Ја избегнував темава дека не ми се свиѓа, но решив да пишам и покрај тоа ...
Само што се вратив од град. И да Ви се исповедам, бидејќи во моментов сте моето единствено прибежиште, имам значително зголемен процент на алхохол во крвта , се чувствувам олеснато од онаа градска исилена еуфорија, синтетика, извештачено однесување и ефтини фалсификати. Слободно судете ми за пијаната состојба во која се наоѓам , но морав да избегам од присутните кич индивидуи со вештачки нокти, извадени перчиња, краватосани вратови, ефтина бижутерија, банални насмевки, унифицираност.
Многу негативна и лоша енергија во една млада девојка. Туку ај да си кажам мислење ...
Во никој случај неможам да кажам дека мене не ме нервира и не го забележувам тоа што го кажа, но имам друг начин да го игнорирам истото. Значи да го игнорирам. Немам потреба да бегам од нешто што неможе да ми влијае доколку не сакам. Не излегувам каде што го има сето тоа и точка. Ретко излегувам токму поради тие причини, но не ми е подосаден животов вака. Доколку ми дојде желба, си бирам место каде ќе одам, каде ми е најпријатно мене и си поминувам убаво. Зарем е толку комплицирано тоа?
Па добро , или некој лаже или е ова скриена камера , немајќи доволно доблест да си признае дека ова е за жал , единствената реалност за јавното социјализирање на младиот човек во овој или оној или било кој град во нашава ни земја.
Јас денеска избегав од ова сивило со горенаведениот рецепт, а Вие драги мои?...
И што ако избега денес? Наредниот викенд што ќе правиш? Зошто бараш виновник за нешто што сама си го правиш?
Опивај те се
Треба секогаш да се биде пијан.Тука тоа е единствено прашање.
За да не го чувствуватестрашниот товар на времето
што ви ги крши плеќите и ве свиткува кон земја, треба да се опивате без престан. Шарл БОДЛЕР
Сеуште неможам да ја сварам поракава ... Опивај те се.:nesvest:
Прво, ако ти си толку слаба и некреативна, пиј и ќути. Зошто чувствуваш потреба да го наметнеш тоа незадоволство од животот и на други? Знаеш ... има тука доста неоформени личности, кои лесно можат да паднат на оваа провокација ... ќе те задоволи тоа? Ќе те задоволи процентот на поголеми пијаници околу тебе со кои ќе се поистоветуваш?
НЕ опивај те се е мојот одговор на овој "трогателен" муабет. Излезете, шетајте на снег, на студ, на сонце, на кеј, покрај езеро наместо да се пијанчите и правите будали од себе ... правете се` што нема да ви донесе дополнителни проблеми, а има поголеми шанси позитивно да ви влијае.
И то.