-се чудам на нашиве македонци што погоре какви се не
навеле имиња на
историски личности за “омилени“- секакви а најмалку од оние
кој нам ни ја донесоа оваа слобода и оваа држава. А такви има многу во нашата ослободителна-национална војна .
Еве пишание за еден кој и во српско и бугарско се бореше за
Македонија,за кого има многу што да се пишува од првите денови на окупација и пред тоа па до првиот партизански одред,неговото апсење и посебно држењето пред бугарскиот окупаторски суд,кој го осуди на смрт и го обеси во Софија “42г.
Но сега сакам да напишам-“препишам“- еден дел од неговиот живот помалку познат за пошироката јавност,т.с.од “српско“. ( за една точка на фирмата)
..............ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН
-Адвокатската комора во Скопје му се обраќа со писмо
......на 20 април 1940 година
--“До Господин Василије Стефановиќ, адвокат - Скопје
-Според документите што ги приложувате кон молбата за запишување,Вие во именикот на адвокатите на оваа комора сте запишани под името Василие Стевановиќ. Меѓутоа,ни падна в очи дека вие на својата адвокатска канцаларија во Скопје истакнавте фирма под името Васил Стефановиќ,а тоа
е друго име, а не она под кое сте запишани во именикот и под кое се водите како адвокат при оваа Комора, зошто ако
името е скратено тоа би било означено со точка зад буквата
“л“ а освен тоа во нашиот јазик не е вообичаено името Василие да се скратува, ако и кај вас би бил таков случајот,
на буквата која вие сте ја ставиле на крајот од своето име на фирмата, та е очигледно дека на својата адвокатска фирма
не сте го запишале своето име туку туѓо.
- Ве покануваме веднаш да ја отстраните од својата адвокатска канцаларија фирмата која не одговара на името
под кое сте запишани во именикот на адвокатите и за тоа да
ја известите Комората во рок од пет дена, по приемот на актот со објаснување што Ве раководело да истакнувате
ваква фирма“.
---------------------------------------------------------------------------
(одговор) - “До Адвокатската комора - Скопје
-Во ниеден законски пропис не е предвидено истакнување на адвокатска фирма, па сепак, речиси сите адвокати имаат
свој фирми. Фирма не истакнуваат адвокати на кој не им са потребни клиенти,кој работат по кафеани или дома, или пак толку се прочуени што публиката ги наоѓа без фирма во нивната канцаларија. Јас не припаѓам на ниедна од овие категории, па затоа истакнав фирма со натписот:
- Васил. Стефановиќ адвокат.
Публиката обрна внимание на мојата канцаларија и јас ја постигнав својата цел. Навистина, ја загубив Народна банка
како клиент, но затоа се здобив со многу ситни луѓе на кои им е потребен мојот утешен збор и охрабрување, ако не и вистинска помош.
Се одеше добро што се однесува до работата и клиентите за еден скромен човек, но на секого, без разлика му пречеше точката на фирмата. Бидеиќи сите ѓраѓани што доаѓаа во допир со мене се изјаснија против точката, а и мене лично почна да ми пречи бескрајната дискусија околу точката, решив да ја избришам точката како непотребна дамка во очите на граѓаните, која го валка моето име.
Така “радикално“ пречистив со точката која стоеше на мојата фирма. Тоа се моите побуди што ме раководеа да ја елиминирам точката, има и други.
- Сите во моето село, каде сум роден ме викаат Васил,а исто така во околината и во цела Македоноја.
...Јас, инаку на никого ништо не му префрлувам, но затоа не допуштам мене некој да ми префрлува а преку тоа уште и да ми наредува да ја симнувам фирмата која на некого не му се допаѓа.
-На Адвокатската комора пак и ставам на знаење дека мене
мојата фирма ме чини нешто и дека ми треба, па затоа нема да ја симнувам.Со фирмата на никого не му се преставувам официјално за зпишување во службените книги. Па со фирмата само му се прикажувам на народот на кого сум му потребен како човек и како адвокат онака како што народот го изговара и употребува моето име Васил“.
- Благодарам.
---------------------------------------------------------------------------------
извор: излагање од научниот собир 13- 14 јуни 1972 г.Скопје
- Скопје во НОВ 1941 Стоилко Ивановски стр. 387
вски стр. 387