Ако би требало да бирам помеѓу боите би одбрал ЦРНА.Еве и зошто:
Црна - оваа боја е симбол за нечисто,мрачно,осамена исполнетост во темнината...ја носат луѓе кои носат омраза или пак болка.Затоа кога се оди на погреб или некој тажен настан се облекува претежно црно.Јас ја обожавам црната боја бидејќи на некој начин ја симболизира нечистотијата која длабоко лежи во мене...
Бела - симболички гледано белата боја изкажува чистина,убавина,грациозност и е една
од најдрагите бои на скоро секој човек на планетава.Секоја невеста е облечена во бел фустан...
Зелена - симбол за свежо,недоздреано,природно а карактерно преставува несигурност...
Сина - исто и оваа боја си има своја симболика.Преставува сигурност.Поради тоа многу знамиња ја преовладуваат плавата боја во нив пр:европската унија има плава позадина,југославија имаше сина боја,исто и многу други.
Жолта - оваа боја ми е напроблематична за толкување.Но сепак симболички означува пригусена светлина,разумност...Сонцето е жолто,лимонот е жолт па и кајгана форумот е жолт.
Црвена - оваа боја верувам дека потсвесно ви е многу секси и омилена на многумина само што свесно несакате да си признаете.Црвената боја е огромен симбол на љубов,страст,крв...ја има насекаде околу нас како и сите други бои и навистина делува моќно на нас.
Ова се само лично мои размислувања.Ако има некој нешто да додаде слободно нека прокоментира.