Општи вело муабети, прашања, совети

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Здравје некоја од пролетниве може да пробам ама неам ништо од опрема/облека за подолги дестинации, а богами и кондиција неам за угорнини. :)

Што е најнеопходно почетник да носи и има ли други аматери бар да имам со кој да правам муабет ако лагувам 10км зад другите? :D
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Здравје некоја од пролетниве може да пробам ама неам ништо од опрема/облека за подолги дестинации, а богами и кондиција неам за угорнини. :)

Што е најнеопходно почетник да носи и има ли други аматери бар да имам со кој да правам муабет ако лагувам 10км зад другите? :D
Како што пишав погоре, доаѓаат од почетници до профи велосипедисти. Верувај нема да останеш сам. Плус се застанува повеќе пати за одмор.
Од опрема ти треба : внатрешни гуми, мини џепно алатче, кацига, мини пумпа, бидони со вода. Не е лошо и да си купиш дрес кој брзо се суши од пот и не пропушта ветер, гел за рехидрација и енергија. И нормално, технички исправен велосипед.
За кондиција, ако си од СК, ете ти го Водно. Одличен терен за тренинг.[DOUBLEPOST=1420843612][/DOUBLEPOST]
По асфалтен пат се одвиват поголемиов дел од турите или ?
Офроуд се, но има и делови со асфалт.
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
161
Поени од реакции
232
Pozdrav kolegi, prasanje koga kocam ,zadnata kocnica sviri(v brake).probav izbrisav,ama isto...
Izvinuvanje za kirilica pisuvam od nadvor
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo decki imam edno prasanje
Vozam velosiped so trkala 26x1.50. Dali na ovaa sirina moza da stam nadvoresni gumi so sirina 1.75 ili pogolema fala odnapred :D
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Сигурно може да идеш до 2.0. За нагоре, треба да се измери внатрешна ширина на обрачот.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Каков напад има она гледајќи го си викам роден многу добар фокус има вртењето го обожава :cuc:ама да бидем реални тоа му е се во животот вртење за нови победи вртејќи за животот ...

 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Дечки, од искуство, дали ми е попаметно од тука или преку АлиЕкспрес да си купам кацига? Дали и тука се наоѓаат не толку скапи кациги и дали се разликуваат во големина некако со цел да знам на што да пазам ако се одлучам преку интернет да си купам?
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
По 2-3 па нагоре се од Specialized не знам дали се исплати да се нарачува. Другиве продавници сигурно имаат и тие добар избор.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Дечки, од искуство, дали ми е попаметно од тука или преку АлиЕкспрес да си купам кацига? Дали и тука се наоѓаат не толку скапи кациги и дали се разликуваат во големина некако со цел да знам на што да пазам ако се одлучам преку интернет да си купам?
Не ни знам дали кацигиве на AliExpress се оригинали, или само им лупнале некое лого. Јас би ти препорачал да си купиш од тука пошто кацигата е најбитна од опрема.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Дечки, од искуство, дали ми е попаметно од тука или преку АлиЕкспрес да си купам кацига? Дали и тука се наоѓаат не толку скапи кациги и дали се разликуваат во големина некако со цел да знам на што да пазам ако се одлучам преку интернет да си купам?
Во кацига се исплаќа да се инвестира, можиш да најдиш и тука кај нас, но можиш да нарачаш или да најдиш аукција на ибеј, па да земиш добро и квалитетно парче за ич пари;)
Бегај подалеку од алиекспрес, чкарт се ептен. Ево другар мој нарача, ми се чини дека кога ќе ја фатам со две раце можам да ја скршам ко од шала.
Поарно поќе пари за квалитетна и проверена кацига, него ли некое ѓубре на гла да носиш.[DOUBLEPOST=1421598096][/DOUBLEPOST]
Не ни знам дали кацигиве на AliExpress се оригинали, или само им лупнале некое лого. Јас би ти препорачал да си купиш од тука пошто кацигата е најбитна од опрема.
Али се копија дефинитивно. Ево гледам од другарчево апла е ептен.
 
Последно уредено:
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Токму и затоа прашав, дека многу налетував на кациги на АлиЕкспрес, па да проверев :)

Фала ви многу за одговорите, па сега ми останува да се рашетам по нашиве продавници, да разгледам.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
И јас ја имам истава дилема, ми фали кацига + светло. Моментот е што бајкот е cube па сакам и опремата што ќе ја имам да ми биде горе доле од истиот бренд, а проблемот е што probike немаат кациги. Инаку за кациги тука:
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=0d073345-e78e-47f1-9b95-5012bf0366d3 - specialized
http://modusbike.com.mk/katalog/oprema/kaciga - bontrager
барем мене она око што ми фати во поглед на цена - дизајн и боја ( која нормално горе доле треба да ја има како и самиот бајк )
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Во outdoor има МЕТ кациги, доста квалитетни и не се многу скапи. Околу 2-3 илјади се движат цените. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom