Ќе ми објасните зошто не ви се допаѓаат механичките дискови?
Онака, дали сте користеле и хидраулични и механички и дали навистина можете да почувствувате некаква разлика? Нормално, освен онаа во цената за одржување (која кај хидрауличните е далеку повисока).
Класична механичка диск кочница со помош на сајла ја придвижува само едната страна на клештата, што значи дека едната плочка е статична додека другата се движи,. Поради тоа, потребно е често да се штелуваат кочниците со цел да задржиш оптимален bite-point.
Хидрауличната кочница ги придвижува двете страни од клештата, и кога плочките се трошат, воопшто, или многу малку се забележува на рачка.
Друго, силата на механичката кочница во голем дел зависи од силата која ти можеш да ја произведеш со твојата рака. И тие кочници имаат механизми за boost на внесената сила, но при продолжено кочење на долги спустови, раката навистина се изморува дури и кај хидрауликата, а не па кај механиката.
Има механички кочници кои се многу добри, и единствено тие би ги препорачал, но воопшто не се ефтини. Ќе ви ги пуштам подоле:
TRP Spyre mechanical disk brake:
https://www.merlincycles.com/trp-spyre-disc-brake-63801.html
Ова е механичка кочница која има клешта слична на хидраулична кочница - двете страни од клештата се придвижуваат. Одлична механичка кочница, најдобра на пазарот, но по доста висока цена.
AVID BB7 mechanical disk brake:
http://www.wiggle.co.uk/avid-bb7-mtb-disc-brake/
Најдобрата класична механичка диск кочница. Сосема коректна цена за нова клешта, иако јас тие пари би ги потрошил на половна хидраулика.
Бонус на ова се добар сет на рачки за кочење, препорачливо од производителите е да се спарат со рачки од истиот бренд, што е дополнителен трошок. Ваквиот сетап ќе кочи одлично, на ниво на можеби ниско-средна класа на хидраулика. Но, пак ќе треба да се штелува почесто, што мене навистина ми смета иако обожавам сам да чепкам на моите велосипеди.
На кратко, тоа е тоа од моја
субјективна гледна точка.