Имам една идеја на која се сетив.Да направиме едно резиме и дискусија на велосипедите кои се нудат на пазар3 и другиве огласи.На оваа идеја дојдов откако видов дека има многу луѓе на форумов кои би сакале да купат квалитетен велосипед за возење,но не се во можност да дадат многу пари.Имам предлог во темава да ги разгледуваме понудите,како на нови така и на половни велосипеди кои се нудат на пазарот.Поучен од луѓето кои се неупатени и кои ги дерат со пари за точаци со слаби(неквалитетни) делови сметам дека предлогов ќе биде супер.Со ова мислам дека ќе помогнеме некоја особа која е во план да земе велосипед,истата да земе најдобар велосипед за своите пари.Значи тука можете да давате предлози за добри велосипеди кои сте ги виделе по продавнициве низ македонија,како и користени кои се нудат и ваше мислење за истите.ИСто така тука може да договараме и тури за возење низ Македонија.
П.С Имам голема желба темава за велосипеди да оживее и да повикаме и стекнеме поголемо пријателство меѓу нас(возачите)
еве еден предлог од мене колку да ја започнеме некако дискусијава.
Значи велосипедот не е мој,туку ова е само мој предлог за еден од подобрите половни велосипеди кои ги имам видено како стари се нудат на оглас кај нас.
Код:
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=3tmZQVd+yY4=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/Qv0QZS5qruOTvfY%20jIBBUbucDNc007ye9U7NBmlMQNjZ0DphIEQib4m1%20yuTuNBNNGEhpRbChx1JUWS7amGVBf
Ајде малку да подискутираме за велосипедов.
Според мене велосипедов е опремен со доста добра опрема:
прво:како што можам да забележам станува збор за заден Deore Xt менувач кој е добро сочуван(коментирам гледајќи ги сликите,се разбира)Мана е тоа што овој менувач е стар веќе две генерации,другата опрема е деоре во комбинација со LX.Гледајќи ги сликите можам да најдам забелешка на вилушката(амортизерот) кој е прилично стар и дотраен.
П.С велосипедот на оглас се нуди постојано веќе подолго време,за што сметам дека најверојатно е висока цената.Можеби и цената е добра но друг фактор е причината.Ме интересира дали некој се јавил кај типов и ја знае цената на велосипедов и дали истиот има некакви мани.Ако некој знае нешто ќе го замолам да сподели со нас.Еве еден мала помош од мене како искусен по овие работи
Другите денови ќе се обидам да најдам и препорачам други велосипеди,се со цел да развиеме поголема дискусија во врска со велосипедиве.
п.с се разбира доколку некаде видите нешто интересно на оглас или во продавници може слободно да го споделите овде па заедно ќе дискутираме за истиот производ т.е дали тој е добар дали вреди за парите итн.