Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Вчера почна Giro d'Italia - прва од трите grand tours годинава! Мој фаворит - Ivan Basso од Team CSC - ланскиот вице-шампион од Tour de France. Човекот заслужува почит - оваа година ќе вози и на Giro и на TdF! Некако на вчерашниот time-trial слабо се покажа и се пласира дури на 13-то место со закаснување од 23 секунди за Paolo Savoldelli од Discovery Channel Team - ланскиот победник на Giro и, веројатно, најлутот негов ривал оваа година. Ќе биде интересно :je:
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Најтешката италијанска трка досега

Џиро Д'Италија е втората најголема велосипедска трка на светот. Во следните три недели ќе има фантастични планински етапи на Апенините и на Алпите и спринтерски финиши во антички градови. Но, како и с4 друго во светот на велосипедизмот, Трката околу Италија е во сенка на далеку попознатата Тур де Франс.

Истото се повторува и во 89. издание на трката, кое почнува денеска, во Белгија. Да, точно во Белгија. Вообичаено е трите големи трки (Џиро, ТдФ и Вуелта) да почнуваат надвор од нацијата. Првите четири етапи на Џирото се одржуваат во Белгија, во знак на почит на класичните еднодневни трки, пред да се вратат во Италија за првата тимска трка на хронометар на Џирото по 1989 година.

Италијанецот Паоло Салводели, кој е член на американскиот Дискавери Канал, е актуелниот шампион, но ќе има вистински предизвик од најдобрите, од кои еден дел одат на победа, а другите ја гледаат трката како загревање за Тур де Франс, која стартува на 1 јули.

Германецот Јан Улрих, шампионот од Тур де Франс од 1997, кој од 1999 до 2005 не успеа да го победи Ленс Армстронг, влегува на Џирото за да се врати во форма за француската трка. Неговите очекувања се толку мали што ќе го носи бројот 219 на трката (последен издаден).

"Знам дека ќе треба да се мачам. Нема да се обидувам да победам на Џирото бидејќи големата цел е Тур де Франс и верувам дека најдоброто ќе дојде во јули", вели Улрих.

Ѕвездата на Тим ЦСЦ, Иван Басо, исто така не мисли многу на Џирото. Неговата цел за 2006 е да го замени Ленс Армстронг на врвот во Париз, но тивкиот Италијанец е и фаворит за да ја носи шампионската розева маичка во Милано на 28 мај.

"Од првиот ден на трката сите ќе внимаваат на Басо и на ЦСЦ", потврди тимскиот директор на Дискавери, Јохан Брујнел.

И покрај далеку поинтернационалниот вкус на трката оваа година, Џиро Д'Италија пак е трка за Италијанците. Од Салводели до Дамјано Кунего, шампионот од 2001 и 2003 Џилберто Симони до сериозните предизвикувачи како Иван Басо и Данило ди Лука.

Џирото исто така е популарно кај спринтерите и има доста рамни етапи за брзите момци. Главен меѓу спринтерите секако е асот на новиот Милрам тим, Алесандро Петаки, кој има 19 победи на Џирото од 2003 до 2005 со тимот на Фаса Бортоло. Негов главен ривал ќе биде Австралиецот Роби Мекјуен од Давитамон-Лото, кој победи на три етапи лани и е еден од ретките кои го победува Петаки редовно.

На хартија, 89. Џиро Д'Италија изгледа поопасно од Тур де Франс 2006, посебно со 17. етапа со страшното искачување до План де Коронес. Последните 5 километри од трката се на калдрма до скијачкиот лифт со искачувања од 24%. Најстрмната етапа на Тур де Франс е познатата Л'Алп д'Уе со 12%.

"Мислам дека сите ќе преферираат да не биде толку тешко. Креаторите на патеката како да го загубија осетот. Тоа не е велосипедизам", вели Брујнел.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
распоред (календар)

89. ЏИРО Д'ИТАЛИЈА (6-28 МАЈ)

6 мај 1.етапа Серенж-Серенж, 6.2 км ТТ

7 мај 2.етапа Монс-Марсинел, 203 км

8 мај 3.етапа Первез-Намур, 202 км

9 мај 4.етапа Ванце-Хотон, 182 км

10 мај Ден за одмор (трансфер до Италија)

11 мај 5.етапа Пјаченца-Кремона, 38 км тимска ТТ

12 мај 6.етапа Бусето-Форли, 223 км

13 мај 7.етапа Чезена-Салтаре, 230 км

14 мај 8.етапа Кивитанова Марке-Мајалета, 171 км

15 мај 9.етапа Франкавила Ал Маре-Термоли, 147 км

16 мај 10.етапа Термоли-Пескичи, 190 км

17 мај Ден за одмор

18 мај 11.етапа Понтедера-Понтедера, 50 км ТТ

19 мај 12.етапа Ливорно-Сестри Леванте, 165 км

20 мај 13.етапа Алесандриа-Ла Туиле, 216 км

21 мај 14.етапа Аоста-Домодосола, 224 км

22 мај 15.етапа Мергоцо-Бреша, 182 км

23 мај 16.етапа Ровато-Тренто, 180 км

24 мај 17.етапа Термено-План де Коронес, 158 км

25 мај 18.етапа Силиан-Џемона дел Фруили, 227 км

26 мај 19.етапа Порденоне-Пасо Ди Сан Пелегрино. 220 км

27 мај 20.етапа Тренто-Априка, 212 км

28 мај 21.етапа Гисало-Минало, 140 км
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
историја

Џирото се роди од војна на весниците

Како и Тур де Франс и Џирото е родено откако еден слаб спортски весник реши да направи потег да го зголеми својот тираж. Анџело Гати работеше за компанијата Бјанки, но по лутото ривалство формираше своја велосипедска компанија Атала и на саемот во Болоња дозна дека Бјанки со италијанскиот велосипедски клуб и Кориере Дело Спорт планира да формира трка како Тур де Франс.

Но, Гати реши да направи проблеми. Заедно со својот пријател Томасели отидоа кај уредникот на новиот спортски весник Газета Дело Спорт, Туло Моргањи, и го убедија да ја спонзорира трката. Проблемот во 1908 беше што Газета немаше пари ниту да ги плати своите новинари. Уште поневеројатно Моргањи не му соопшти на сопственикот на весникот "Папа" Костамања за организација на трката. Во 71. број на Газета на 7 август 1908 беше најавена трката.

Првото Џиро стартуваше во Милано на 13 мај 1909 година со 127 велосипедисти во осум етапи (2.448 км) низ Болоња, Киети, Наполи, Рим, Фиренца, Торино и Милано. Успехот беше неверојатен. Во Милано војниците мораа да им помогнат на 49. велосипедисти да стигнат на целта. Газета Дело Спорт? Тие во 1988 година формираа посебна компанија РЦС, кои ја преземаа организацијата на трката. Газета и Кориере Дела Сера пак сега се дел од иста компанија.

Трката околу Италија низ бројки

Најмногу победи: 5 (Алфредо Бинда, Фаусто Копи и Еди Меркс), 3 (Џовани Брунеро, Фиоренцо Мањи, Џино Бартали, Феличе Џимонди, Бернар Ино).

Најмногу подиуми: 9 (Феличе Џимонди).

Најмногу етапни победи: 42 (Марио Чиполини), 41 (Алфредо Бинда), 31 (Леарко Гуера).

Најмногу етапни победи во една година: 12 (Алфредо Бинда во 1927).

Најстар победник: 34 години и 180 дена (Фиоренцо Мањи, 1955).

Најмлад победник: 20 години (Фаусто Копи, 1940).

Најмногу учества: 18 (Владимиро Паница, од 1967 до 1985, тој има 16 комплетирани трки).

Најстар велосипедист: 44 (Алберто Гиларди, 1954)

Најмногу денови во розево: 77 (Еди Меркс), 59 (Алфредо Бинда), 57 (Франческо Мозер).

Во розево од старт до финиш: Џани Буњо (1990)
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
РЕЗУЛТАТИ:

САБОТА, 1.ЕТАПА - СЕРЕНЖ-СЕРЕНЖ, 6.2 КМ ТТ

1.Паоло Саволдели (Ита) - Дискавери К. 7.50

2.Бредли Мекги (Авс) - Франсе Де Жу +0.11

3.Хозе Гутиерез Каталуња (Шпа) - Фонак +0:13

4.Штефан Шумахер (Гер) - Геролштајнер +0:13

5.Сергеј Гончар (Укр) - Т-Мобиле +0:15


НЕДЕЛА, 2.ЕТАПА - МОНС-ШАРЛРОА МАРСИНЕЛ, 197 КМ

1.Роби Мекјуан (Авс) - Давитамон 4:51:40

2.Олаф Полок (Гер) - Т-Мобиле +0:00

3.Паоло Бетини (Ита) - Квик Степ +0:00

4.Алесандро Петаки (Ита) - Милрам +0:00

5.Леонардо Дуке (Кол) - Кофидис +0:00
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Stefan Schumacher од Gerlosteiner победи на третата етапа и ја презеде розевата маичка од Paolo Savoldelli! Не верувам дека ќе остане долго таму... Но чудно ми е што Basso и Ullrich се некако незабележителни! Можно ли е Giro да им е само потежок тренинг за TdF? Можеби на Италијаните не им одговара Белгија па се чуваат за етапите во Италија...
 
B

BushMan

Гостин
Harko напиша:
Вчера почна Giro d'Italia - прва од трите grand tours годинава! Мој фаворит - Ivan Basso од Team CSC - ланскиот вице-шампион од Tour de France. Човекот заслужува почит - оваа година ќе вози и на Giro и на TdF! Некако на вчерашниот time-trial слабо се покажа и се пласира дури на 13-то место со закаснување од 23 секунди за Paolo Savoldelli од Discovery Channel Team - ланскиот победник на Giro и, веројатно, најлутот негов ривал оваа година. Ќе биде интересно :je:
Аууу минатата година по велосипедизам правев проект за Џиро ди Италија.Професорот ме измачи.......
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
И првиот шок на годинешново Giro - Alessandro Petacchi од Club Milram се откажува од трката!!! еден од големите фаворити го напукнал коленото при пад на денешнава етапа и веројатно ќе го пропушти и TdF. Голем удар за Milram, посебно што втората ѕвезда - Erik Zabel не настапува на Giro.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Басо ја превзеде контролата на Џирото

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 8 ТА ЕТАПА

1.Иван Басо (Ита) - Тим ЦСЦ 31:41:17

2.Хозе Гутиерез Каталуња (Шпа) - Фонак +1:34

3.Дамјано Кунего (Ита) - Лампре +1:48

4.Паоло Саволдели (Ита) - Дискавери К. +2:35

5.Сергеј Гончар (Укр) - Т-Мобиле +2:43
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Францускиот велосипедист Пиерик Федриго ја освои 14-та етапа на Тур д Франс. Во драматична завршница домашниот натпреварувач го победи италијанецот Салваторе Комесо.
Жолтата маичка ја сочува Оскар Переиро.
Возбудлив беше финишот на 180-сет километри долгата етапа од Монтелимар до Гап. Федриго и Комесо се издвоија од силната група на шестмина натпреварувачи, по инцидентот во кој беа повредени Дејвид Канада и Рик Вербриге.
Еден час траеше изедначената трка на водечкиот двоец што кулминираше во финалниот спринт во кој Федриго успеа да влезе во целта пред Комесо и на французите да им ја подари третата етапна победа на ова издание на Тур д Франс.
Третото место го освои американецот Кристијан Вандвелде.
Жолтата маичка и по оваа етапа остана во сопственост на шпанецот Оскар Переиро кој ја сочува предноста од една минута и 29 секунди над американецот Флојд Лендис.
Трет е французинот Сирил Десел.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Слободен ден на велосипедската трка окулу Франција. На шест етапи до крајот на годинашното издание на најпрестижниот велосипедски натпревар, а во пресрет на утрешната од Гап до Л Алп Дуез долга 187 километри, води Шпанецот Оскар Переиро.

Најблизок конкурент за жолтата маичка му е Американецот Флојд Лендис со заостанување од една минута и 29 секунди. Трет во генералниот поредок е Французинот Десел кој има временска негатива од една минута и 37 секунди во однос на Переиро.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Американецот Флојд Лендис му ја препушти жолтата маичка на Оскар Переиро по 16-тата етапа на велосипедската трка окулу Франција.
Данецот Расмусен победи на вчерашната делница долга 182 километри и ја потврди својата доминација на планинските етапи на годинашниот Тур д Франс.Во драматичната трка долго водеше Лендис, но на последната нагорнина не ги издржа нападите на противниците, па на крајот заврши на 23-тата позиција со повеќе од 10 минути негатива во однос на Расмусен.Тоа го искористија шпанците Састре и Переиро за да се пласираат на второто и на третото место. Тие се сега водечки во генералниот поредок но со обратен редослед.Прв е Переиро со минута и 50 секунди предност пред Састре. Ги следи германецот Кледен со послабо севкупно време од Переиро за две секунди и 29 стотинки.
Довчерашниот лидер Лендис е 11-ти во бодувањето за жолтата маичка. Доколку сака да го достигне Переиро и повторно да конкурира за врвот, во престојните четири трки треба да надополни повеќе од осум минути.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Американскиот велосипедист Флојд Лендис е победник на 17-та етапа на престижниот Тур д Франс. Се возеше од Сен Жан Морине до Морзин во должина од 200 километри.Со убедливиот триумфот Лендис ја враќа неизвесноста околу севкупниот или прв победник во пост Армстронг ерата на оваа трка. 5 часа, 23 минути, 36 секунди е победничкото време на Американецот, дури 5 минути и 42 секунди подобро од второпласираниот Шпанец Карлос Кастре.Третото место го освои Французинот Криштоф Моро. Оскар Переиоро кој денеска беше седми со задоцнување од 7 минути и 20 секунди зад победникот, останува во лидерската жолта маичка, но сега само 12 секунди пред Састре, а 30 зад третоплоасираниот Лендис.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Матео Тосато ја освои 18-та етапа од велосипедскиот Тур д Франс.Во завршниот спринт ги победи второпласираниот сонародник Кристијан Морени и Германецот Рони Шолц.Ова трио беше дел од групата 15-те велосипедисти кои се издвоија по 53 километри од денешната етапа од вкупно 197 што по трите напорни дена во Алпите, се возеше од Морзин до Макон.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Американецот Флојд Лендис ќе ја носи жолтата маичка на утрешната последна етапа од годинашното издание на Тур д Франс.

И покрај тоа што на денешниот хронометар победи Сергеј Гончар од Украина, Лендис временски најмногу профитираше и е многу близу до севкупна победа на најпрестижната велосипедска трка.

Лендис беше третопласиран по 57-те километри од 19-тата етапа, но го презеде водството во генералниот поредок од доскорешниот лидер Переиро.

Шпанецот го освои 4-тото место, но со заостанување од две минути и 40 секунди во однос на Гончар и што е најважно имаше голема негатива споредбено и со Лендис од 1.29.

Доколку сака да биде на тронот, Переиро утре треба да надоплни огромни 59 секунди колку што е предноста на Лендис.

На пиедесталот денеска беше и Германецот Кледен, но на второто место, со време што му овозможи да го истисне састре од третата позиција во севкупен пласман.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom