што пишав, али е ептен хартвормин фемили драма.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Сакав да прашам за Шејмлес или Сикс фит андер.
Реално Шејмлес ти е за на есен, подолга и подепресивна.
Летниов период ти е измислен за Калифорникејшн и спреми се за вожња низ Лос Анџелес уз рокенрол,дрога,алкохол,блуд и неморал :ROFLMAO:
Ќе се поврзиш од старт со најлудото дуо во ваков тип на серија и ќе ја изгледаш во еден здив, досега на 10-15 души ја имам предложено и на сите им беше инстант фејворит.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom