Дополнување:денес бевме до Солун и го земавме велосипедот.Другарчето на враќање до граница отиде со такси,а јас се разбира за да не платам решив да се вратам со точачево.Нормално да се проба.
Најпрвин би сакал да направам анализа за рамката.Таа е комплетно изработена од Карбон(иако не е фулл карбон сепак таа е супериорна на изглед)Затегачите се видно квалитетни па ако се суди според нив рамката би требало да биде долготрајна.
Деловите се тие кои ги пишав во горниот пост.
Остана да напоменам само за гарнитурата како колче,стемот,воланот,затегачот за колчето итн.Ова не ми се допадна баш бидејќи зад нив стои името на IDEAL(фирмата која го произведува велосипедот),но сепак тие се карбонски и од прв поглед изгледаат идеално.
Друга слабост на велосипедов е задниот запчаник кој не е од квалитетната класа на делови.Тој е Shimano но не Deore туку no-Серијата на шимано,што мене искрено и баш не ми се допадна.Понатаму се разбира дека може да се смени.
Инаку велосипедов има доста солидни хидраулика кочници кои понатаму ќе вршат и тоа како работа.
Од останатите забелешки можам да ги издвојам и но нејм обрачите и Alivio предниот менувач.Се чуствува при возење дека предниот менувач е што би се рекло натрапник кај велосипедов.
Сепак сметам дека тоа било направено се со цел да се намали цената на крајниот производ.Во ограниченото време што го бев поминал и изминатите 50-55 км можам да кажам дека велосипедот е одличен и дефинитивно ја оправдува цената од 1100 евра.
Тежината е одлична,или според податоците од производителот велосипедот тежи точно 12.3 кг.
На крај сакам да му посакам на другарот со здравје да си го вози и многу планини да освои