Омилено уметничко дело

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Уметност од најпознатиот Германски сликар од Ренесансата, Албрехт Дурер.

Празникот на Марија
Албрехт Дирер
1506 година

Масло на панел
Димензии: 161,5 cm × 192 cm.
Локација: Национална галерија, Прага.
ЧЕШКА



Бонус, негови мотиви од природа




 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016

Дејвид Хокни
Американски уметник, особено активен во 1970ти. Сликиве маваат накај Постмодернизам.



R.jpg

 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016

Франческо Хајез
10 февруари 1791 - 12 февруари 1882 година.
Тој се смета за еден од водечките уметници на Романтизмот од средината на 19 век, во Милано.
Познат е по неговите големи историски слики, политички алегории и портрети.


Бакнежот
Датум: 1859 година.
Медиум: масло на платно.
Димензии: 110 см 88 см.
Колекција: Pinacoteca di Brera Blue.
МИЛАНО




Тајно обвинение
Датира помеѓу 1847 и 1848 година.
Медиум: масло на платно.
Димензии: 153 см 120 см.
Колекција: Градски музеи во Павија.
Моментална локација:
Quadreria dell'Ottocento.

 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016

Максфилд Периш
25 јули 1870 – 30 март 1966

Американски сликар и илустратор активен во првата половина на 20 век. Тој е познат по неговите карактеристични нијанси и идеализираните неокласични слики. Неговата кариера траела педесет години и била многу успешна: Неговата слика „Дневна пауза“ (1922) е најпопуларниот уметнички принт на 20 век.








 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Во последно време се воодушевувам на мајсториите на старохоландските уметници. Таа деталност, уникатност, длабочина, проникливост, симболичност, реализам и притаен хумор на нивните дела едноставно не може, а да не те остават рамнодушен. Доколку сте љубител на Јан Ван Ајк или пак ве привлекува старохоландското сликарство, многу топло ја препорачувам страната Closer to Van Eyck каде со голем зум може да се видат и најмалите детали, кои носат своја симболика.

Роберт Кампин (1375-1444; познат и како Мајсторот од Флемал) заедно со Ван Ајк, е еден од основоположниците на сликарскиот препород во Фландрија (Белгија) на почетокот на XV век. Познат е по својот Олтар Мерод (1425-1428) но успеал да се етаблира и со своите портрети. Овде се прикажани портретот на анонимниот Господин со својата сопруга. Интересен факт за Кампин е тоа што имал жена, но како што било обичај за тогашните уметници, имал и многу љубовници настрана а со тоа и бил учесник во многу скандали поради што ја добил најголемата казна - бил протеран од градот и ја изгубил работата.
Портретите биле нарачка на Господинот чиј портрет го гледаме. Она што е интересно е тоа, доколку погледаме подобро во прстенот кој го носи жената, ќе видиме машка фигура. Таа фигура е всушност автопортрет на уметникот. Според податоците кои ги имаме, дознаваме дека жената (колку и невино и покорно да изгледа) всушност била една од неговите љубовници. Мажот, се разбира, тоа не го знаел.
Robert Campin 1.PNG
Robert Campin 2.PNG
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Capture.PNG
Микеланџело, Евангелист Матеј, ок. 1506, Галерија на Академијата, Фиренца

Оваа скулптура за жал не успеала да ја доживее својата слобода онака маестрално, како што ја доживеале останатите дела на Микеланџело. Но токму тоа ја прави посебна за нас, бидејќи претставува утелешение на идејата за уметникот како Создавач, Вдахнувач, кој ја “ослободува“ скулптурата од канџите на тешкиот камен. Но не и оваа. Оваа скулптура засекогаш останала закотвена во својот камен, вечно борејќи се за својата слобода.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Одиме со Ренесанса. Најубавото од Италија и Европа. Стремеж кон воздигнување на човекот. Нејзиното врвно начело гласи - јас сум човек и вредам, јас сум воздигнат и се стремам кон најдоброто во себе. Јас сум подобро од војни. Ги сакам книгите, тие ме носат кон Универзумот. За прв пат прстените на Сатурн биле видени со телескоп од страна на Галилео во Ренесансата, во 1610 му пишал писмо на Војводата од Тоскана со цитат за нејзините прстени кои тој пробал да ги идентификува - "Планетата Сатурн не е сама, туку е составена од три дела кои речиси се допираат еден со друг, никогаш не се движат ниту се менуваат еден во однос на друг."

Идеалниот Град | Италијански: Città ideale
Насловот е даден на три неверојатно слични слики од
Италијанската Ренесанса со нерешена атрибуција.
Бидејќи се чуваат на три различни места,
тие најчесто се именувани според нивната локација:
Идеалниот град од Урбино, од Балтимор и од Берлин.

Идеалниот град од Урбино
Насликан од Лучијано Лаурана или Мелоцо да Форли.

Luciano Laurana oder Melozzo da Forlì..jpg

Luciano Laurana oder Melozzo da Forlì.jpg Luciano Laurana or Melozzo da Forlì.jpg

Идеалниот Град од Балтимор
Му се припишува на Фра Карневал
Година: околу 1480 и 1484.
Медиум: масло и темпера на панел.
Димензии: 77,4 cm × 220, cm.
Локација: Музејот на уметноста, Балтимор

Fra Carnevale.jpg Fra.jpg


Бонус од слични Ренесансни Убавини. Симетријава лечи.
Италијанска Естетика до Универзумот. Вакви градови и на други Планети - ако човекот ги заслужи.

obra-181.jpg
20220127_172044.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Средновековна Европа била опседната со митови за шумски Еднорози. На сите слики, стакла и теписерии се прикажани со џиновски рог, кој е речисти исто толку долг колку и самата креатура.

Еднорогот во заробеништво
Станува збор за Француска Теписерија од Средниот Век. Ги има неколку кои го покажуваат Еднорогот во неколку настани. Првата е: Еднорогот е откриен во шумата. Потоа е заробен. Потоа убиен. Потоа однесен во замокот.


 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Првата француска империја, официјално Француската Империја, позната и како Наполеонска Франција, била Империја управувана од Наполеон Бонапарта, кој воспоставил француска хегемонија над поголемиот дел од континентот Европа на почетокот на 19 век. Траеала од 18 мај 1804 до 11 април 1814 година и повторно накратко од 20 март 1815 до 7 јули 1815 година.

Француски: Empire français Латински: Imperium Francicum​

Во овој турбулентен период Наполеон е во војна против Русија - под паролата Војна за Спас на Полонија (Полска). Европа е за прв пат обоена во Темно Сино - со исклучок на Балканот кој Отоманците сеуште го бојат во зелено (исламско).
После ова следи Јулската Револуција. На сликата е Римското олицетворение на Франција - Маријана. Французите во 19ти век го делат ставот на Старите Грци дека да се покажи голо тело е симбол на беспрекорна храброст и хероизам - затоа Маријана гордо ги покажува градите. Напоредно со Јулската Револуција се случува и Грчката Револуционерна Војна - Грција е потишана како слободна во 1830та во Лондон - за прв пат после повеќе од 400то години. #Светлина #Илуминати

Ежен Делакроа: Слободата го води народот
Француски: La Liberté guidant le peuple
Ја одбележува Француската Револуција од 1830 година Јулската Револуција
Стил: Романтизам (18 век – 19 век)
Медиум: масло на платно
Димензии: 260 см x 325 см.
Колекција: Музејот Лувр

ПАРИЗ
Eugène_Delacroix.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Ме мрзи да скролам низ страните за да видам дали сум го постирал ова.
Има дела кои ги разгледувам одново и одново, по неколку месеци, година или две. Ова е дело на Фредерик Леигтон - Елијах во Дивината. Дека сакам Евреи не е тајна. Но она што ме импресионира овде повеќе е Англискиот Пре-Рафаелит. Се вика Пре-Рафаелит пошто уметниците од овај правец целат кон тоа да ја вратат уметноста пред Рафаел (италијанецот кој ја навести Ренесансата). Доста често делата на овај стил потсеќаат на Византиски Фрески. Посебно забележливо кај генијалката Евелин Де Морган.
Кога го гледам ангелот на сликава јасно ми е дека е директно инспириран од оригиналите како тој Азурно - крилестиот, нашиот во Курбиново. Има зрачен ореол од златна светлина околу главата, за да биде комплетен.

Frederic,_Lord_Leighton_-_Elijah_in_the_Wilderness_-_Google_Art_Project.jpg
1.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Одиме со Фото-Уметност.
Слим Аронс е американски фотограф од 20ти век. Нема многу што да се кажи освен тоа дека сликите секогаш пленат со симетрија и ведри бои. Аронс бил војник во 2ра светска, видел многу од одвратното во човештвото. Кога се вратил во САД сакал да се фокусира само на фотографија, и тоа убави луѓе на убави места. Аронс изјавил дека тој бил дел од луѓето кои ги сликал. Бил поканет на сите забави, затоа што луѓето знаеле дека тој нема да им наштети.
Аронс бил роден во Еврејска Фамилија на Менхетн. Целиот живот го криел своето потекло, од кое се срамел и тврдел е Сирак. Многумина сметаат дека белите луѓе не би му дозволиле да ги слика, ако знаеле што е по потекло.




GettyImages-2716665.jpg




 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Штета што на нет нема поголема резолуција од делово

Ханс Мемлинг
Марија со Света Катерина и со Света Барбара



memling-johannesaltaar-midden.jpg

angeli.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Една од најужасните работи што ги прочитав скоро беше таа дека: кога римскиот генерал Понтиус Пилат го распнал евреинот Исус на Крст, го слекле гол, пошто тоа било начин да се изживуваш со Бета мажи - според римските генерали од тоа време. Има зло на светот, во право бил Исус за тоа. Во претстој на велигденските празници постирам неколку дела од шпанецот Салвадор Дали на темата Исус.

Делата Салвадор ги насликал во 50тите години на минатиот век.

Исус на крстот од Свети Јован

Дали изјавил дека Исус му се појавил на сон, левитирал над него со крстот исто како на сликава.
Му рекол на Дали дека сака да го прикажи без шајки и без крв на дланките.




Корпус Хиперкубус



Нуклеарен крст

 

Kajgana Shop

На врв Bottom