Општи дискусии за ТВ серии

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Ко ќе изгледам добра серија од една страна сум среќен што сум се дружел квалитетно време со неа, од друга страна мака ми е што не сум ја гледал порано.
Зборувам за Scrubs и мислам дека е многу потценета серија и далеку посмешна од HIMYM, TBBT, My name is Earl, и со сета почит кон фановите, ама и од Friends неколку пати посмешна.
Сега споредбиве можеби не се на место затоа што некои од овие имаат смеење во позадина, ама ликовите во серијава како Dr. Perry Cox, JD, адвокатот Ted и мега тролот The Janitor ми прираснаа при срце. Ретко која серија да има олку добри споредни карактери, и ретко колку добар и искрен главен лик. Ми се свиѓа и нарацијата, ми се свиѓа како се склопуваше приказната и се одмотуваше цело време во исто темпо и еве веќе сум при крајот, т.е. ја почнав 8мата сезона и се осеќам ко да губам добар пријател што го запознав пред нецел месец.
Сума сумарум - Scrubs 100x > сите останати.
 
McMurphy

натчовек
Член од
14 ноември 2008
Мислења
160
Поени од реакции
33
Дечки се мислам меѓу Сопранови и The Wire и двете имаат добри оцени и би сакал да гледам нешто во тој стил по шо сега заршив со Френдс, про/конс ?
 
G

grande-juve

Гостин
Дечки се мислам меѓу Сопранови и The Wire и двете имаат добри оцени и би сакал да гледам нешто во тој стил по шо сега заршив со Френдс, про/конс ?
Што и да избереш нема утка, и двете се ненормално добри серии, а која прва да ја гледаш не знам, одбери според интрото:)

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
дајте предлог за добра серија - не сум некој фан на серии ама последно време неам шо да праам па ми останува многу слободно време.
ги изглеав Prison Break и 4400 моментално ја глеам The Walking Dead. едно време ми викаа Heroes да ја глеам ама читам по форумов дека 3та и 4та сезона го утупуваат до бескрај па се откажав.

предлози?
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286

lost, terra nova, touch, lie to me
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172
што жанрови се? мала рецензија може?
misterija, misterija, misterija, krimi.

Првата е култна, втората е срање, третата има само една епизода, четвртата е одма до Heroes, најусерени серии. Kaко за почетник би ти препорачал Dexter, Game of Thrones, Моdern Family..
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.045
Поени од реакции
6.072
Ме мрзеше да ја барам темата, па ајде тука.
Breakout Kings, 2 сезона премиера имаше ноќеска. Серијата ја имате на торенти, за тие кои ја следат.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Ме интересира дали некој од тука ја има гледано Better off Ted? Една од најинтересните комедии што имам гледано после многу долго време
--- надополнето: 10 март 2012 во 13:38 ---
misterija, misterija, misterija, krimi.

Првата е култна, втората е срање, третата има само една епизода, четвртата е одма до Heroes, најусерени серии. Kaко за почетник би ти препорачал Dexter, Game of Thrones, Моdern Family..
Баш се имав замерачено да ја гледам Lie to Me, само заради Тим Ротх. Ме разочара ова
--- надополнето: 10 март 2012 во 13:58 ---
Зборувам за Scrubs и мислам дека е многу потценета серија и далеку посмешна од HIMYM, TBBT, My name is Earl, и со сета почит кон фановите, ама и од Friends неколку пати посмешна.
Да не се разбереме погрешно оти и јас ја сакам серијава :). Ама во која смисла е потценета во однос на My name is Earl. Scrubs доби 9 сезони(една целосно непотребна, најдобро ке беше да завршеше со бајката што Кокс ја раскажуваше на син му) додека на My name is Earl не и дозволија ни да ја заврши приказната.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Ме интересира дали некој од тука ја има гледано Better off Ted? Една од најинтересните комедии што имам гледано после многу долго време
Јас ја имам гледано и не ми беше смешна. Само гиковите во лаболаторијата направија неколку смешни работи.

Не ми беше смешна бидејќи сите шеги ги направија вештачки, како роботски само напамет да ја изговараат својата линија од сценариото. Како едвај да чекаат да ја каже својата линија едниот актер за другиот да продолжи. Не оставаат ни секунда простор за реакцијата на некој лик. Дури и ликовите ретко кога ги видов да имаат некои реакции. Роботи.
Не беше реална баш поради тоа. А инаку шегите се многу смешни, сценариото си е супер само да го одглумиле на друг начин требало.

Можеби е до мојот вкус, бидејќи сакам што е можно по реални комедии. Како на пример Curb Your Enthusiasm. Таму не ги кажуваат шегите како првоодделенец кога кажува песничка на памет.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Ееее. Конечно да најдам некој во Македонија што ја гледал и не му се допаѓа :(. Епа секој со свој вкус. Мене па Curb не ми се допаѓа, подобар ми беше Seinfeld.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Да не се разбереме погрешно оти и јас ја сакам серијава :). Ама во која смисла е потценета во однос на My name is Earl. Scrubs доби 9 сезони(една целосно непотребна, најдобро ке беше да завршеше со бајката што Кокс ја раскажуваше на син му) додека на My name is Earl не и дозволија ни да ја заврши приказната.
My name is Earl ја спомнав онака затоа што не можев да се сетам на друг пример во моментот. И чисто ради тоа што Скрабс ми беше многу посмешна, не дека Ерл е лоша серија, напротив, ми се свиѓаше и таа.
За 9тата сезона и ја се слагам, не им требаше, погледнав само 2 епизоди и не ја догледав, ама крајот на 8мата сезона беше фантастичен. Баш беше добар...
A good comedy can make you laugh, a great one can make you cry :)
Ова особено важи за Scrubs.
:)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
My name is Earl ја спомнав онака затоа што не можев да се сетам на друг пример во моментот. И чисто ради тоа што Скрабс ми беше многу посмешна, не дека Ерл е лоша серија, напротив, ми се свиѓаше и таа.
За 9тата сезона и ја се слагам, не им требаше, погледнав само 2 епизоди и не ја догледав, ама крајот на 8мата сезона беше фантастичен. Баш беше добар...
A good comedy can make you laugh, a great one can make you cry :)
Ова особено важи за Scrubs.
:)
Не сум видел во некоја од поновиве серии, како How I Met Your Mother, Big Bang Theory било која, некој од глумците таму да има таква одлична хемија меѓу себе како што имаа Турк и ЏејДи. Една од причините што ја обожавам Scrubs воедно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom