Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Американецот Флојд Лендис го присвои победничкиот пехар за годинашното издание на Тур д Франс. Последната 20-та етапа му припадна на Тор Хушовд од Норвешка.

Лендис е третиот Американец што триумфирал на трката окулу Франција. Трофејот за него беше прв во кариерата на најпозната велосипедска трка, но со него им се приклучи на сонародниците Грег Лемонд и на Ленс Армстронг.

Лемонд е трикратен победник, а легендарниот Армстронг 7-пати беше на тронот на трката окулу Франција.

Лендис вчера создаде убедлива разлика во генералниот поредок од 59 секунди во однос на најголемиот конкурент, Шпанецот Переиро, па денешаната етапа со цел на елисејскиоте полиња во Париз беше формална во поглед на севкупниот пласман во кој на крајот немаше промени, Переиро ја задржа втората, а Германецот Кледен третата позиција.

Денешната делница долга 154 километри најбрзо ја мина Тор Хушовд од Норвешка пред двајца Австралијци, Роби Мек Ивн и Стујард О`Грејди.

Мек Ивн по третпат во последните пет години беше најдобар во бодувањето за зелената маичка, а во круната од планинските етапи на Тур д Франс во Данска ја однесе Михаел Расмусен. Кај тимовите, Ти-Мобајл е првак, пред ЦЕЦ и РабоБанк.

Еве го и на слика


Победникот на Тур д Франс, Американецот Лендис падна на допинг тест направен за време на велосипедската трка окулу Франција.

Сомневањата за Лендис започнале по 17-тата етапа во која тој со одлично возење ја намали предноста на Переиро во генералниот пласман дури за седум минути и 20 секунди, а претходниот ден ја заврши делницата со негатива од осум минути.

Во крвта на Лендис било пронајдено големо количество на машкиот хормон тестостерон, па доколку Б тестирањето ги потврди првичните наоди, тогаш Лендис ќе биде првиот велосипедист на кој ќе му биде одземена титулата на Тур д Франс поради допинг.

Тој дементираше дека користел недозволени средства, но сепак неговиот тим Фонак објави дека овогодишниот крал на најпопуларната велосипедска трка ќе биде суспендиран од сите натпреварувања додека случајот не се разјасни целосно.

Ај и за нашиве нешо да кажеме


Од 28 па до недела (30 јули) во организација на Велосипедксиот сојуз на Србија во Нови Пазар се одржува Балканското првенство во велосипедизам за две категории - јуниори и до У-23 години кои пак ќе возат две дисциплини - хронометар и друмско.

За таа цел наша екипа предводена од тренерите Марјан Петровски, Саше Ванчевски и Јовица Јованов во чии состав се најдоа и шестмина возачи вчера замина за Нови Пазар.

Што се однесува до велосипедистите во категоријата У23 ќе настапат Ј. Јованов член на ВК "Електрика", С. Величковски (Вело -М) и С. Цветковски (МВК - Велес), додека кај јуниорите тоа се М. Милевски (МИА) и браќата Цветковски (Вело -М).

Инаку, бројот на учесници по дисциплина се очекува да ја достигне бројкта од седумдесетина што е сосема доволна кога станува збор за балканско првенство.

Сосема извесно е дека Флојд Лендис ќе мора да се прости од титулата во годинашното издание на велоспедската трка Тур де Франс откако денеска беше соопштено дека Б тестот покажал високо ниво на тестостерон кај него.

Неговиот тим, америсканскиот фонак експресно се откажа од него, објавувајки дека Лендис не е повеќе нивни член и дека понатамошната борба ќе ја води сам.

Одлуката за одземање на титулата и за двегодишна суспенија треба да ја донесе меѓународната велосипедска унија, но директорот на Тур де Франс, Кристијан Прудом експерно изјави дека за нив Лендис веќе не е шампион.

Кога и формално ќе биде детронизиран, трофејот ќе го добие вториот најдобар годинава, Оксар Переиро. Во тој случај Переиро ќе биде првиот шпанец што победил на Тур де Франс по Мигел Индураин во 1995.

Флојд Лендис и декеска тврди дека високот ниво на тестостерон во неговата крв е производ на неговиот организам и дека тој никогаш не земал забранети сусптанции.

Неговио аквокат најави дека ќе ја докажат невиноста на американецот. Тој сега има десет дена на одговори на обвинувањата.

Сопред правилата на анти-допинг комисијата ќе побара од американската велоспедска федерација да поведе постапка против Лендис која би резултирала со суспензија. Ако добие ваква казна за Лендис тоа би можело да значи крај на кариерата

Е поради вакви срања ке почнам да мрзам спорт.....ај белким ке се докаже дека таков му бил организмот( ааа како да не)
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
DuFFy напиша:
Е поради вакви срања ке почнам да мрзам спорт.....ај белким ке се докаже дека таков му бил организмот( ааа како да не)
Каков му бил организмот - со 10 пати повеќе тестостерон од нормалното??? Ами бетер од коњ бил! Кога се клукал, немал исаф! И јас како тебе почнав заради допинзиве да го мразам спортот. Сите поголеми фаци беа суспендирани од ТдФ т.е не им беше дозволено да настапуваат поради скандали со допинг (Иван Басо, Александар Винокуров, Јан Улрих), а сега и Ландис, кој патем речено важеше за еден од „почистите“ велосипедисти, си испогани... Види тренд.

Во Сабота почнува Vuelta D'Espana - трката околу Шпанија. Почетокот е со 7 км пролог, Malaga-Malaga а втората етапа (всушност вистинскиот почеток) е Malaga-Cordoba - 176 km. Вкупно се пријавени 189 натпреварувачи од 19 тимови а мој личен фаворит е Alexander Vinokourov од Astana Wurth тимот.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
На пригодна свеченост во ресторанот "Бисера" во Скопје Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), со мало задоцнување, ги промовираше најдобрите поединци и екипи во овој спорт. Ако фрлиме поглед меѓу лауреатите тогаш паѓа в очи дека велосипедистите од Куманово, членови на Вело - М, ги има најмногу.

Согласно ранг-листата кај сениорите, тоа се Ј. Јованов (Електрика), С. Величковски (Вело -М) и С. Цветковски (МВК Велес). Во јуниорска конкуренција триумфираа Д. Цветановски (Вело - М), С. Цветановски (Вело -М) и М. Милевски (МИА), дедока кај кадетите епитетот најуспешни им припадна на С. Петровски (Вело - М), С. Јовчевски (Вело -М) и Б. Николовски (СОФКА).

Во натпреварите во планински велосипедизам Љ. Кондев Спид Бајк) убедливо е најдобар, додека меѓу екипите тоа се "Вело - М", "Електрика" и "Цикло Спорт".
 

TheMask

SσвεR SαŋTα
Член од
28 февруари 2008
Мислења
298
Поени од реакции
8
Mislam deka poveke sakaat da vozat velosipedi :icon_ques:icon_ques
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Стварно? :pos::pos::pos:

Сакам да возам ама немам време за тоа, али кога го шетам Боно тогаш:wink:
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
325
Поени од реакции
0
Абе во последно време не возам пошто ми е расипан точако и треба да го однесам на мајстор а иначе летото возев секоја вечер и цел град го вртеф
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Многу сакам да возам точак, ама никако време не ми останува. :S
 

Мачката

Coca Cola Addict
Член од
6 август 2007
Мислења
581
Поени од реакции
6
Времиња се немам качено на точак... Ама убо шо ме потсети :) Преферирам ролери, ама и точакот е уба работа, ќе му посветам време овие дена :)
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Минатото лето секој ден на точак бев. Ова лето планирам да возам ама не до толку интензивно.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Кога немав интернет, и кога времето беше убаво, по цел ден бев на велосипед...
На лето, кога беа екстремно високите температури, велосипедот го возев во 3 часот на полноќ...по цел град и пошироко...закон беше...

Ама, сега, ниту еден мој велосипед не е во возна состојба...некој ден треба да станам од пред компјутер, и да ги поправам....

Има некој што е заинтересиран за возење велосипед на големи растојанија, да се договориме кога и како ќе одиме...
Заинтересирани?
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
tapa e tocak vozenje.ako ides niz grad kje se otrues a pa site cekaat leto za da dojdat u forma i odma trk na staza i pak se gubi feelingot poso ima nekoi so vozat i si praat muabet a ti treba da se vleces pozadi niv......

vise 2 godini ne sum vozel a nemam ni namera da vozam poso mnogu pozdravo mi e da pesacam.......
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Jas se vozam so tocak skoro sekoj den. ako ne mi e tocakot pojma nemam so ke pravam
 

Kajgana Shop

На врв Bottom